Кавадарка е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Тиквешко.[1]

Ова е типично машко оро кое во првиот дел се игра во слободен ритам. Првиот дел се одликува со бавни движења, балансирани чекори, ниски клекнувања на едната нога и остри гестови со другата нога. Вториот дел се игра со ритмички движења, а третиот дел се игра со отпуштени раце или за рамо, и движења во цик-цак. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Ритамот е шест-осмински.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 114-121