Рајчица (Македонски Брод)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Рајчица“
| |
Местоположба | 41°30′48″N 21°12′55″E / 41.51333° СГШ; 21.21528° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Македонски Брод |
Општина | Македонски Брод |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
ран среден век | |
Портал „Археологија“ |
Рајчица — археолошко наоѓалиште во Македонски Брод. Претставува базилика од старохристијанско време и некропола од раниот среден век . Се наоѓа во северниот дел на градот, на левиот брег на реката Треска, кој е алувијална тераса (КП 544), каде при копање на темели за изградба на еден објект биле откриени два гроба. Во осумдесеттите години на XX век со заштитните археолошки интервенции биле откриени уште 9 гроба од типот циста и поголем дел од апсида на базилика. Во еден од грбовите е најдена обетка во вид на кошничка. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]
Поврзано
уреди- Кале — градиште од доцноантичко време;
- Кула — населба и кастел од средниот век;
- Грамада — населба и некропола од доцноантичко време;
- Македонски Брод;
- Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |