Црква „Св. Атанасиј“ - Галиште

црква во Галиште, Кавадаречко

Св. Атанасијправославна црква во кавадаречко село Галиште. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Атанасиј
македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°19′13″N 22°06′29″E / 41.32028° СГШ; 22.10806° ИГД / 41.32028; 22.10806
Место Галиште
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Атанасиј Александриски
Изградба XVII век
Архитектонски опис

Црквата се наоѓа југозападно од селото, кое практично е напуштено. За изградбата и зографисувањето неама никакви податоци. Храмот има две фази на изградба. Старата црква на исток е со мали димензии, еднокорабна и градена од кршен камен, без украси по фасадите. Се претпоставува дека е подигната кон крајот на XVII век. Изградена е врз остатоци од постарата црква, судејќи по живописните фрагменти, вѕидани заедно со градежниот материјал. Во 1934 г. е дограден нов дел со цел да се прошири и продолжување на старата црква, при што е срушен западниот ѕид на старата црква, а стариот фрескопис е одново пресликан.[1][2][3] Од старите фрески зачувани се комјпозицијата на Големиот влез, Богородица Ширшаја небес, Видението на Петар Александриски и архиѓаконите Свети Роман и Свети Стефан. Според овие зачувани фрески заклучено е дека нивниот авторот спаѓа во групата на послаби зографи од крајот на XVII век. Сликарството и боите се слаби, без прецизност и нијанси.[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Маренска парохија“. Повардарска епархија. 3 јуни 2008. Посетено на 18 февруари 2014.
  2. „Црква Св. Атанасиј, с. Галиште“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 28 феврурари 2014. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Галиште (Galiste) село во Тиквешко Мариово“. Итар Пејо. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 3 март 2014.
  4. „Св. Атанасиј, с. Галиште“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 22 мај 2016.[мртва врска]