Црква „Св. Никола“ - Македонски Брод

Свети Никола претставува православна црква во Македонски Брод.[1] Црквата е единствена по тоа што е позната и под името Турбе и претставува и храм за муслиманите алевити. На ѕидовите има фрески од Свети Илија, Девица Марија и Исус, но и слики од бектешкиот светец Али. На средината на просторијата е гробот на бектешкиот светец Хадер Баба, а околу него се послани муслимански простирки за молитва. Овој објект е изграден во 14 век како црква изградена од кралот Урош Трети, која била опустошена кога во регионот дошле Турците Османлии. Но извесен Асан-беј повторно ја обновил во XVIII век за да ја тргне клетвата од сарајот кој преку ден го градел, а ноќе се уривал. Подоцна е обновена во 1933 година.

Свети Никола
македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Бродско
Парохија Бродска
Местоположба

Карта

Место Македонски Брод
Општина Македонски Брод
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 14 век
18 век
1933
Архитектонски опис

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди