Влада на Македонија од 2008

Владата на Македонија од 2008 година е избрана по победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година. Мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски доби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дотогашен премиер, Никола Груевски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 26 јули. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останатите коалициони партнери. Албански партнер во власта беше ДУИ. Коалицијата СОНЦЕ, предводена од СДСМ, заедно со останатите опозициони партии и ДПА, ја бојкотираа седницата за избор на нова влада.[1]

Оваа влада беше реконструирана во јули 2009 година, а нејзиниот мандат траеше до одржувањето на парламентарните избори од 2011 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Состав на владатаУреди

Министри во оваа влада се:[2]

Реконструкција на владата од 2009Уреди

Една година по изборот на Владата, на 11 јули 2009 година, е извршена нејзина реконструкција. При реконструкција на Владата, дотогашниот заменик премиер Зоран Ставрески ја презеде и функцијата министер за финансии на местото на Трајко Славевски. Владимир Пешевски е избран за нов потпретседател на Владата за економија, а Васко Наумовски е избран за нов потпретседател за евроинтеграции на местото на Ивица Боцевски. Љупчо Димовски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Никола Тодоров за нов министер за образование и наука.[3][4]

НаводиУреди

  1. Опозицијата со паралелен парламент ќе го бојкотира изборот на владата, Утрински весник
  2. Службен весник на РМ, 94/08, 2 стр.
  3. „Владата со нови министри за образование, финансии и земјоделство“. Влада на Република Македонија. 8 јули 2006. Посетено на 2014-04-06.
  4. Службен весник на РМ, 86/09, 2 стр.

Надворешни врскиУреди