Гајдарско е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.[1]

Ова е темпераментно и брзо оро кое се игра со изразити гестови на нозете и со потскоци. Играчите се во полукруг, се држат за рамо со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е 7/16. Постојат четири варијанти на ова оро.

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 164-170