Хавајски Oстрови
Хавајските Острови се архипелаг од 8 поголеми острови, неколку атоли, и голем број на мали островчиња и подводни планини кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот Океан. Целиот архипелаг се протега во должина од 2400 км од Хаваи (островот) на југ, до атолот Куре кој се наоѓа на најсеверниот дел од архипелагот. Порано оваа група на острови од Европејците и Американците била нарекувана Сендвич Острови (англ. Sandwich Islands). Името им било дадено од страна на Џејмс Кук, во чест на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич. Сегашното име на архипелагот Хаваи е име и на најголемиот остров на архипелагот.
Познат и како Mokupuni o Hawai‘i | |
---|---|
Сателитска снимка на Хавајските Острови | |
Географија | |
Место | Тихи Океан |
Вкупно острови | 137 |
Највисока точка |
|
Држава | |
Сојузна држава | Хаваи |
Најголема населба | Хонолулу |
Хавајската монархија била соборена во 1893 година од богатите европски и американски доселеници на островите.[1] Била воспоставена република, и покрај спротставувањето на поголемиот дел од хавајскиот народ.[2] Доселениците во 1898 година успешно се договриле со САД за анексија на островите.[3] Хавајските острови се прогласени за најмлада, 50–та држава на САД, и тука спаѓаат скоро сите острови на хавајскиот архипелаг, вклучувајќи ги и ненаселените Северозападни Хавајски Острови, освен Мидвејски Атол кој е неинкорпорирана територија на САД во склоп на Малите оддалечени острови на САД.
Хавајските острови се издигнати врвови на големиот подводен планински венец, кој бил формиран од вулканската активност на врелите точки на обвивката на Земјиното јадро. Островите се оддалечени 3000 км од најблиското копно.
Острови и гребени
уредиЏејмс Кук дошол на островот на 18 јануари 1778 година и ги нарекол Сендвич острови, според името на Џон Монтагу, четвртиот ерл од Сендвич, кој како прв лорд во Адмиралитетот[4] ја спонзорирал експедицијата на Кук. Ова име останало во употреба сѐ до 1840 година, кога постепено било заменето со локалното име Хаваи.[5]
Површината на целиот архипелаг изнесува 16636,5 км2, со исклучок на Мидвејскиот Атол.[6]
Главни острови
уредиАрхипелагот има осум големи острови, кои се нарекуваат уште и Хавајски ветровити острови. Сите острови се населени, освен островот Кахоолаве.[7]
Остров | Друго име | Површина | Население (во 2010 г.) |
Густина | Највисок врв | Висина | Геолошка
старост (Ma)[8] |
Локација |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Хаваи[9] | Големиот Остров | 10432,5 км2 | 185079 | 17,7407/км2 | Mauna Kea | 4205 m | 0,4 | 19°34′N 155°30′W / 19.567°N 155.500°W |
Мауи[10] | Заливскиот Остров | 1883,4 км2 | 144444 | 76,692/км2 | Haleakalā | 3055 m | 1,3–0,8 | 20°48′N 156°20′W / 20.800°N 156.333°W |
Оаху[11] | Местото на собирање | 1545,4 км2 | 953207 | 616,78/км2 | Mount Kaʻala | 1220 m | 3,7–2,6 | 21°28′N 157°59′W / 21.467°N 157.983°W |
Кауај[12] | Островот Градина | 1430,5 км2 | 66921 | 46,783/км2 | Kawaikini | 1598 m | 5,1 | 22°05′N 159°30′W / 22.083°N 159.500°W |
Молокај[13] | Пријателскиот Остров | 673,4 км2 | 7345 | 10,9074/км2 | Kamakou | 1512 m | 1,9–1,8 | 21°08′N 157°02′W / 21.133°N 157.033°W |
Ланај[14] | Островот Ананас | 363,9 км2 | 3135 | 8,615/км2 | Lānaʻihale | 1026 m | 1,3 | 20°50′N 156°56′W / 20.833°N 156.933°W |
Ниихау[15] | Забранетиот Остров | 180,0 км2 | 170 | 0,944/км2 | Mount Pānīʻau | 381 m | 4,9 | 21°54′N 160°10′W / 21.900°N 160.167°W |
Кахоолаве[16] | Целниот Остров | 115,5 км2 | 0 | 0/км2 | Puʻu Moaulanui | 452 m | 1,0 | 20°33′N 156°36′W / 20.550°N 156.600°W |
Помали острови
уредиПомали острови, атоли, и гребени (сите западно од Нихоа се ненаселени) се дел од Северозападните Хавајски Острови:
- Нихоа (Мокумана)
- Некер (Мокуманамана)
- Француски Фригат Шолс (Канемилохаи)
- Гарднер Пинаклс (Пухахону)
- Гребенот Маро (Налукакала)
- Лајсан (Кауо)
- Лисјански Остров (Папа апохо)
- Перл и Хермес Атол (Холоикауауа)
- Мидвејски Атол (Пихеману)
- Куре Атол (Мокупапапа)
Островчиња
уредиХавајските Острови бројат 137 острови во хавајскиот ланец. Во овој број се вклучени сите мали острови и островчиња, или многу мали острови, надвор од главните острови (наведени погоре) и поединечните островчиња на секој атол. Подолу се наброени само неколку:
- Форд Остров (Мокуумеуме)
- Лехуа
- Куала
- Каохикаипу
- Манана
- Моколеа
- На Мокулуа
- Молокини
- Моколии
- Моку Мана
- Моку Ола (Кокосови Острови, Хаваи)
- Моку о Лое (Кокосови Острови, Оаху)
- Песочен Остров
- Тревен Остров
Геологија
уредиОвој синџир на острови е дел од Тихоокеанската Плоча, која се движи полека кон северозапад, преку врелите точки на обвивката на Земјиното јадро, со брзина од 51 км во милион години. Поради тоа југоисточните острови се вулкански активни, додека островите на северозападниот крај од архипелагот се геолошки постари и помали по површина, што се должи на нивната изложеност на ерозија. Староста на архипелагот е утврдена со користење на калиум-аргон методата.[18] Од ова мерење, и други слични,[19][20] било утврдено дека најсевероисточниот остров, атолот Куре, е најстар и има околу 28 милиони години, додека најјугоисточниот остров, Хаваи, е стар околу 400 000 години. Единствениот активен вулкан во последните 200 години, наречен Лоихи, се наоѓа на југоисточниот дел на островот Хаваи, и е под нивото на морето, но постојано се издигнува. Хавајската вуканска опсерваторија (англ., Hawaiian Volcano Observatory крат. HVO) на Геолошкиот топографски институт на САД (англ., United States Geological Survey, крат. USGS) комплетно ги документира скорешните вулкански активности и обезбедува слики и толкувања на вулканизмот. Вулканот Килауеја, на островот Хаваи, е континуирано активен од 1983 година.
Скоро целата магма од врелите точки е составена од базалт, така да хавајските вулкани се изградени скоро потполно од овој еруптивен материјал. Освен базалтот, во магмата има многу малку габро и долерит, а нефелинитот се наоѓа екстремно ретко. Најголем број на вулканските ерупции се типични Хавајски ерупции, каде лавата тече од отворот со релативно слаби ерупции.
Островот Хаваи (Големиот остров) — најголемиот и најмлад остров во веригата, а е изграден од пет вулкани. Мауна Лоа зазема околу половина од Големиот остров, и претставува најголемиот штитест вулкан на планетава. Висината, мерена од морското ниво до највисоката точка (врвот), изнесува повеќе од 4 километри; од морското ниво до океанското дно има уште дополнителни 5 километри.[21] Ако се игнорираат континенталните маси, Мауна Лоа би била највисокиот вулкан во Сончевиот Систем, бидејќи е 2 километри повисока од најголемиот вулкан на планетата Марс - Олимп.
Земјотреси
уредиХавајските Острови се сеизмички активно тло, со чести земјотреси, што се должи на вулканската активност. Повеќето од првите документации на земјотреси биле изведени на Хило, од мисионерите Тајтус Коен, Сара Џ. Лиман и нејзиното семејство. Од 1833 до 1896 година, биле пријавувани околу 4-5 земјотреси годишно.[22]
Од сите земјотреси со магнитуда поголема од 3,5 степени според Рихтеровата скала регистрирани во САД, во периодот од 1974 – 2003 година, 7,3% биле регистрирани на Хавајските Острови. Хавајските Острови се трето рангирана држава во САД по број на земјотреси веднаш по Калифорнија и Алјаска.[23]
На 15 октомври 2006 година, на северозападниот брег на островот Хаваи, блиску до Кона регионот, имало земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, а пет минути по првиот следел втор потрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Биле забележани умерени оштетувања на големиот остров. На неколку поголеми автопати имало одрони од карпи, имало прекини на електричната струја со траење од неколку часа до неколку дена, но немало смртни случаи.
На 4 мај 2018 година имало земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во зоната на вулканската активност на Килауеја.
Земјотресите се мониторирани од страна на Хавајската вуканска опсерваторија на Геолошкиот топографски институт на САД.
Цунами
уредиХавајските Острови се често погодени од цунами, кои се предизвикани од земојотресите во Тихиот Океан. Создадените бранови можат да се движат со брзина од 600–800 км/ч и можат да разурнат крајбрежја со голема оддалеченост од епицентарот.
Цунамито може да потекнува и од самиот Хавајски Архипелаг, каде причината се експлозивните вулкански активности. На островот Молокај се случила катастрофална лавина пред повеќе од милион години; ова подводно лизгање на земјиштето најверојатно предизвикало цунами.
Најпогодената населба од цунамија на Големиот Остров е градот Хило, каде големите бранови дополнително се зајакнуваат како резултат на релјефот на заливот Хило. Сите крајбрежни градови на Хавајскиот Архипелаг имаат поставено предупредувачки сирени.
Цунамито кое било предизвикано од земојотресот во Чиле го погодило островот на 27 февруари 2010 година. Благодарение на современата технологија и навременото евакуирање на населението немало поголеми штети.
Цунамито предизвикано од земјотресот во Јапонија ги погодило островите на 11 март 2011 година, но и тогаш последиците биле минимални поради навремено преземените мерки. Штетата од цунамита била проценета на 30,1 милиони долари.[24]
Екологија
уредиОстровите се дом на многу ендемски видови. Првите луѓе кои се населиле на островите, Полинезијците, донеле со себе растенија и животни кои не се автохтони за островите. Во овие страни животински видови спаѓаат стаорците и свињите, кои предизвикале голема штета на автохтоните популации на птици и други животни и растенија. Зголемувањето на човечката популација, заедно со паралелното зголемено уништување на шумите и општо на средината, довело до изумирање на многу видови кои живееле или зависеле од шумскиот хабитат.
Доаѓањето на Европејците на островите имало уште поголемо негативно влијание, посебно поради воведувањето на земјоделството на големи површини и одгледувањето на добиток. За таа цел биле сечени шуми во огромни размери, па бројот на загрозените видови на организми драстично се зголемил. Денес постои список на сите животински видови на Хавајските Острови кои биле истребени.[25] Според податоците од 2009 година, многу од останатите ендемски видови се ставени во групата на загрозени видови.
Национални споменици
уредиНа 15 јуни 2006 година, претседателот на САД, Џ. В. Буш, го прогласил Северозападниот национален споменик на Хавајските Острови (англ. Papahānaumokuākea Marine National Monument) за заштитена зона. Со ова северозападните Хавајски Острови и околната морска површина е прогласена за најголем светски морски резерват на живиот свет.[26] Во август 2010 година, од комитетот при Обединетите нации за заштита на светското богатство, оваа област е ставена на Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.[27][28][29] Претседателот на САД, Барак Обама, на 26 август 2016 година, со указ оваа површина ја зголемил за четири пати.[30][31]
Клима
уредиКлимата на Хавајските Острови е тропска, но може да има варијации кои зависат од географската широчина и времето.[32] Крајбрежните делови, посебно јужните и западните падини, се со посува клима.
Општо, пониските делови од островите се поврнежливи во зимскиот период (од октомври до април). Сувите периоди траат од мај до септември. Тропските бури, а понекогаш урагани, се најчести од јули до ноември.[32]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Annexation of Hawaii | University of Hawaii at Manoa Library“. libweb.hawaii.edu. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ Danzer, Gerald A; McDougal Littell (2009). The Americans (англиски). Evanston, IL: McDougal Littell. ISBN 9780618916290.
- ↑ Kent, Noel J. Hawaii: Islands Under the Influence. University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1552-1.
- ↑ Cook, James; Clerke, Charles; Gore, John; King, James (1784). A Voyage to the Pacific Ocean: Undertaken, by the Command of His Majesty, for Making Discoveries in the Northern Hemisphere, to Determine the Position and Extent of the West Side of North America, Its Distance from Asia, and the Practicability of a Northern Passage to Europe : Performed Under the Direction of Captains Cook, Clerke, and Gore, in His Majesty's Ships the Resolution and Discovery, in the Years 1776, 1777, 1778, 1779, and 1780 (англиски). W. and A. Strahan.
- ↑ Clement, Russell. „From Cook to the 1840 Constitution: The Name Change from Sandwich to Hawaiian Islands“ (PDF). University of Hawai'i at Manoa Hamilton Library.
- ↑ „Guide to State and Local Census Geography – Hawaii“ (PDF). Washington, DC: U.S. Census Bureau. 2013-09-09. pp. 1–2. Retrieved 2016-09-16.
- ↑ „Hawaii Population 2016 (Demographics, Maps, Graphs)“. worldpopulationreview.com. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ Chuck Blay and Robert Siemers (Editor). „Kauai's Geologic History“. www.amazon.com. Посетено на 2018-12-18.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ „GNIS Detail - Island of Hawaiʻi“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „GNIS Detail - Maui“. geonames.usgs.gov. Посетено на 2018-12-18.[мртва врска]
- ↑ „GNIS Detail - Oʻahu“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2017-07-12. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „GNIS Detail - Kauaʻi“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2020-01-11. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „GNIS Detail - Molokaʻi“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2020-01-11. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „GNIS Detail - Lānaʻi“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2020-01-28. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „GNIS Detail - Niʻihau“. geonames.usgs.gov. Посетено на 2018-12-18.[мртва врска]
- ↑ „GNIS Detail - Kahoʻolawe“. geonames.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2018-09-13. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „Hawaii : Image of the Day“. nasa.gov. Посетено на 4 June 2015.
- ↑ „Tectonics, geochronology, and origin of the Hawaiian-Emperor Volcanic Chain“ (PDF). The Geology of North America, Volume N: The Eastern Pacific Ocean and Hawaii. The Geology Society of America. 1989. Архивирано од изворникот на 2011-06-11.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Swanson, D. A.; McDOUGALL, I. a. N. (1972-12-01). „Potassium-Argon Ages of Lavas from the Hawi and Pololu Volcanic Series, Kohala Volcano, Hawaii“. GSA Bulletin (англиски). 83 (12): 3731–3738. doi:10.1130/0016-7606(1972)83[3731:PAOLFT]2.0.CO;2. ISSN 0016-7606.
- ↑ „GSA Bulletin | GeoScienceWorld“. pubs.geoscienceworld.org. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „USGS: Volcano Hazards Program HVO Mauna Loa“. volcanoes.usgs.gov. Архивирано од изворникот на 2017-11-16. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „Hawaii“. web.archive.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-04-19. Посетено на 2018-12-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Top Earthquake States“. web.archive.org. 2009-08-31. Архивирано од изворникот на 2009-08-31. Посетено на 2018-12-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Trusdell, Frank A.; Chadderton, Amy; Hinchliffe, Graham; Hara, Andrew; Patenge, Brent; Weber, Tom (2012-11-15). „Tohoku-Oki Earthquake Tsunami Runup and Inundation Data for Sites Around the Island of Hawai'i“ (PDF). USGS. pp. 3–4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Nonindigenous Aquatic Species“. nas.er.usgs.gov. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ „Hawaii Is Now Home to an Ocean Reserve Twice the Size of Texas“. National Geographic News. 2016-08-26. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ Wikinews contributors (2010-08-05). „21 sites added to Unesco World Heritage list“. Wikinews.
- ↑ Saltzstein, Dan (2010-08-04). „Unesco Adds 21 Sites to World Heritage List“. In Transit Blog (англиски). Посетено на 2018-12-18.
- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „World Heritage Committee inscribes a total of 21 new sites on UNESCO World Heritage List“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 2018-12-18.
- ↑ August 25, 2016 Updated; 2016 8:17pm (2016-08-25). „Obama expands Papahanaumokuakea marine reserve; plans Oahu trip“. Honolulu Star-Advertiser (англиски). Посетено на 2018-12-18. На
|first=
му недостасува|last=
(help); Недостасува|author2=
(help) - ↑ „Fact Sheet: President Obama to Create the World's Largest Marine Protected Area“. whitehouse.gov (англиски). 2016-08-26. Посетено на 2018-12-18.
- ↑ 32,0 32,1 Lau, Leung-Ku Stephen; Mink, John Francis (2006). Hydrology of the Hawaiian Islands (англиски). University of Hawaii Press. ISBN 9780824829483.
Литература
уреди- Morgan, Joseph R. (1996). „Hawai'i: A Unique Geography – Volcanic Landforms“. Honolulu, HI: Bess Press. ISBN 1-57306-021-6. Наводот journal бара
|journal=
(help) - An integrated information website focused on the Hawaiian Archipelago from the Pacific Region Integrated Data Enterprise (PRIDE).
- Macdonald, G. A., A. T. Abbott, and F. L. Peterson. 1984. Volcanoes in the Sea: The Geology of Hawaii, 2nd edition. University of Hawaii Press, Honolulu. 517 pp.
- The Ocean Atlas of Hawai‘i Архивирано на 7 април 2022 г. – SOEST at University of Hawaiʻi.
- „Hawaiian Volcanoes – Introduction – Department of Geosciences“. Corvallis, OR, USA. Архивирано од изворникот на March 5, 2012. Посетено на May 12, 2012.
Volcano World |; Your World is Erupting – Oregon State University College of Science