Александар Ристовски - Принц
Александар Ристовски - Принц (24 ноември 1974, Скопје[1]) - познат македонски текстописец.[2]
Животопис
уредиПрвото појавување на Александар Ристовски било во почетокот на деведесеттите, кога во рамките на својата човек-група Принц Александар и со провокативниот изглед и песните ја шокирал јавноста. Од тој период му остана и прекарот - Принц, денес негов заштитен знак.
Следуваа групите Виктор, Викторија, Орлова вода, Д-р ФАНКенштајн, длабоко инспирирани од љубовта и изгледот на светската мегаѕвезда Принс. Меѓутоа самите песни на Принц до 1997 година, откако неговата текстопишувачка кариера ја доживеала својата експанзија, во јавноста не предизвикале речиси никаков интерес. Меѓутоа, здружувајќи ги силите со талентираниот композитор Дарко Димитров во подготовка на материјали за други изведувачи и групи (пред се за Ребека и за Нокаут), и Принц и неговите песни обрнаа на себе повеќе внимание по што се стекнаа и со вистинска популарност.
Меѓу најпознатите песни на Принц напишани за други (од тоа време) се издвојуваат: Обиди се и Сама за Ребека, ЕјБиСи, Бум, Дождот, Би се викал те сакам, Хај-Фај, Временска машина, Фатална опсесија... на Нокаут, Љубовта и Ако останеш на Искра Трпева, Слепец на Маја Вукичевиќ, Минско поле, Во афект, Во боја и Блиц афера за ТНТ, Светлина за Дексо, Само за тебе, Милениум со тебе и За нас за Каролина Гочева, Флерт за Скандал, Јави се за Бум, Ме исфрлаш од колосек и Точка, нов ред на Ексклузив... За себе, пак, Принц ги осмисли и ги напиша: Монструмот во мене, И, Скандал, Туше, Кич...
Од октомври 1999. година и неговата соло-кариера доживува вистински процут по што тој интензивно почна да го најавува својот деби-албум Вијагра, на кој, според првичната верзија требаа да се најдат 35 песни. Меѓутоа, дојде до промена на планот, па кон крајот на зимата и во почетокот на раната пролет 2002. година, без некоја претерана помпа, Принц го промовира своето првенче Супериорен, на кој се најдоа 15 стари и нови песни, меѓу кои и: Сања Лазања, Кажи ми, Седи, не ме знаеш, Гладијатор, Супериорен... Со ангажманите за своето првенче, во речиси двегодишниот период, Принц ги продолжи и ангажманите врзани за своето естетско видео-презентирање во јавноста. Одтаму е и забележителен успехот на спотовите за Сања Лазања, Фројд е жив (дует со радио и тв-водителката Марија Каева), Рифреш и Кажи ми, Седи, не ме знаеш...
Александар Ристовски - Принц, во многу нешто пионер на македонската музичка сцена, кон крајот на 1999. година ја објави книгата Забава до бесвест, каде се сместени голем број негови текстови наменети за домашни групи и исполнители. Оваа стихозбирка е првото македонско издание на естрадна поезија.
Кон крајот на 2002. година, по кусата врска со модниот творец Розе Трајческа, Принц се ожени, го смени имиџот и се вклучи во тимот на М2 продукција, во пронаоѓање на нови македонски музички ѕвезди.[3]
Надворешни врски
уредиПрофил на Александар Ристовски на Музички Регистар Архивирано на 26 октомври 2020 г. [1] Архивирано на 26 октомври 2020 г.
Наводи
уреди- ↑ „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Александар Ристовски - Принц > Лична карта“. web.archive.org. 2005-01-18. Архивирано од изворникот на 2005-01-18. Посетено на 2020-10-21.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Александар Ристовски - Принц“. web.archive.org. 2012-05-11. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2020-10-21.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Промоција на домашната музика“. Македонски музички изданија. Посетено на 2020-10-21.