Љупчо Мирковски

македонски композитор

Љупчо Мирковски (роден на 27 февруари 1958 година во Скопје) — македонски композитор.[1]

Љупчо Мирковски
Роден 27 февруари 1958
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање композитор

Животопис

уреди

Мирковски димпломирал труба на ФМУ во Скопје. Од 1978 г. е член на Танцовиот оркестар на МРТ. Како автор првпат се појавил на фестивалот Младина ‘74 (Суботица). Почнал да аранжира во 1977 г. Оттогаш напишал околу 170 композиции и 350 аранжмани за познати популарни песни. Пишувал музика за театарски претстави (15) и телевизиски серии (2). Бил уметнички директор на Макфест и на Националниот избор за Детска Евровизија. Учесник на голем број фестивали во странство.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мирковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 958. Text "series " ignored (help)