Мали оддалечени острови на САД
Мали оддалечени острови на САД (англиски: United States Minor Outlying Islands) — осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Сераниља, но тие се предмет на спорување од страна на други земји.
Мали оддалечени острови на САД United States Minor Outlying Islands
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: In God We Trust (официјално) (лат. „Веруваме во Бога“) E Pluribus Unum (традиционално) (лат. „Од многуте, едно“) |
||||||
Химна: Star Spangled Banner |
||||||
Главен град | нема - под централна управа на Вашингтон | |||||
Најголем village | островот Вејк | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
Демоним | Американец, Островјанин | |||||
Уредување | ||||||
• | Претседател | Барак Обама (Д) | ||||
• | Управник | нема | ||||
• | Намесник | нема | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 34,2 км2 (190та) | ||||
• | Вода (%) | 88.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 300 (232ра) | ||||
• | Попис 2000 | 316 | ||||
• | Густина | н/п жит/км2 (н/п) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2003 г. | |||||
• | Вкупен | н/п (2005)1 (н/п) | ||||
• | По жител | 46,381 (САД)(2005)1 (6) | ||||
Валута | американски долар (USD ) |
|||||
НДД | .us .um (повлечен во 2008). |
|||||
1. | 2000. |
Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.[1] Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.[2][3]
Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја.
Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.[4]
Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK.
Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони.
Острови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Попис на САД 2000: Преглед — вид. Табела I (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Служба за островски работи: Бејкеров Остров и Хауленд - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-04-19. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ 3,0 3,1 „Служба за островски работи: Џарвис - Историја“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ Џезданан, Еник (24 јануари 2007). „Укинат неискористениот домен за американските острови“. MSNBC. Посетено на 28 септември 2007. (англиски)
- ↑ „Presidential Proclamation 8336“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Неделен зборник на претседателски документи: понеделник, 12 јануари 2009, Том 45—Број 1, стр. 14“ (PDF). Служба за владино издаваштво на САД. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-01. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Office of Insular Affairs: Johnston Island - History“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2012-03-14. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Извршна наредба 13022: Управување со Мидвејските Острови“. Служба за заштита на риболовот и дивите животни на САД. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3223“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2019-01-07. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3224“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
- ↑ „Department of the Interior: Secretary's Order #3210“. Министерство за внатрешни работи на САД. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 10 јуни 2011. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Мали оддалечени острови на САД - WorldStatesmen (англиски)
- Резервати на дива природа на тихоокеанските острови Архивирано на 30 мај 2020 г. (англиски)
- Резервати на дива природа на американските тихоокеански острови Архивирано на 16 јули 2017 г. - Книга на факти на ЦИА (англиски)