Калајџиско оро
Калајџиско е машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Велешко.[1]
Ова е умерено брзо оро кое кон крајот се забрзува. Се одликува со мирни движења и балансирани чекори. Се игра со потскоци и ниски потклекнувања. Обилува со драмски елементи, својствени на калајџискиот занает. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Се држат за рамо. Ритамот е 11/16. Постојат две варијанти на ова оро.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 200-203
Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |