Мајкл Б. Џордан
Мајкл Бакари Џордан (роден на 9 февруари, 1987 во Санта Ана, Калифорнија, САД) — американски актер. Неговите улоги во телевизиските серии досега се Ист Дилан во Средно училиште, квортербекот Винс Хауард во Светлата во петок навечер, тинејџерот дилер на дрога Валас во Жицата, Реџи Монтгомери во Сите мои деца, и Алекс во Родители .
Мајкл Б. Џордан | |
---|---|
Роден(а) | Мајкл Бакари Џордан |
Занимање | глумец, продуцент |
Активен | 1999-денес |
Во филмовите, тој ја играл улогата на жртвата на напади од оружје Оскар Грант во филм со позитивна критика Станицата Фруитвејл (во 2013 година), Човекот-факел во филмот од 2015 Фантастична четворка, и Адонис Крид во продолжението на Роки филмот Крид (2015). Другите филмски улоги му биле во Црвени опашки (2012), Хроника (2012) и Тој незгоден момент (2014).
Животопис
уредиЏордан е роден во Санта Ана, Калифорнија, како син на Дона, уметник и советник по оваа насока во средно училиште, и Мајкл Џордан, вработен во ресторан.[1][2][3] Тој средното по возраст од трите деца покрај постарата сестра, Жамила, кој работи во производство, и помалиот брат, Калид, кој бил фудбалер на Универзитетот Хауард.[4] Семејството на Џордан поминало две години во Калифорнија[5] пред да се преселат во Њуарк, Њу Џерси.[1] Тој учел во Уметничкото средно училиште во Њуарк, каде што неговата мајка работела, и каде што тој играл кошарка.[1] Средното име на Џордан, "Бакари", е од Свахилскиот јазик за "благородно ветување."[6]
Кариера
уредиЏордан не планирал да навлегува во глумецството, иако тој имал некои кампањи за моделирање за локалните компании,[7] како ако и за Modells и Toys "R" Us.[8]
Џордан ја започнал својата кариера како професионален глумец во 1999 година, кога тој се појави накратко во по една епизоди од сериите Козби и Сопранови.[1] Неговата прва филмска улога дошла во 2001 година, кога тој бил вклучен во Хардбол , во кој глумел и Кијану Ривс. Во 2002 година, тој добил повеќе внимание играјќи ја малата, но клучна улога на Валас во првата сезона на ХБО филмот Жицата. Во март 2003 година, тој се приклучил на кастингот за Сите мои деца играјќи ја улогата на Реџи Портер, проблематичен тинејџер, сè до јуни 2006 година, кога Џордан бил ослободен од неговиот договор.[9]
Џордан имал и неколку настапи како гостин во сериите Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас,[10] Без трага и Заборавен случај. Потоа, тој ја имал главната улога во независниот филм Blackout и глуми во Асистенти. Во 2008 година, Џордан се појавува во музичкиот спот "Did You Wrong" на R&B изведувачот Pleasure P. Во 2009 година, тој играл како гостин во серијата Одстрел во епизодата "Hot Spot", играјќи улога на фудбалер кој игра за средното училиште но кои исто така влегол во тепачка и сега е прогонуван од страна на локалниот мафијаш. Во 2010 година, тој повторно како гостин играл во Закон и ред: Злосторски намери во епизодата "нехумано општество".
Во 2009 година, Џордан почнал да глуми во драмата на NBC Светлата во петок навечер како квортербекот Винс Хауард, и живеел во стан во Остин каде што се одржало снимањето на серијата.[11] Тој го играл ликот две сезони сè до завршувањето на шоуто во 2011 година.[12] Во 2010 година, тој бил прогласен за едно од 55-те лица на иднината според Магазинот Најлон, списание за Младите глумци во Холивуд.[13][14] Таа година, тој добил повремена улога во новата серија на NBC Родители играјќи го Алекс (љубовта на Хади Баверман).[15] Со ова тој ја направил својата втора соработка со продуцентот Џејсон Катимс, кој бил задолжен и за Светлата во петок навечер. Потоа, BuddyTV го рангира на #80.место на својата список на "најсекси мажи од на ТВ за 2011 година".[16] Џордан исто така го има и позајмено својот глас на ликот Џек од Xbox 360 играта, Gears of War 3.[17]
Во 2012 година, Џордан се појавил во филмот на продуцентот Џорџ Лукас - Црвени опашки[18] и одигра една од главните улоги во филмот Хроника, во кој тројца тинејџери развиваат натчовечки способности.[19] Тој, исто така гостувал во една епизода на серијата Доктор Хаус од последната сезона, играјќи слеп пациент.[20] Во 2013 година, Џордан го доживеал најголемиот успех во својата кариера дотогаш играјќи ја главната улога во филмот Станицата Фруитвејл, Оскар Грант, во режија на Рајан Куглер. Неговиот настап бил добро примен, а филмски критичар за Холивуд репортер Тод МекКарти пишува дека тој го потсетил на "Дензел Вашингтон како млад".[21] По неговиот настап во Станицата Фруитвејл, Џордан бил именуван како еден глумец на кој треба да се обрне внимание во иднина од страна на списанјата People и Variety.[22][23]
Потоа Џордан глумел во Тој незгоден момент, заедно со Зак Ефрон и Мајлс Телер, кој излегол во 2014 година.[24] Во 2015 година, тој ја ограл улогата на Џони Сторм, Човекот-факел во филмот Фантастичната четворка.[25][26][27]
Голем успех Џордан доживеал играјќи ја улогата на Адонис Крид, синот на боксерот Аполо Крид во продолжението на Роки Крид (2015), филм во режија на Рајан Куглер во кој глуми заедно со Силвестер Сталоне.[28] Џордан се подготвувал за неговата улога како боксер во Крид, со преземање на ригорозeн физички тренинг и адстрингентно исхрана со малку маснотии во период од речиси една година.
Филмографија
уредиФилмови
уредиГодина | Наслов | Улога | Инфо |
---|---|---|---|
1999 | Црно и бело | Тин #2 | |
2001 | Хардбол | Џамал | |
2007 | Blackout | Си-Џеј | |
2009 | Пастор Браун | Тарик Браун | |
2012 | Црвени опашки | Морис 'Бампс' Вилсон | |
Хроника | Стив Монтгомери | ||
2013 | Станицата Фруитвејл | Оскар Грант | |
Лига на правдата: Жариштето Парадокс | Виктор Стоун / Киборг | гласовна улога | |
2014 | Тој незгоден момент | Мики | |
2015 | Фантастична четворка | Џони Сторм / Човекот-факел | |
Крид | Адонси "Дони" Џонсон Крид | ||
2018 | Црниот Пантер | Н'Џадака / Ерик "Килмонгер" Стивенс | |
Кин | Чистач | ||
Крид 2 | Адонис "Дони" Џонсон Крид | ||
2020 | Just Mercy | Брајан Стивенсон | Post-production |
Телевизија
уредиГодина | Наслов | Улога | Инфо |
---|---|---|---|
1999 | Сопранови | Риделанд Кид | Епизода "Down Neck" |
Козби | Мајк | Епизода: "The Vesey Method" | |
2002 | Жицата | Валас | 11 епизоди |
2003–06 | Сите мои деца | Реџи Портер Монтгомери | |
2006 | Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас | Морис | Епизода: "Poppin' Tags" |
Без трага | Џеси Луис | Епизода: "The Calm Before" | |
2007 | Заборавен случај | Мајкл Картер | Епизода: "Wunderkind" |
2009 | Одстрел | Кори Јенсен | Епизода: "Hot Spot" |
Коски | Пери Вилсон | Епизода: "The Plain in the Prodigy" | |
Асистентите | Нејт Ворен | 13 епизоди | |
2009–11 | Светлата во петок навечер | Винс Хауард | 26 епизоди |
2010 | Закон и ред: Злосторски намери | Дани Форд | Епизода: "Inhumane Society" |
Лажи ме | Ки | 2 епизоди | |
2010–11 | Родители | Алекс | 16 епизоди |
2012 | Доктор Хаус | Вил Вествуд | Епизода: "Love Is Blind" |
Каунти | Тревис Хенкок[29] | Unaired TV pilot[30] | |
2015 | Running Wild with Bear Grylls | Гостин | Сезона 2 епизода 7 |
Видео игри
уредиГодина | Наслов | Улога | Инфо |
---|---|---|---|
2011 | Gears of War 3 | Џек Стратон | гласовна улога |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Politi, Steve (July 15, 2011). „Politi: 'Friday Night Lights' is over, but Newark's Michael B. Jordan is just getting started“. NJ.com. Посетено на August 3, 2011.
- ↑ Tharp, Sharon (July 15, 2011). „Interview: 'Friday Night Lights' Star Michael B. Jordan Opens Up About Series Finale“. Ology. Архивирано од изворникот на 2011-07-23. Посетено на August 3, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Buckley, Cara (2015-10-28). „Michael B. Jordan Gives Millennials Their 'Rocky' With 'Creed'“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 2015-10-29.
- ↑ Friedman, Jackie (February 3, 2010). „Tap-dancing, Howard-bound lineman Khalid Jordan first from Arts High to earn full athletic scholarship“. NJ.com. Посетено на June 16, 2013.
- ↑ Bronner, Sasha (January 23, 2013). „Michael B. Jordan, 'Fruitvale' Star, Reveals His Early Tap Dancing Roots (PHOTOS)“. The Huffington Post. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ „Ten Things You Didn't Know About Michael B. Jordan | Celebrities“. BET. Посетено на 2014-01-22.
- ↑ Morales, Wilson (September 2002). „On His Own : An Interview with Michael B. Jordan“. blackfilm.com. Посетено на August 4, 2011.
- ↑ Kaufman, Amy; Horn, John (January 22, 2013). „Are they the Sundance Film Festival's next finds?“. Los Angeles Times. Посетено на June 16, 2013.
- ↑ Kroll, Dan J. (August 25, 2006). „Jordan out, Reggie to remain "missing"“. Soapcentral. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ „Photos/ CSI Guest Stars: Celebrity DNA - Michael B. Jordan“. E! Online. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ Koski, Genevieve (July 15, 2011). „Interview Michael B. Jordan“. The A.V. Club. Посетено на August 4, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Ausiello, Michael (August 17, 2009). „Exclusive: 'Friday Night Lights' drafts Michael Jordan!“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-01-08. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ „YOUNG HOLLYWOOD 2010 PREVIEW“. Youtube. April 20, 2010. Посетено на August 5, 2011.
- ↑ „Nylon Magazine: Young Hollywood Issue“. The CR Journal. May 18, 2010. Посетено на August 5, 2011.
- ↑ Keck, William (August 13, 2010). „Keck's Exclusives: Friday Night Lights' Quarterback to Romance Parenthood Daughter“. TV Guide. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ „TV's 100 Sexiest Men of 2011“. BuddyTV. Посетено на March 9, 2012.
- ↑ „Michael B Jordan replaces Drake as Jace in Gears of War 3“. N4G.com. April 22, 2011. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ Clark, Krystal (April 6, 2009). „George Lucas Finally Casts Red Tails“. ScreenCrave. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ „'Chronicle' Trailer: Teens Become Superheroes“. The Huffington Post. October 19, 2011. Посетено на October 23, 2011.
- ↑ Ng, Philiana (January 3, 2012). „'Friday Night Lights' Actor Lands Guest Role on 'House'“. The Hollywood Reporter. Посетено на January 5, 2012.
- ↑ McCarthy, Todd (January 20, 2013). „Fruitvale: Sundance Review“. The Hollywood Reporter. Посетено на June 16, 2013.
- ↑ Jordan, Julie (October 10, 2013). „PEOPLE's Ones to Watch: Andy Samberg, Sam Claflin & More Top This Year's List“. People (magazine). Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на October 10, 2013.
- ↑ Kaufman, Anthony (October 9, 2013). „10 Actors to Watch: Michael B. Jordan Arrives With 'Fruitvale Station'“. Variety. Посетено на October 10, 2013.
- ↑ „Castings: 'Are We Officially Dating?' And 'The Truth About Lies'“. Deadline.com. PMC. November 9, 2012. Посетено на June 16, 2013.
- ↑ „Michael B. Jordan Signed On For 'Fantastic Four'“. vibe. October 21, 2013.
- ↑ Kroll, Justin (February 19, 2014). „'Fantastic Four' Cast Revealed“. Variety. Посетено на February 20, 2014.
- ↑ „Fox Looking To Dump Fantastic Four Director, Screenplay And Recast, Six Months Before They Are Due To Shoot (UPDATE)“. Bleeding Cool. March 14, 2014. Посетено на March 14, 2014.
- ↑ „BREAKING NEWS re: Creed Movie - Michael B. Jordan and Sylvester Stallones - SPOILER ALERT“. phillychitchat.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на February 24, 2015.
- ↑ Rose, Lacey; Goldberg, Lesley (February 10, 2012). „'Parenthood' Reunion: Michael B. Jordan to Co-Star in Jason Katims/Jason Ritter Drama“. The Hollywood Reporter. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ Andreeva, Nellie (May 10, 2012). „Where Are NBC's 'The Office', 'Parks & Recreation' And 'Up All Night' Renewals?“. Deadline.com. PMC. Посетено на June 17, 2013. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help)
Надворешни врски
уреди- Мајкл Б. Џордан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)