Пајдушко оро (т.е. „пијано оро“) е македонски народен танец во 5 такта, поделени на 2+3 („брзо-бавно“). Традиционално, ова е машко оро, но во поново време понекогаш го играат и жени.

Орото почнува тргнувајќи на десно, со по четири чекори со подигнување на ногата, а потоа на лево: со десната нога се прескокнува левата и тежината се префрла на десната нога, додека левата се движи на десно. Играорците потоа се движат наназад со по четири чекори.

Надворешни врски

уреди