Маврициус
Маврициус (француски: L'île Maurice), официјално Република Маврициус (République de Maurice) — островска држава во Индискиот Океан, околу 900 км источно од Мадагаскар. Во рамките на територијата на Маврициус спаѓаат и островите Каргадос Карахос, Родригес и Агалега. Маврициус е дел од Маскаренските Острови, заедно со францускиот остров Реинион кој е оддалечен 200 км на југозапад и островот Родригес кој се наоѓа 570 км на североисток. Маврициус е познат како дом на изумрената птица додо.
Република Маврициус République de Maurice |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Stella Clavisque Maris Indici" (латински) "Ѕвезда и клуч на Индискиот Океан" |
||||||
Химна: Татковина |
||||||
Главен град (и најголем) | Порт Луј 20°10′S 57°31′E / 20.167° ЈГШ; 57.517° ИГД | |||||
Службен јазик | англиски[1][2][3] | |||||
национален јазик | креолски | |||||
Демоним | маврициец | |||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Анеруд Џугнаут | ||||
• | Премиер | Навин Рамгулам | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 12 март 1968 | ||||
• | Република | 12 март 1992 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 2,040 км2 (179-та) | ||||
• | Вода (%) | 0.05 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 1,264,866 (151-ва) | ||||
• | Попис | [1] | ||||
• | Густина | 616 жит/км2 (18-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $15.248 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $11,991[4] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $8.738 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $6,872[4] | ||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.771[5] висок · 63та |
|||||
Валута | Маврициска рупија | |||||
Часовен појас | MUT (UTC+4) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+5[6]) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .mu | |||||
Повик. бр. | 230 |
Историја
уредиДржавата и островот Маврициус го добиле името во 1598 година, кога холандски морепловци за првпат пристигнале на островот и ја основале првата постојана населба на островот. Островот е наречен според принцот Морис Орански од Холандија. Се смета дека островот им бил познат на Арапите и на Австронезиците уште во 10 век. Португалците за првпат го посетиле островот во 1507 година, но го оставиле ненаселен.
Холандски Маврициус (1638-1710)
уредиТри брода од холандската морнарица кои тргнале низ Индискиот Океан биле случајно упатени кон Маврициус и пристигнале на островот во 1598 година. Тие го именувале островот според Принцот Морис Орански. Во 1638 година, Холанѓаните за првпат основале населба на островот.
Француски Маврициус (1715-1810)
уредиНеколку декади подоцна, Холанѓаните го напуштиле островот и него го зазела Франција во 1715 година. Островот станал просперитетна колонија на Француската источноиндиска компанија. Во 1767 година, француската влада целосно ја зазела управата над островот, кој бил претежно користен како база во времето на Наполеоновите војни.
Британски Маврициус (1810-1968)
уредиВо 1810 година, островот бил заземен од Велика Британија. Сепак, францускиите институции на островот биле сочувани, а францускиот јазик и денес е пораспространет од англискиот.
Независност (од 1968)
уредиВо 1968 година, Маврициус станал независна држава.
Географија и клима
уредиЗаедно со Реинион и Родригес, Маурициус е дел од Маскаренските Острови. Овој архипелаг бил формиран од серија вулкански ерупции. Тие веќе не се вулкански активни. Островот Маврициус се формирал околу централно плато, со највисок врв Питон де ла Ривиере Ноар во југозападниот дел од островот со 828 метри. Првичниот кратер сè уште може да се разликуваат од повеќето планини.
Локалната клима е тропска, зимите се суви од мај до ноември и со топли лета од ноември до мај. Главниот град на државата, Порт Луј, се наоѓа во северозападниот дел.
Политички систем
уредиВладата на Маврициус се избира за мандат од пет години. Последните парламентарни избори се одржале на 3 јули 2005. Историски гледано, изборите во Маврициус имаат тенденција да бидат натпревар помеѓу две големи коалиции на партии. Во меѓународните односи, Маурициус е дел од Комисијата за Индискиот Океан, Заедница за развој на Јужна Африка, на Обединетите нации и членка на Франкофонијата.
Војска и полиција
уредиМаврициус нема постојана војска. Сите, војската, полицијата и безбедносните функции се извршувани од страна на 10.000 вработени лица под команда на комесарот за полицијата. Овој персонал се состои од 8 000 членови на Националната полиција, кој е одговорен за спроведување на закони, и 1 500 членови за специјалните мобилни сили (СМС), како и 500 членови на Националната гарда за крајбрежјето.
Административна поделба
уредиСамиот остров е поделен на девет окрузи:
- Блек Ривер (округ) (главен град: Бамбус)
- Флак (главен град: Центер де Флак)
- Гранд Порт (главен град: Махебург)
- Мока (главен град: Квартер Милитер)
- Памплемусе (главен град: Триолет)
- Плеинс Вилхемс (главен град: Бо Басен и Розе-Хил
- Порт Луј (главен град на државата)
- Ривиер Ремпар (главен град: Мапу)
- Саван (главен град: Суилак)
- Агалега, два мали острова, околу 933 км северно од Маврициус.
- Каргадос Карахос, остров, околу 402 км северно од Маврициус.
Зависни територии
уредиМаврициус тврди дека следните територии се под нивна управа:[7]
Стопанство
уредиУште од својата независнот во 1968 година, Маврициус се развил од нископриходна земјоделска економија во средноразвиена економија со развој на индустрискиот и туристичкиот сектор. Годишниот развој на земјата изнесува од 5 до 6 проценти. Ова резултирало со зголемен стандард на живеење, подобрување на инфраструктурата и подобрување на човековото здравје.
Население, јазик и религија
уредиСе проценува дека населението на Маврициус изнесува 1 264 867 жители при што на островот Маурициус живеат 1 227 078. Инаку, населението на Маврициус вклучува луѓе од различни етнички групи, претежно потомци на луѓето од континентална Африка.
Хиндусите сочинуваат 52 % од вкупното население, католиците 28,4 % и муслиманите 16,6 %, додека 3 % од населението отпаѓа на останатите религии.
- Христијани - 328 900
- Муслимани - 217 100
- Без религија - 7 800
- Хиндуисти - 733 200
- Народна религија - 9 100
- Други - 3 900
Францускиот и англискиот јазик, кои долго време уживале поголем социјален статус, се фаворизираат во образованието и во професиите. Исто така, повеќето весници и медиуми се на француски јазик. Маврицискиот креолски јазик, кој го зборуваат 90 проценти од населението, се смета за мајчин јазик на земјата и е главно користен во неформалната комуникација.
Култура
уредиКујната на Маврициус е мешавина на индиската, локалната, кинеската и европската кујна. Производството на рум е широко распространето на островот. Уште од населувањето на островот, шеќерот бил главна земјоделска култура.
Локалната музика се нарекува „сега“ и има африкански корени.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Историја на Маврициус и Родригес[мртва врска]
- Влада на Маврициус Архивирано на 3 февруари 2008 г.
- Туристички водич за Маврициус Архивирано на 12 септември 2009 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Маврициус“ (англиски)
- Маврициус на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
Наводи
уреди- ↑ „Article 49 of The Constitution“. National Assembly of Mauritius. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2009-02-08.
- ↑ „Republic of Mauritius, Government Portal (Mauritius)“. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2009-05-21.
- ↑ Mahadeo, S. K. (2004). "History of English and French languages in Mauritius: A study in language and power" Архивирано на 22 април 2009 г.. The International Journal of Language Society and Culture, 14. Посетено на 2009-05-20.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Mauritius“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-04-22.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Mauritius turns the clock forward in October 2008
- ↑ „CIA - The World Factbook -- Mauritius“. CIA. Архивирано од изворникот на 2018-12-11. Посетено на 2007-11-194. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)