Црпи вода, Јано
Црпи вода, Јано е мешано македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.[1]
Жанр | Оро |
---|---|
Такт | 2 4 |
Потекло | Скопско |
Ова е едноставно оро кое се игра со одмерени чекори. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е двочетвртински.
Ова оро е поврзано со народната песна:
- Црпи вода, Јано, бегај дома,
- Оздол иде, Јано, силен аскер,
- Оздол иде, Јано, силен аскер,
- Силен аскер, Јано, Демир-Тоска,
- Напред врви, Јано, Мамуд паша,
- А по него, Јано, гаваз-Шукри,
- Ќе ти сакат, Јано, ладна вода,
- А по вода, Јано, бело лице.
Наводи
уреди- ↑ Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 41-42
Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |