Русалии се мажи облечени во специјална народна носија кои изведуваат обредни игри со магиска содржина, и тоа во деновите од 6 до 15 јануари, наречени од народот „Некрстени дни".[1]

Скопје, Русалии, од 1930-ти години

Русалиите се всушност духовно културно наследство според Националната класификација на културно наследство, назначени како: Машки поворки (русалии) 3.1.4.1.1.2.[2]

Датирање на доброто

уреди

Во пишаните документи за првпат русалиските игри се спомнуваат од страна на византискиот писател Димитриј Хоматјан во 1230 г.. Подоцна се опишани кај Кузман Шапкарев во Сборникъ отъ Български народни умотворения, кн.VII, Софија.

Опис

уреди

Оваа носија со обредна намена се состои од платнена кошула и фустан - бело платнено, многу набрано здолниште, кое се носи преку белите клашнени ногавици - ѕиври на горниот дел на телото се носи елек од пругасто - шарена волнена ткаенина, врз кој се носат украсни додатоци и декоративно орнаментирани крпи. Волнени црвени чорапи, со многу вплетени геометриски мотиви и опинци го оформуваат обувањето на нозете. Оваа декоративна носија е дополнета со дрвена сабја - алачка што играорецот русалија ја држи во рака, а при изведувањето на обредната игра замавнува со неа, со цел да ги растера и уништи лошите демони.

Кузман Шапкарев во спојот фолклорен прилог за овој „древен обичај од јужна Македонија“ изнел драгоцени податоци за Русалиите.[3] „Пред да се соберат за тргнување секој од играчите се простува од дома како да тргнува на дејствителна војна од која не се знае дали ќе се врати назад жив и здрав. Многупати се случувало мнозина русалии да не се вратат ниту живи ниту умрени затоа што ги погребувале на местото на смртта во пресметката со друга русалиска дружина“.

Во едно од најстарите сочувани сведоштва за машките поворки Русалиите -Зборникот на Шапкарев се вели дека Русалиите биле групи од 20-30 мажи обединети во неразделни парови, облечени на особен начин и наоружани со мечеви. Во овие групи хиерархијата и дисциплината биле на највисоко ниво. Тие на Божиќ се простувале со најблиските и се упатувале кон црквата од каде по добиениот благослов тргнувале во обиколка на селата, која траела се до Водици. Русалиската дружина имала свои специфики и правила на однесување за време на движењето во текот на обредот, но исто така во составувањето на групата. Во однос на тоа кој можел да стане член на оваа група треба да кажеме дека постои правило според кое групата ја сочинувале само неженети момчиња. Походот на овие дружини започнувал со барање дозвола за игра од локалните власти, која имала важност дванаесет дена и која ја означувала територијата на која се изведувале игрите. Пред да се тргне во обиколката во локалната црква, се добивал благослов од попот, по што со „трченик“ учесниците во поворката обиколувале црквата три пати, секој каснувал парче од курбанот (жртва), а потоа почнувала обиколката на селата.

За време на движењето на поворката нејзините членови се придржувале кон точно предвидени правила:

  1. 1.Помеѓу себе не зборувале, освен навечер, и тоа сосема тивко;
  2. 2.Не се крстеле кога јаделе, не благословувале кога пиеле, не поздравувале;
  3. 3.Одејќи во двојки еден до друг, тие не дозволувале никому да ја пресече веригата помеѓу нив и секој стапнувал врз стапките на својот претходник – единствено им било дозволено на болните да можат да го прекинат орото, и да седнат на средина за да оздрават.
  4. 4.Никогаш не газеле вода - малите води ги прескокнувале, а реките ги преминувале со кола;
  5. 5.Ако некој од дружината изостанал поради некаква причина, другарот не го напуштал ами стоел покрај него и мавтал со мечот над неговата глава да го пази од зли духови;
  6. 6.Кога ќе застанеле да ноќеваат, тие не се делеле, сите останувале во една куќа, поширока, за да можат да се собираат и други гости;
  7. 7.Во куќите во кои има леунка не влегувале. Во куќите во кои имало болен човек биле особено пречекувани, а тие (балтаџијата и танчерот) имале задача да играат пред наго и да го допираат со сабјите. Тие сабјите исто така ги вкрстувале и на влезните врати од куќите, како и над луѓето кои ги среќавале по пат.
  8. 8.Кога пристигале во село, од кое е некој од русалиите, тој не смеел да се среќава со роднините;
  9. 9.Дружината напред ги испраќала калаузите, за да ги предупредат селаните за нивното доаѓање;
  10. 10.Ако по пат наиделе на кладенец, суво дрво, стари гробишта, крстопат, тие ги обиколувале три пати и си ги вкрстуваат сабјите, небаре ги опираат од врвот на земјата и извикуваат: -Ехее! Секое утро во текот на 12 дни тапанарите ги буделе русалиите и секирџијата им правел преглед, поминувајќи брзо со секирата покрај нивните нозе. Откако ќе засвиреле свирачите тие бавно тргнувале по ритмот на тапаните. За сето верме на патот чаушите ја чуваат дружината од страна. При пресретнување на две русалиски групи тие се бореле до смрт, освен ако едната од нив не се покори. Тогаш таа група морале да помине под сабјите на победничката група.

Русалиската група била составена од балтаџија, кој имал раководна улога и секој морал да го почитува. Пред и по обиколката целата група кај него доаѓала на конак. Танчерот ја предводел групата при играњето и се наоѓал на чело и давл комади при изведбата на игрите. До него се наоѓал кесеџијата, кој му бил помошник на танчетот со задача да ја рамни играта. На крајот од групата при играњето бил пашкарот кој како и танчерот требало да биде добар играч. Конарчиите биле извидници кои ги известувале селаните за пристигањето на групата, а касиериот бил задолжен за даровите. Музичкиот дел од групата се состоел од две зурли и два тапана. Нивната мисија според народното верување била да ги бркаат злите сили. А за возврат од месното население добивале дарови. Општествената улога на русалиските игри била единствена, „вакув“. Со добиените средства се граделе општествени објекти: чешми училишта, домови, цркви. Селската црква „Св. Богородица“ е направена од тие средства. Русалиските игри се пренесувале од колено на колено, обично групата се подготвувала три недели пред Божиќ, а помладите учеле гледајќи ги постарите.

Тие своите игри ги изведувале на крстопатите и средсело, по што ги посетувале куќите во слетото во кое престојувале. Русалиските игри во Струмичко (Секирник) ги изведуваат исклучиво мажи. Формата на овие игри е отворен круг. Играчите се движат еден зад друг, со одалеченост меѓусебе околу два метра, а растојаните меѓу танчерот и пашкарот траба да биде поголемо. Насоката на движењето е кон десно и кон лево. Играчите за време на игрите не се поврзани, секој игра за себе. Во десна рака тие при играњето држат сабја, со врвот свртен према горе, освен балтаџијата кој игра во средина и држи секирче и со него прави движења нагоре и надоле како да сече или прави кругови. Кореогтафската игра на балтаџијата може да е истоветна со останатите играчи, а може и да се разликува. Игрите се изведуваат во два дела, од кои првиот е секогаш бавен, а вториот со изненадувачко забрзување станува брз. За промените во темпото знаци дава белтаџијата. Стилот на русалиските игри е специфичен и многу се разликува од ората што се играат во тој крај. Се играа со цело стопало или полу стопало. При играта се изведуваат два вида на поскоци: на истата нога и со едната на друга нога. Тие можат да бидат подолги и пократки во зависност од темпото. При бавното темпо тие се пократки скоро незабележителни, така што се добива впечаток дека телото федерира, а во брзото темпо тие се поизразити и подолги. Вртежите на телото околу својата оска се тесно поврзани со поскоците. Во русалиските игри тие служат за свртување на играта во споротивна страна. Игрите се извеедуваат во два дела Првиот дел е секлогаш бавен, а вториот е брз. За промените во темпото знаци дава балтаџијата.

По завршувањето на дванаесетдневниот поход групата најпрво се упатувала кон локаклната црква, каде што ги пречекувале најблиските. Потоа следувало предавање на даровите и парите добиени за време на мисијата. При чинот на влегување во црквата, русалиите влегувале со сабјите исправени нагоре, а по добивањето на причест од попот, од црквата излегувале со сабјите спуштени надолу што ја означува и крајот на нивната мисија.

Потекло

уреди

За потекло на Русалиите и за самиот термин „русалија“ постојат многубројни мислења. Според едни истражувачи нивното потекло е словенско, а за други римско паганско и дека е поврзано со празникот на розите која ја развива Фран Миклошиќ. Овие претпоставки ги потврдува В. Кличкова со една легенда забележана во Гевгелиско.

Поврзаност

уреди

Машките поворки (русалиите) можат да се поврзат со останатите машки поворки кои се среќаваат во овој период, како и со празниците Божиќ и Водици, како меѓници на нивната обиколка и со верувањата поврзани за некрстените денови.

Посебни карактеристики

уреди

Русалиските поворки во минатото и денес се карактеристика на југоисточниот регион во Македонија. Денес тие се негуваат единствено во рамките на активностите на Културно уметнучкото друштво до Секирник (Струмичко). Русалиската поворка како и игрите што се изведуваат во рамките на нејзиниот „поход“ игри се разликуваат од другите игри што се изведуваат во времето на некрстените денови во другите краишта на Македонија, според составот на поворката, низата табуи што ги следат, функцијата што ја има поворката, а најмногу во содржината на дејствата и игрите што ги изведуваат. Во однос на игрите исто така може да се каже дека стилот на русалиските игри е специфичен и се разликува од ората што се играат во тој крај. Но, исто така може да се направи разлика во некои детели меѓу русалиските поворки во Струмичко и Гевгелиско, кои се поврзани со дејствата што ги прават во врска со изгонувањето на лошите сили од болниот.

Загросеност на доброто

уреди
  1. 1.Степен на загрозеност

Русалиските поворка во поблиското минато, а сосбено денес сосема ја изгубила својата првобитна намена, русалиските игри веќе одамна не се изведуваат во врска со верувањата за заштита од лошите влијанија, дванесете некрстени денови и оздравување на болните. Во поблиското минато периодот меѓу двете светски војни се играле за „вакув“ за добротворни цели, а од 1945 наваму се составен дел од настапите на фолкорните фестивали, смотри државни перазници свечености и др. Тие денсе се негуваат во КУД од Секирник и се изведуваат во рамките на фолклорните фестивали и други приредби.

  1. 2.Причини и фактори на загрозеност

Причините за промените што се случуваат во врска со фоклорното наследство, а воедно и за неговата загрозеност од целосно исчезнување, е промената на функцијата што доброто ја има во животот на населението, а подоцна секако е условено и со некои надворешни фактори како што се:

  • промената во начинот на живот на луѓето,
  • промената на портребите на колективот,
  • промента на начинот на живот и стопанисување на населението.

Презентираност и популарисираност на доброто

уреди

Главен репрезент на добото претствуваат настапите на КУД „Русалии“ од Секирник во земјата и во странство. Исто така доброто се презентира преку изведбата на Русалиските игри од страна на останатите КУД во Р Македонија. Од научен аспект доброто се презентира преку учество на собири во земјата и во странство и преку објавување на трудови кои се однесуваат на доброто од фолклористи од земјата и од странство. Но, и со организирање на научни собири за Русалиите, како на пример минатата година во Струмица.

Негување на доброто

уреди

Доброто се негува во КУД Секирник Струмичко, преку активностите што ги презема друштвото. Објавување на монографии за Русалиите и организирање на собири посветени на ова фолклорно добро.

Употреба на доброто

уреди

Доброто во денешни услови се изведува со поинаква функција и намена. Во минатото русалиските поворки и игри имале симболичка и магиска функцција за обезбедување на добробит на заедницата и заштита од лошите влијанија. Подоцна се изведувале за собирање на „вакуф“ со што се остварувала некоја заедничка цел на месното население, како на пример: изградба на цркви, училишта, чешми и др. Денес намената е единствено во презентацијата на русалиските игри на фестивалите во земјава и во странство.

Вредности и значење на доброто

уреди

Машки поворки (русалии) како дел од архаичната култура имаат големо значење за зачувувањето на културното и фолклорното наследство на Р Македонија, особено ако се има во предвид дека оваа културно добро не постои на терен, а има се помалку информатори кои се сеќаваат на неговата изведба во изворна форма. Поголемиот декл од материјалот кој сведочи за доброто се наоѓа надвор од Институтот за фолклор во приватните збирки на лугето ентизијасти кои работата на зачувување на доброто како на пр. Киро Козаров. За вредноста на доброто сведочи големиот интерес на странските истражувачи кои ги анализирале различните аспекти на ова културно наследсво во контекст на балканските компаративни истражувања на машките поворки од една страна и во контекст на игрите и ората што ги изведуваат тие.

Критериуми што се однесуваат на својставта на доброто

уреди
  • Автентичноста– на Русалиските поворки ја согледуваме во тоа што се концентрирани во одреден географски араел, југоисточниот дел на Македонија, имаат низа карактеристики по кои се издвојуваат од другите поворки што во тој период се познати во другите региони на Македонија и Балканот, а се познати како маскирани поцворки. Тие иако немаат маски имаат специјална облека која се нарекува русалиска. Нивниот „поход“ е проследен со низа табуи. Игрите и ората што ги изведуваат како и самиот поход се единствени во Р Македонија.

Retkosta – на доброто се препозната во тоа што во Македонија на постои друг регион каде се изведува, а врските што можат да се воспостават со сличните поворки на Бакланот на пр . кумпаниите во Хрватска претставуваат црти кои водат потекло од подалечното архаично минато.

  • Единственоста - преку споредбата на овие игри со слуичните во регионот се согледуваат како единствени, според организацијата, дејствата, табуите, ората, и функцијата што ја вршат во заедницата во која дејствуваат.
  • Разновидноста - Бидејки станува збор за добро кое има строго кодификувани правила на однесување, кои не претрпеле никакви измени, освен во делот на начинот на „лекувањето“ на болните и борбата на две групи русалии кога ќе се сретнат, овде не можеме да зборуваме за разновидност.
  • Интегралноста - се согледува преку зачуваноста на доброто единствено во еден регион во Македонија.
  • Зачуваноста – доброто веќе не се изведува на терен онака како што се изведуваоло во минатото. Денеска тоа се чува во меморијата на изведувачите и сведоците на изведбите во минатото. Традицијата денес ја негуваат членовите на КУД „Русалии“ од Секирник потомци на русалиирте од минатото.
  • Староста- е тешко да се утврди но според претпоставките на истражувачите секако спаѓа во редот на нарјархаичните обреди во Македонија.

Критериуми што се однесуваат на функциите на доброто

уреди
  • Воспитно-образовната функција - Преку запознавањето со архаичните и современите функции што во својата средина ги остварувале овии поворки и преку усното пренесување на доброто на младите генерации тие се воспитуваат во духот на пораките што ги носат овие поворки да се делува и да се работи за добробитна на заедницата, се едно дали тоа е магиско, обредно или практично значење .
  • Научната функција - Научната функција се согледува преку истражувањето на доброто, кое дава значајни податоци за фолклористиката, етнологијата, етномузикологијата и етнокореологијата.
  • Сосио-културната функција - таа со текот на времето се менувала така во минатото таа била магиска и заштитна, потоа станала нагласено социјална, преку собирање сретства за месното население, денес ја согледуваме како изразито културна преку прикажувањето на Русалиските игри како дел од настапите на КУД на смотрите и фестивалите во земјава и во странство.
  • Комуникациската функција- Русалиските поворки како и сите поворки своето постоење го темели врз комуникациската функција, т.е. интеракција меѓу изведувачите и гладачите. Но исто така за овој фолклорен жанр е карактеристично усното пренесување на знаењето.

Критериуми што се однесуваат на значењето на доброто

уреди
  • Културното значење- го наоѓаме во тоа што преку ова добро се согледува народната култура, но воедно дава драгоцени податоци и за неговите верувања и ставови и претставува еден комплексен жанр, кој опфаќа повеќе области.
  • Историското значење- го согледувбаме во тоа што преку изведбата на русалиските игри и сведоштвата на учесниците во истите ни се передаваат автентичи настани од минатото поврзани со промените кои се случувале во минатото, а пред се во функцијата што ја имале овие групи. Но и трансформациите во самиот обред, ни укажуваат на одредени историски појави како на пр. задолжителната борба при средба на две групи се заменува со договор и предавање или признавање на поразот од страна на другата. Исто така значајно е во смисла на историските белези да се спомене дека во периодот меѓу двете светски војни дозволата за играње се барало не од попопт туку од селските старешини.
  • Уметничкото значење - ова значење е содржено пред се во изведбата на игрите кои се особено богати со специфични кореографски елементи како и во музиката што ги следи. За што осбено значајни податоци даваат М. Димовски и И. Иванчан
  • Научното значење - Истражувачите на фолклорот на балканот уште од деветтнаесеттиот век особено внимание им посветуваат на овие машки поворки. Во науката нивното значење се согледува во спецификите што ги носта и во архаичните белези кои ни овозмиожуваат да истражуваме во подлабоките слоеви на архаичното минато преку споредбата на овие поворки во останатите поворки кои се присутни во истиот период на просторот на Македонија и Балканот.

Нематеријално културно наследство

уреди

Машките поворки, Русалии во Република Македонија со Одлука се прогласени за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, бр. 42-6070/2 од 19 јули 2011 година во Македонија.

Литература

уреди
  • Арнаудов Михаил, 1972, Studii vÍrhu bÍlgarskite obredi i legendi, Софија,
  • Гошева Вера, “Добротворната компонента во русалиските обичаи во јужнна Македонија “ Македонски фолклор 63/XXXII, Скопје, 2006,203-209,
  • Димовски Михајло, “Русалиските игри од селото Секирник (Струмичко) и нивните карактерстики”, Македонски фолклор 13/VII, Skopje, 1974, 165-183,
  • Димовски Михајло, “Русалиските игри во селото Богданци (Гевгелиско)”, Македонски фолклор 15-16/VIII, Скопје, 1975, 159-165,
  • Дробњаковић Боривоје, Етнологија народа Југославије, Београд, 1960.
  • Кличкова Вера, ”Русалиските обичаи во Гевгелиско”, Македонски фолклор 3-4/II, Скопје, 1969, 377-385,
  • Крстевски Христо, Карневалите во Македонија, Слово, Скопје, 1994,
  • JankoviÊ Qubica S. i Jovanovi} Danica S., Narodne igre , Beograd 1948,
  • Пенушлиски Кирил, 1988, Одбрани фолклористички трудови, 1-4, Македонска книга , Скопје,
  • Пенушлиски Кирил, Македонски фолклор, Исторски преглед, Скопје, 1999.
  • Петровска-Кузманова Катерина, Театарските елементи во фолклорот, Институт за фолклор „Марко Цепенков“- Скопје, 2006,
  • Петровска-Кузманова Катерина, „Русалиите во македонската и во хрватската фолклористика“, Зборник Македонско-хрватски културни врски, Институт за македонска литература, Скопје, 2009, 91-99.
  • Прокопие, Византиски извори за Историју народа Југославије, том I,Београд, 1955-1959.
  • Тановић Стефан, Српски народни обичаји у Ђевђелиској кази, Српски етнографски зборник, кн. XL,Београд, 1927, 223-226.
  • TolstoŸ N. I., 1982, Õlementì narodnogo teatara v Á`noslav®nskoŸ sv®to~noŸ obr®dnosti, vo Tetararno prostranstvo , Moskva,
  • Толстој Никита Иљич, Језик словенске културе, Просвета, Ниш, 1995.
  • Цветановска Јелена, Игри со смртта, Матица македонска, Скопје, 2001,
  • Џајканович Веселин, Мит и религија кај Србите, SKZ, Белград, 1973,
  • Шапкарев Кузман А., Sbornik od b√lgarski narodni umot¬vo¬renija, Sofija, 1968,
  • Шапкаревъ К. А., Русалии древниъ и твьрд интересенъ българский обичай запазенъ и до денесь въ Южна Македонија, Пловдивъ, 1884,

Наводи

уреди