Црква „Св. Богородица“ - Фариш

црква во селото Фариш

Света Богородица — главна селска црква во селото Фариш.[1] Сместена е во западниот дел од селото, на стрмна падина на левиот брег на Фаришка Река.[2] Во дворот на црквата е погребан македонскиот револуционер Пере Тошев, кој бил убиен на 4 мај 1912 во Дреновската Клисура, на пат од Градско кон Прилеп.

Света Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Повардарска
Архијерејско намесништво Кавадаречко
Парохија Маренска
Местоположба

Карта

Координати 41°27′13″N 21°47′52.5″E / 41.45361° СГШ; 21.797917° ИГД / 41.45361; 21.797917
Место Фариш
Општина Кавадарци
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1873
Архитектонски опис

Историја

уреди

Според натписи во самата црква, истата потекнува најмалку од 1873 година.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата претставува еднокорабен храм со апсида украсена со слепи ниши на источната страна. Западниот ѕид на црквата е насликан од надворешната страна, каде што се наоѓа влезот во храмот, а до него е доградена припрата. Внатрешноеста на црквата е богато зографисана, така што целосно се насликани ѕидовите во наосот и олтарот, а украсени се и столбовите, капиителите и прозорците. Иконостасот е со ретки димензии и е целосно украсен со икони, така што оние во основниот ред се поголеми од оние во двата повисоки реда. Во горниот дел од иконостасот има крст со Христовото распетие.[2]

Камбанаријата е сместена во близина на југоисточниот агол на црквата. Таа се состои од два дела, од кои долниот има квадратна, а горниот осумаголна основа.

Живопис

уреди

Од неколку натписи на иконите и фрескоживописот на повисокиот дел од ѕидовите се забележливи најмалку две имиња на мајстори од Дебарската школа. Првото име е она на Никола Крстев од Лазарополе кое се споменува на левиот влез во олтарот, во долниот дел од вратничката на царските двери од иконостасот каде што е насликан Архангел Михаил, а како година на неговиот престој се наведува 1880.

Оваа икона ја приложи Јован, Неда, Силјан, Стојанка, Ангеле да им е напомош.
1880: Април = 18 г, Зуграф Никола Крстев од Лазарополе.

Второто име се споменува на помал натпис од повисоките делови на живописот во црквата, во северниот дел близу до сводот, на циклус со две фрески – првата е „Христос ги буди апостолите од сон“, а втората „Молитва Христова“. Во левиот агол од овој циклус стои натписот:

Из руки Петре Дебранец
От село Тресоче
1873.

Натписи се среќаваат и на други места од живописот, така што можно е да има и потпис од некои други зографи. Голем е бројот на натписи на жители од селото кои помагале во уредувањето на црквата.[2]

Фрескописот на западниот ѕид од надворешната страна е во лоша состојба и на него може да се забележат само неколку избледени фрески меѓу кои е и „Страшниот суд“. Во лоша состојба се и фреските во внатрешноста на црквата, а меѓу сликите кои се зачувани во добра состојба се издвојвуаат „Раѓањето Христово“, „Сретението Христово“, „Враќањето на Лазар од мртвите“, „Свето прееображение“, „Ангел да му се јави на Захарија во олтарот“, „Вознесение Христово“, „Христос ги буди апостолите од сон“, „Молитвата Христова“, „Цветоносната недела“ и „Тајната вечера“. Особено избледнети се фреските насликани во пониските делови на јужниот и северниот ѕид. Таванот исто така е во лоша состојба, а на него е претставена ѕвезденото небо со вообичаените мотиви на Христос Седржител и Богородица Ширшаја. Сводот е во полуразрушена состојба и голем дел од неговиот фрескопис е уништен.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 62. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Д., Т.. „Раскошот и пустошот на црквата „Св. Богородица“ во село Фариш, Кавадаречко“. Портал Пелагон. 17 август 2018.

Надворешни врски

уреди