Палмира е ненаселен атол со површина од 12 км2 (4,6 квадратни милји) во Северниот Тихи Океан сместен на 5°52′ СГШ 162°6′ ЗГД. Палмира е едан од Северните Линиски Острови (југоисточно од Гребенот Кингман и северно од Кирибатските Линиски Острови), сместен скоро точно на југот од Хавајските Острови, отприлика на пола пат помеѓу Хаваи и Американска Самоа. Има брег од 14,5 км и пристаниште наречено Вест Лагун.

Неофицијалното знаме на Палмира

Географија

уреди
 
Палмира
 
Карта на Линиските Острови.

Се состои од гребени, две плитки лагуни и околу 50 песочнии карпести островчиња покриени со вегетација — воглавно со стебла на кокос, скаевола и со високи Писонија дрва. Поголемиот број на острови се споени. Исклучoци се Сенд Ајланд на запад и Барен Ајланд на исток. Најголем остров е Купер Ајланд на север, а после него Каула Ајланд на југ. Просечни годишни врнежи изнесуваат 175 инчи.