Македонски ора
Македонските народни ора се традиционални танци кои се неопходно важни во македонскиот фолклор и музичка традиција. Тесно се поврзани со народните ора од соседните држави, имено, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, но поради музичкиот мелос, добиваат ендемски одлики конкретно на регионот Македонија. На територијата на Република Македонија, пак, зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора се делат во пет регионални групи: Северни ора, Источни ора, Западни ора, Јужни ора и Југозападни ора.[1]
Особености
уредиСпоред содржината и кореографијата, македонските народни игри, песни и музика можат да бидат обредни и световни (соборски или празнични). Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, лазарските, коледарските, русалиските и други. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, љубовните, хумористичните и други. Според формата, ората се делат на: ора што се играат во полукруг, во затворен круг, во змијовидна форма или во парови.[2] Македонските ора се многубројни и разновидни. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, „на сретсело“, пред црквите, училиштата и куќите.
Ората имаат и одлики што се манифестираат и во разнообразноста и богатството на движењата и ставовите (држењето) во играњето. Тие можат да се или отворени, или затворени, а играчите се држат за рацете, за рамењата, за појасите, под рака, или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои смеат да изведуваат додатни чекори и движења. Ората обично се вијат на десно, но има такви што се вијат на лево. Изреката „... се пренесува од колено на колено“, на пример, е конкретно рефлектирана во некои движења на ората. Македонските ора изобилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Исто така, многу ора имаат промена во ритамот, обично менувајќи се од бавна во брза песна.
Обичаи поврзани со ората
уреди- Традиционално во Македонија постоела забрана жена да игра оро без дозвола на мажот. Жената можела да игра само со блиски роднини, а со непознати или подалечни роднини, можела да се фати на оро само со држење на шамивче.[3]
- Кога се одело по невеста во црква, свирачите запирале со свирење 15-20 чекори пред црквата.[3]
- Во Струмичко, Русалиите се играат 12 дена, од Божиќ до Водици, и при тоа собираат пари и подароци за помагање на училишта и за други хумани намени.[4]
- Во Штип и Кочани имало обичај во понеделник по свадба да се пеат вулгарни песни, а жените се преоблекувале во машка облека, ставале низа лук и пиперки околу вратот, го црнеле лицето и играле и пееле пред куќите на кумот, деверот и кај други роднини.[5]
Инструменти и музика
уредиОрата најчесто се придружувани од народните инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите. Народната музика е обемен термин, но вреди да се напомене дека најпопуларните ритмички тактови кои ги придружуваат ората се «5/8», «7/8», «5/4» и «7/16» - меѓу многу други.
Што се однесува до времетраењето на ората, тоа не е одредено, и често се игра додека играчите или свирачите не се уморат.[6] Забележани се случаи и кога се играло оро без музика и без пеење. Орото што се играло на ваков начин било слично на „Право оро“ или на „Глуво оро“. При играње само се извикувало „Оп, оп, оп“, а играорците често се држеле за рамо.[7]
Видови ора
уредиДури и со исто име, постојат некои ора што се различни во секој регион или изведувани поинаку поради кореографијата.[8]
- Адана: «2/4»[9]
- Арамиско (Арап): вер. I «13/16»; вер. II A:«4/4», B:«2/4»[10]
- Арнаутско (Арапско): «13/8»[11]
- Баба Ѓурѓа: «11/8» вер. I (3+2+2/2+2);[12] вер. II (3+2+2/3+1)[13]
- Бајраче: «11/8» (3+2+2/3+1)
- Баро бијав: «2/4»
- Беда: «7/8»[14][15]
- Беласичко: «2/4»[16][17]
- Беранче: «12/8»[18]
- Беровка: «2/4»[19]
- Брсјачко оро: «2/4»[20]
- Буките оро: «11/8»[21]
- Буковско (Пиперово): «7/16» + «11/16»[22]
- Буфчанско оро: вер. I «2/4»;[23] вер. II «4/4»[24]
- Велгошко оро
- Велигденско оро: вер. I «7/8»;[25][26] вер. II «10/8»[27]
- Влаина оро
- Влечено оро
- Водарки
- Воденско
- Гајдарско оро:
- Глувонемо оро:
- Грбач оро:
- Драчевка:
- Дуде Дрне оро:
- Егејско оро:
- Елено моме:
- Жетварка:
- Зарамо оро:
- Зборско оро:
- Ибраим оџа оро:
- Иванице:
- Јени јол оро:
- Кавадарка оро:
- Кавракировско:
- Калајџиско оро:
- Касапско оро:
- Комитско оро:
- Копачка:
- Костурско:
- Крстачко оро:
- Крстено:
- Левото:
- Лесното оро:
- Лисолај оро:
- Малешевка:
- Машкото оро:
- Невестинско оро:
- Овчеполско оро:
- Одено оро:
- Оро машко зарамо:
- Орото почна:
- Осоговка:
- Охридска деветорка оро:
- Пајдушко:
- Пембе оро:
- Повардарие:
- Повратено оро:
- Поступано оро:
- Потрчано:
- Потрчулка:
- Правото:
- Право Тиквешко:
- Пуштено:
- Рамното оро:
- Ратевка:
- Русалии:
- Русинско оро:
- Свадбарско:
- Седенка:
- Ситното оро:
- Скудринка:
- Старо оро:
- Старотиквешко:
- Старското оро:
- Тешкото:
- Тиквешко:
- Топанско:
- Тресеница:
- Тоска:
- Тресеница оро:
- Тропнало оро:
- Циганче оро:
- Циганчица:
- Црногорка:
- Црпи вода, Јано:
- Чалгиско оро:
- Чамче:
- Четворка оро:
- Чупулица:
- Чучук:
- Шаваро оро:
- Ширто оро:
- Шопка:
- Шопското оро:
- Штипско девојче:
Наводи
уреди- ↑ Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 61.
- ↑ Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 62.
- ↑ 3,0 3,1 Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 55
- ↑ Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 62
- ↑ Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 64
- ↑ Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 53
- ↑ Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр.63
- ↑ „whereismacedonia.org“. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2020-09-06.
- ↑ Партитури и белешки, Адана
- ↑ Партитури и белешки, Арамиско
- ↑ Партитури и белешки, Арнаутско
- ↑ Партитури и белешки, Баба Ѓурѓа (1)
- ↑ Партитури и белешки, Баба Ѓурѓа (2)
- ↑ Партитури и белешки, Беда
- ↑ YouTube - Беда оро
- ↑ Партитури и белешки, Беласичко
- ↑ YouTube - Беласичко оро
- ↑ Партитури и белешки, Беранче
- ↑ Партитури и белешки, Беровка
- ↑ Партитури и белешки, Брсјачко
- ↑ Партитури и белешки, Буковско
- ↑ Партитури и белешки, Буковско
- ↑ Партитури и белешки, Буфчанско (1)
- ↑ Партитури и белешки, Буфчанско (2)
- ↑ Партитури и белешки, Велигденско
- ↑ YouTube - Велигденско оро (1)
- ↑ YouTube - Велигденско оро (2)