Локална управа

(Пренасочено од Локална влада)

Локална управа — облик на јавно управување каде што во најголем дел од контекстот, се мисли на најниското ниво на управување во рамките на една држава. Терминот се користи да се разликува управувањето на државно ниво и се мисли на централна влада, национална влада и (доколку е потребно) федерална влада, а исто така и наднационална влада која се занимава со управување на институции помеѓу држави. Локалните влади најчесто работат преку овластувањата кои им се овозможени преку законодавството и директивите од повисокото ниво на власт. Кај федералните држави, локалната власт најчесто е третото (или понекогаш четвртото) ниво на влада, додека кај унитарните држави, локалната влада најчесто го опфаќа второто или третото ниво на власт и најчесто има поголеми овластувања од административните поделби на повисоко ниво.

Прашањето во врска со општинска влада е главно прашање на јавното управување и раководење. Институциите на локалната управа многу се разликуваат меѓу државите. Терминологијата најчесто се разликува дури кога постојат слични групирања. Најчести имиња за ентитетите на локалната влада кои постојат во една држава се: сојузна држава, регион, оддел, округ, префектура, област, административна единица, град, метропола, покраини, општина, градски реон, месна заедница, градска/локална управа, рурални покраини и село.

Африка

уреди

Египет

уреди

Локалната управа традиционално имала ограничена моќ во високо централизираната држава Египет. Од централната власт Египет бил поделен на 26 говернорати. (едн. Muhafazah; мн. Muhafazat). Овие биле поделени во области (едн. маrkaz; мн. Marakaz) и села (едн. qaryah; мн.qura) или градови. На секое ниво, постоела структура на управување која се состоела од совети составени од застапници и извршни органи кои биле поставувани од владата. Секој посебно бил управуван од управници, областни службеници, и градоначалници. Управниците биле назначувани од претседателот, и тие, по редослед, назначувале подредени функционери и службеници. Дополнително, организацијата на државата се извршувала од Министерството за внатрешни работи преку извршните органи на управниците сè до областните полициски станици и старешините на селата (едн. umdah; мн.umadah).

Пред револуцијата, државното инфилтрирање во руралните области било ограничено со моќта на значајни локални луѓе. Но, за време на Насер, земјишната реформа ја намали нивната социоекономска доминација и поврзувањето на селаните во задруги ја смени масовната зависност на селаните од земјопоседниците. Тие станаа поповрзани со централната власт. Зголемувањето на службениците во селските области овозможи да се овозможи развој и услуги во селата. Локалните гранки на владејачката партија, Арапската Социјалистичка Унија (АСУ), поттикнала одреден селски политички активизам и ги кооптирал локалните значајни луѓе во конкретен старешина на селото и ја утврдило нивната независност од државниот поредок.

Државното инфилтрирање за време на Садат и Мубарак не се повлекло. Пораните напори да ги мобилизираат селаните и да им достават услуги исчезнале кога згаснале локалните партии и задругите, но административната контрола врз селаните останала непроменета. Локалната власт на старите фамилии и старешините заживеала, но повеќе на трошок на селаните а не државата. Областните полициски станици ги урамнотежувале значајните луѓе и системот на локална управа (градоначалникот и советот) ги вклопил во владејачкиот систем.

Садат презел неколку мерки да ја децентрализира моќта во покраини и градови. Управниците придобиле повеќе авторитет според Законот број 43 од 1979, што ја намалил административната и буџетската контрола на централната власт врз покраините. Изгласаните советници придобиле, барем формално, право да го одобрат или неодобрат локалниот буџет. Со цел да ги намали локалните барања на централното министерство за финансии, им биле доделени поголеми моќи на локалната управа да создава или зголемува данок. Но, локалните претставници на советите вршеле големи притисоци за трошењето на владата, и огромните дефицити од претставничките тела на локалнта управа биле покривани од централната власт. Локалната управа се охрабрила да се впушта во заеднички потфати со приватни инвеститори. Овие потфати стимулирале сојуз меѓу владините службеници и локалните богати луѓе. За време на децентрализацијата и локална автономија на Мубарак ова станало повеќе од реалност и локалните политики често се каратеризирале со посебни локални услови. Па така, службениците во Горен Египет често се поклонувале на моќното исламско движење наспроти оние од пристанишните градови кои имале силни сојузи со увозниците.

Мали

уреди

Во последниве години, Мали се нафати со амбициозна програма за децентрализација, која ја вклучува главната област на Бамако, седум региони поделени во 46 окрузи (фран. cercles)и 682 рурални општински области(општина) . Државата останува во улога на советувач во административните и фискалните прашања и обезбедува техничка поддршка, усогласување и правен ресурс на овие нивоа. Се усовршуваат можностите за директна политичка улога и зголемена локална одговорност за развој.

Во август-септември 1998, се одржаа избори за членовите на градсите совети, кои последователно ги избраа нивните градоначалници. Во мај/јуни, за првпат граѓаните на општините ги избраа нивниите општински членови на советот . Излезот на жените беше околу 70% од вкупниот број и набљудувачите го сметаа процесот за отворен и транспарентен. Со градоначалниците, советите и одборите на локално ниво, новоизбраните службеници, општествено-граѓански организации, децентрализирани течнички услуги, интересите на приватниот сектор, други општини и донациски групи започнаа понатамошен развој.

На крајот, окрузите ќе бидат преинстуционирани, односно самите ќе имаат финансиска и правна основа. Нивните совети ќе бидат избрани од членови на окрузните совети. Регионите во највиското децентрализирано ниво, ќе имаат слична правна и финансиска автономија и ќе се состојат од извесен број во рамките на нивните географски граници. Мали треба да создаде капацитет за овие нивоа, особено да ги мобилизира и управува финансиските ресурси.

Јужна Африка

уреди

Јужна Африка има систем на две нивоа на локална власт што се состои од локални општини што спаѓаат во областни општини и метрополски општини што ги опфаќа и двете нивоа на локална власт.

Азија

уреди

Авганистан

уреди

Традиционално, Авганистан била поделен на покраини управувани од управники кои биле назначени од централната власт и имале значајна самоуправа во локалните работи. Денес, постојат 34 покраини. За време на Советската окупација и развојот на големите отпори во земјата, локалните области потпаднаа во голема мера под мухаџединските групи и најповеќето беа независни од повисоката власт. Локалните шерифи,исто така, донекаде, наметнале одредена независност од мухаџединските лидерства во Пакистан, воспоствувајќи нивни системи на локално управување, собирајќи приходи, управувајќи со образовни и други објекти, дури и впуштајќи се во локални преговори. Мухаџединските групи одржувале врски со партиите Пешавар (Peshawar) за да осигураат пристап до оружје што било раздавано до партиите на владата на Пакистан со цел да седостават на борачите во Авганистан.

Талибанците основаа шура ( собрание) составено од постари талибански членови и важни племенски групи од областа. Секоја шура составуваше закони и собираше закони на локално ниво. Талибанците основаа и привремена влада на целиот Авганистан, но не воспостави контрола врз локалните шури. Процесот на основање на транзициска влада во јуни 2002 од партијата Лоја Јирга опфатила многу постапки во вклучувања на локална власт. Најпрво, на окружно и општинско ниво, традиционалните шура совети се состанувале за да изберат гласачи – луѓе кои ќе гласаат за застапници на Лоја Јирга. Секој округ или општина требало да одбере однапред утврден број на гласачи , засновано на големината на популацијата. Овие гласачи патувале до регионалните центри и гласале, бирале помеѓу нив самите помал број на застапници на Лоја Јирга – според распределените броеви доделени на секој округ. Тогаш, застапниците биле дел од Лоја Јирга.,

Воените водачи кои владејат во неколку региони на земјата поседуваат локална контрола. Трансзиционата влада се обидува да ги интегрира локалните власти со централната власт, но недостасува лојалност од воените водачи што е потребна за управување. Потрадиционални форми на политичко управување како на пример Суфи мрежите, благородништво, јачина на кланот, мудрост заснована на возраста и слично сè уште постојат и играат значајна улога во авганистанското општество. Карцај се потпира на овие традиционални извори на власт во неговиот предизвик со воените водачи и постари исламистички водачи. Длабоките етнички, лингвистички , секташки, племенски, расни и религиозни раздори кои постојат во државата го создадоа таканаречениот Кавм (Qawm) идентитет, нагласувајќи ги локалните од повисоките формации. Кавм се однесува на група која поединецот се смета себеси дека припаѓа на помало племе, село, долина или соседство. Локалните власти се потпираат на овие форми на идентитет и лојалност.

Бангладеш

уреди

Бангладеш е поделен во седум административни поделби, секој именуван по нивните истоимени управни штабови: Барисал, Читагонг, Џака, Кулна, Рајшани, Силет и Рангпур.

Управите се поделени во области (zila). Има 64 области во Бангладеш, каде што секој посебно е поделен во подобласти (upazila orthana). Областа која ја опфаќа секоја полициска станица, освен за оние во метрополските области, е поделена во неколку сојузи и секој сојуз се состои од неколку села. Во метрополските области, полициските области се поделени во изборни единици и тие понатаму тие се поделени во т.н. махалас. Не постојат избрани службеници на окружно или областно ниво и администрацијата се состои само од владини службеници. Директни избори се одржуваат за секоја изборна единица каде се бира претседател и определен број на членови. Во 1997, беше донесен закон кој осигурува во секој сојуз 3 седишта (од 12) за женски кандидати. Џака е главниот и најголемиот град во Бангладеш. Градиовите кои имаат градска копрпорација и одржуваат градоначалнички избори се: Јужна Џака, Северна Џака, Читагонг, Кулна, Силџет, Рајшани, Барисал, Рангпур, Комила и Газипур. Други поголеми градови, кои вклучуваат други општини кои бираат претседатели се: Меменсинг, Гопалгани, Јесоре, Богра, Динајпур, Саидапур, Нарајангањ и Рангамати. И двете видови општини имаат мандат од 5 години.

Индија

уреди

Во Индија локалната власт е третото ниво на управување покрај државната и централната власт. Постојат два типа на локална управа кои се во функција: панчајатас во руралните области и општини во урбаните области. Панчајатасите се поврзан систем на локални тела со селски панчајатас ( просечна популација од 5000 жители) панчајатски семити на средно ниво (просечна популација од околу 100000) и панчајати-административна единица (просечна популација од околу 1.000000). Телата на локалната управа во основа се демократски институции.

Израел

уреди

Министерството за внатрешни работи на Израел признава 4 типа на локална управа во Израел

  • Градови: 71 урбани општини на едно ниво, најчесто со популација која преминува 20000 жители.
  • Локални совети: 141 урбани или рурални општини на едно ниво, најчесто со популација меѓу 2000 и 20000 жители.
  • Регионални совети: 54 општини на двојно ниво кои управуваат повеќе рурални заедници сместени во релативно блиска географска околина. Бројот на жителите во секоја заедница најчесто не преминува над 2000 жители. Не постојат одредени ограничувања на популацијата и големината на земјишната област на израелските регионални совети.
  • Индустриски совети: две општини на двојно ниво кои управуваат големи и комплексни индустриски области надвор од градовите. Локалните индустриски совети се во Тефен во Горен Галиле (северно од Кармиел) и Рамат Ховав во Негев (јужно од Беер Шевал).

Јапонија

уреди

Со Меиџи револуцијата, Јапонија има систем на локална управа која се заснова на префектури. Националната влада го надгледува поголемиот дел од земјата. Општинските управи биле историски села. Сега, спојувањата се чести за делотворните трошоци на администрацијата. Постојат 47 префектури и имаат две главни одговорности. Едната е посредување помеѓу националните и општински влади. Другата е управување на областите.

Пакистан

уреди

Локалната власт е третото ниво на власт во Пакистан, после федералната влада и провинциската влада. Постојат 3 типа на административни единица на локална власт во Пакистан:

  • Администрации на административни единици
  • Администрации на градски општини
  • Администрации на сојузни совети

Постојат преки 5000 локални управи во Пакистан. Од 2001, тие се управуваат преку демократски избрани локални совети, каде што секој е раководен од Назим (зборот значи управник на урду, но понекогаш се преведува како градоначалник). Некои окрузи кои инкорпорираат метрополски области се наречени градски окрузи. Градски округ може да содржи подподелби наречени градови и сојузни совети. Изборите за совети се одржуваат на секои 4 години. Окружните власти исто така вклучуваат службеник за окружна координација, кој е граѓански службеник надлежен за сите преземени области.

Филипини

уреди

Законот за локална власт од 1991 овозможува 3 нивоа на локални управни единици: покраина, град или општина и барангај (село или кварт). Државата е унитарна држава и националната власт продолжува да има силно влијание на локалните управни единици. Покраината се раководи од страна на управник заедно со градскиот совет составен од членови на советот. Градоначалникот го управува градот или општината додека градскиот совет и општинскиот совет кои заедно го сочинуваат законодавните гранки на град или општина. Барангај е е управуван од Главен Барангај и Барангајски совет. Барангаите можат да се поделат на пуроци и ситиоси но нивното водство не се бира на избори.

Во 1987 филипинскиот Устав овозможил постоење на автономни региони. Автономниот регион за Манандао муслиманите е единствениот муслимански регион на Филипините. Имаше обид за формирање автономен регион во Кордиљера, но не успеа и се основа административен регион на Кордиљера.

Локалните управи имаат ограничени даночни овластувања. Повеќето од нивните фондови доаѓаат од националните влади преку внатрешното распределување на приходи.

Кралството на Саудиска Арабија

уреди

Постојат три нивоа на локална управа во Кралството на Саудиска Арабија: градскиот совет, општинскиот совет и општина.

Градскиот совет е највисокото ниво на локална управа. Општинските совети почнаа да постојат од 2005 и е второ ниво на локална управа. Општината е трето ниво на локална управа. Во кралството постојат 178 општини. Првото се создало во Џедах за време на Османлискиот период. Секоја општина е управувана од градоначалникот на градот. Како целина општините на кралството го сочинуваат Министерството за општини и рурални работи.

Турција

уреди

Турција има две нивоа на локална управа: покраини (турски: iller) и изборни единици (турски: ilçeler).

Територијата на Турција е поделена во 81 покраини за административни цели. Покраините се организирани во 7 региони за пописни цели, меѓутоа, тие не ја претставуват административната структура. Секоја покраина е поделена на изборни единици и постојат 923 изборни единици.

Европа

уреди

Албанија

уреди

Албанија има 3 нивоа на локална управа

  • 12 административни окрузи
  • 36 изборни единици
  • 373 општини од кои 72 имаат статус на град

Постојат вкупно 2980 села/општини во цела Албанија. Секоја изборна единица има свој совет кој се состои од одреден број на општини. Општините се првото ниво на локално управување и се одговорни за локалните потреби и спроведување на законот.

Андора

уреди

Андора се состои од седум месни заедници (шпански: parroquies, едн. parroquia). Андора ла Веља, Каниљу, Анкам, Ла Масана, Ескалдес-Енгордани, Ордињо, Света Јулија де Лориjа. Некои месни заедници имаат понатамошна територијална поделба. Ордињо, Ла Масана, и Света Јулија де Лориjа се поделени во квартови (шпански: quarts), додека Канило е поделен во 10 соседства (шпански: veinats). Овие најчесто се поистоветуваат со села, кои ги има во секоја месна заедница. Секоја месна област си има свој избран градоначалник кој е формален водач на локалната управа.

Бугарија

уреди

Од 1880 па наваму, бројот на територијалното управување на единици во Бугарија варирал од 7 до 26. Меѓу 1987 и 1999 административната структура се состои од 9 покраини (бугарски: области, едн. област). Новата административна структура е усвоена паралелно со децентрализација на економскиот систем. Административната структура се состои од метрополски-главен град (Софија). Сите области се именувани од истоимените градови. Покраините се поделени во 264 општини. Општините се управувани од градоначалници кои имаат мандат од 4 години и преку директни избрани општински совети. Буgарија е високо централизирана држава, каде што националниот Совет на министри директно назначуваат регионални управници и сите покраини и општини зависат директно од нивните финансирања.

Хрватска

уреди

Хрватска е поделена на 20 окрузи и главен град Загреб. Загреб има истовремено углед и правен статус на округ и град. Окрузите се поделени во 127 града и 429 општини.

Чешка

уреди

Највисокото ниво на локалната управа во ешка се 13 региони (чешки: kraje, едн. kraj) и главниот град Прага. Секој регион си има свое избрано Регионално собрание (krajske zastupitelstvo) и хејтман (најчесто преведувано како хетман или “претседател”). Во Прага нивната работа се извршува преку советот и градоначалникот.

Регионите се поделени во 76 административни единици (okresy, едн. okres) што вклучуваат “статутарни градови” (без Прага, кој има специјален статус). Административните единици изгубија најмногу од нивната важност преку административната реформа. Тие останаа како територијални поделби и седишта на неколку гранки на државната администрација. Понатамошната реформа која стапи на сила од јануари 2003 создаде 204 Општини со поголема надлежност (obce s rozširenou pusobnosti; исто така obce III. stupnĕ – општини на трето ниво), неофицијално нарекувани “мали административни единици” кои најчесто ја опфаќаат администрацијата на поранешните административни управи. Некои од овие се поделени на општини со комисиска локална управа (obce s povĕřenŷm obicnim uřadem, скратено на poveřena obec, мн. Povĕřené obce; општини на второ ниво). Во 2007 границите на административните единици беа значајно променети и сега 119 општини се во рамките на различни административни единици.

Данска

уреди

За локалните владини цели, Данска е поделена во 5 региони (дански rеgioner) со нивнита најважна област на одговорност на јавни здравствени услуги. Тие се исто така одговорни за политиките за вработување, и некои региони се одговорни за јавниот превоз. Регионите не се овластени да наметнуваат нивни даноци, и тие се потпираат целосно на централното државно финансирање (околу 70%) и на финансирање од општините (околу 30%). Регионите се управувани од директно избрани совети (regionsråd). Секој се состои од 41 член.

Понатаму, регионите се поделени во 98 општини (kommuner). Изборите за општините се одржуваат на третиот четврток од ноември на секои четири години.

Естонија

уреди

Естонија е поделена во 15 окрузи (естонски: maakonnad). Секој е раководен од окружен управник (maavanem), кој ја претставува националната влада на регионално ниво. Управниците се назначени од владата, па така регионите немаат целосно самоуправување. Регионите се понатаму поделени во 227 општини (omavalitsus), и секоја општина е единица од самоуправување со нивни делегати и извршни тела.

Финска

уреди

Најважниот административен слој на локалната власт во Финска се 336 општини., кои можат да се нарекуваат градови или метрополи. Тие се одговорни за половина од јавното трошење. Трошењето е финансирано од општински данок на доход, државни субвенции и други приходи.

Како додаток на општините , постојат две средни нивоа на локална управа. Општините соработуваат со 74 подрегиони и 19 региони. Овие се управувани од членови на општините и имаат ограничени моќи. Меѓутоа, автономната покраина Аланд има директно избран регионален совет и Сами луѓето имаат полуавтономна Сами живеалиштна област (Sami Domicile Area) во Лапланд во врска со работи поврзани со јазик и култура.

Франција

уреди

Според Уставот од 1958, Франција има 3 нивоа на локална управа:

  • 22 региони, (кои ја вклучуваат и Корзика) и 4 области “d’outre-mer” (Réunion, Martinique, Guadeloupe, French Guiana). Корзика не се однесува на “регион” туку на “колективна територија”, која донекаде значи како “локална управна област”.
  • 96 оддели и 5 оддели “d’outre-mer” (Réunion, Martinique, Guadeloupe, French Guiana). Париз е и општина и оддел.
  • Постојат 36679 општини (фран. communes).

Меѓутоа, од додатоците на уставните клаузули од 1958, сега постојат специфики:

  • Меѓузаедници кои се ниво на управување меѓу општините и одделите.
  • Постојат 2 “pays d’outre-mer”: француска Полинезија и Нова Каледонија. Изразот “pays d’outre-mer” е погоден и може да се разбере на француски и како “прекуморска земја” и “прекуморска окружна/традиционална област”. Француска Полинезија е автономен регион, каде што Нова Каледонија има “sui generis” статус на локална управа со спрецифични институции па и автономии.

Грција

уреди

Од 1 јануари 2011, Грција се состои од 13 региони поделени во вкупен број од 325 општини и заедници. Регионите имаат нивни изгласани градоначалници и регионални совети, меѓутоа има 7 децентрализирани администрации кои се групирани во еден до три региони под раководство на генерален секретар назначен од владата. Исто така, постои и една автономна област Света Гора.

Унгарија

уреди

Унгарија е поделена на 19 окрузи. Покрај тоа, главниот град (főváros) Будимпешта е независен од која било окрузна управа.

Окрузите се поделени на 174 подрегиони (kistérségek), а Будимпешта е свој подрегион.

Постојат 23 града со окрузни права (singular megyei jogú város). Локалните власти на овие градови ги зголемија надлежностите, но овие градови припаѓаат во делот на окрузите наместо да бидат независни територијални единици.

Исланд

уреди

Општините на Исланд се локални административни области во Исланд кои овозможуваат бројни услуги на нивното население како што се: градинки, основни училишта, канализација, социјални услуги, јавно домување, јавен превоз, услуги на постарите луѓе и на хендикепираните. Исто така, тие управуваат со т.н. “zoning” и можат волонтерски да се зафатат со дополнителни функции доколку имаат буџет за тоа . Автономијата на општините за нивните обврски е загарантирана со Уставот на Исланд.

Општините се управувани од општински совети кое се директно гласани на секои 4 години. Големината на овие совети варира од 5 члена кај најмалите општини до 15 кај најголемите. Повеќето општини освен ептен малите најмуваат извршен управник кој може а може и да не биде член на општинскиот совет. Овие управници најлесто се поистоветени како градоначалници (bæjarstjóri / borgarstjóri) во повеќето урбани општини. Но, управници на заедниците (sveitarstjóri) се поистоветуваат во руралните или мешаните општини.

Ирска

уреди

Локалната управа во Ирска главно е заснована на структура од 29 окружни совети и 5 градски совети. Најчесто, главниот извор на финансирање е националната власт. Други извори вклучуваат камати на стопанска и индустриска сопственост, кирии за станување, наплати за услуги и позајмувања. Градот и окружните совети имаат проблеми од комбинација на недостиг на овластувања за да ги зголемат нивните даноци и постепено и постојано намалување на нивните овластувања низ периодите.

Италија

уреди

Италијанскиот Устав дефинира 3 нивоа на локална управа:

  • Региони: денес 5 од нив (Valle d'Aosta, Friuli-Venezia Giulia, Trentino-Alto Adige, Sardinia and Sicily) имаат посебен статус и имаат поголем статус од другите. Уставната реформа од 2001 им даде поголема моќ на регионите.
  • Покраини: Тие најчесто се грижат за патиштата, шумите и образованието. Во минатото тие имале поголема моќ.
  • Заедници: Градоначалникот и вработените се грижат за потребите на еден град или село и за соседни помали градови или села.

Поголемите градови, исто така, имаат дополнително ниво на локална управа наречено “Circoscrizione di Decentramento Comunale” или во некои градови ( како на пример Рим) Municipio (општина).

Латвија

уреди

Латвија е унитарна држава, моментално поделена во 110 општини (лат. Novadi) и 9 републикански градови (лат. republikas pilsētas) со нивните совети.

Лихтенштајн

уреди

Лихтенштајн е поделена на 11 општини (герм. Gemeinden – едн. Gemeinde), кои најчесто се состојат од еден град.

Холандија

уреди

Холандија има 3 нивоа на управување. Двете нивоа на локална управа во Холандија се покраините и општините. Управниот одбор за вода, исто така е дел од локалната управа. Холандија е поделена во 12 покраини (хол. provncie, множ. provincies). Тие го формираат нивото на администрација меѓу централната власт и општините. Секоја покраина е управувана од провинциски совет. Неговите членови се бираат на секои 4 години. Секојдневното управување на покраината е во рацете на провинцискиот извршител или државен делегат (Gedeputeerde Staten скратено GS). Членовите на извршната власт се бираат од провинцискиот совет помеѓу неговите членови и како членовите на провинцискиот совет се во функција во период од 4 години. Членовите избрани на извршната власт треба да се откажат од членството во провинцискиот совет. Големината на извршната власт варира од една до друга покраина. Во Флеволанд, најмалата холандска покраина има 4 членови, додека повеќето од другите покраини имаат 6 или 7 члена. Состаноците на провинциската извршна власт се претседавани од Комесарот на Кралицата (Commissaris van de Koning(in), скратено CvdK). Комесарот на Кралицата не е избран од жителите на покраината, но е назначен од Кралството (Кралицата или министерите на владата). Назначувањето трае 6 години и може да се продолжи на втор мандат. Комесарот на Кралицата може да се разреши само од Кралството. Комесарите на Кралицата играат важна улога во назначувањето на општинските градоначалници. Кога се појавува слободно место, Комесарот на Кралицата најпрвин го прашува општинскиот совет за заменик, па потоа пишува на Министерството за внатрешни работи каде што препорачува кандидат.

Општините (gemeente, мн. gemeenten) го формираат најниското ниво на влада во Холандија, после централната управа и покраините. Постојат 415 општини. Општинскиот совет (gameenteraad) е највисоката власт во општината. Неговите членови се бираат на секои 4 години. Улогата на општинскиот совет е споредена со одборот на организација или институција. Неговото главно занимање е да ги одлучи опсежните политики на општината и да ја надгледува нивната имплементација. Секојдневното раководење со општините е во рацете на управниците на општините, што се состои од градоначалник и градски одборници. Управниците имплементираат национално законодавство со важност како социјална помош, придобивки од невработеност и раководење со околината. Исто така, се грижи и за примарна одговорност за финансиските работи на општината и за нејзината кадровска политика. Градските одборници се назначени од советот. Советниците можат да се изберат да работат како градски одборници. Во овој случај, тие ги губат нивните седишта во советот и нивните места ги заземаат други претставници на истата политичка партија. Не-советници, исто така, можат да се назначат. За разлика од советниците и градските одборници, градоначалниците не се изгласани (ниту директно) туку се назначени од Кралството. Градоначалниците претседаваат и со општинскиот совет и со управниците. Тие имаат бројни статутни овластувања и нивни одговорности. Тие се одговорни да извршуваат јавен ред и сигурност во рамките на општината и почесто да управуваат со јавните односи на општината. Како кралски застапници, градоначалниците исто така имаат некои одговорности за надгледување на работата на општината , нејзините политики и односи со владините тела. Иако тие се обврзани да ги извршуваат одлуките на општинскиот совет и управниците, тие можат да препорачаат дека министерот за внатрешни работи поништува која било одлука за која тие веруваат дека е спротивно на законот или спротивно на јавниот интерес. Речиси секогаш, градоначалниците се назначуваат за перод од 6 години и најчесто автоматски повторно се назначува за нов мандат, овозможен со согласност од општинскиот совет. Тие можат да се разрешат единствено од Кралството а не од општинскиот совет.

Управниот одбор за вода (waterschap и hoogheemraadschap мн. waterschappen и hoogheemraadschappen) се едни од најстарите управни органи во Холандија. Тие буквално ја формираат основата на целиот холандски систем на локална управа, уште од времето многу стар систем, кој ја носи одговорноста за раководењето со водите на жителите во нивната област. Во суштина ова вклучува регулирање на нивото на водата во ниските области. Отсекогаш е имало општ интерес да се држи водата надвор и жителите во ниските области отсекогаш морале да работат заедно. Ова е тоа што довело до формирање на управен одбор за вода. Структурата на управните одбори за вода варира, но тие сите имаат општо административно тело и извршен одбор (college van dijkgraaf en heemraden), што се состојат од преседавач и други членови. Преседавачот преседава со главното административно тело. Ова тело се состои од луѓе кои ги претставуваат неколкуте категории на акционери: земјопоседник, закупник, сопственик на згради, компании и ,од понеодамна, исто така и сите жители. Важноста и финансискиот придонес одлучуваат колку претставници на секоја категорија ќе делегираат. Определени акционери (на пример (еколошки организации) можеби ќе имаат овластување да назначуваат членови. Главното администравно тело го бира извршниот одбор од многуте негови членови. Владата го назначува преседавачот за период од 6 години. Главното административно тело се бира за период од 4 години. Во минатото административното тело било избирано како индивидуалци но од 2009 тие се бираат како претставници од партија. За разлика од изборите на општинските совети, гласачите најчесто не требаат да одат во избирачките места и можат да гласат по електронска пошта.

Норвешка

уреди

Регионалната администрација на Норвешка е организирана во 19 окрузи (fylke), од кои 18 од нив се поделени во 431 општина (kommune) од 1 јануари 2006. Општинскиот сектор е снабдувач со значајни услуги на норвешката јавност, кој вклучува околу 20% од норвешкиот бруто-национален производ и 24% од вкупната вработеност. Норвешка имаше 435 општини од променлива големина во 2003, секоја управувана од изгласан општински совет. Тие се групирани во 19 окрузи (fylker), секој управуван од изгласан окружен совет. Секој округ е раководен од управник назначен од кралот во советот. Осло е единствениот урбан центар кој самостојно формира округ; останатите 18 окрузи се состојат и од урбани и од рурални области. Окрузите и општинските совети популарно се бираат на секои 4 години. Општините имаат големи овластувања на локалната економија, каде што државата врши строго надгледување. Тие имаат право да оданочуваат и да ги користат нивните извори да го поддржуваат образованието, библиотеките, социјална заштита и јавни работи како што се трамвајски линии, гас и електрична централа, градско планирање. Но овие активности начјесто се финансирани од државните фондови.

Португалија

уреди

Моментално, копното на Португалија е поделено на 18 административни единици (португалски distritos). Секоја административна единица го носи името на секој поединечен град.

Островска Португалија се состои од 2 Атлантски архипелази на Азорите и Мадејра и се организирани како автономни региони (порт. regiões autónomas):

1. Автономниот регион на Азорите – главни градови: Ангра до Ероизмо ( седиште на регионалниот Врховен суд), Орта (седиште на регионалниот Парламент ) и Понта Делгада (седиште на регионалната Влада);

2. Автономниот регион на Мадејра – главен град Фуншал.

Секоја административна единица и секој автономен регион е поделен на општини ( порт. мunicípios) кои, по редослед се поделени во месни заедници (порт. freguesias). Од 1976, кога се основаа двете Автономни региони на Португалија, Азорите и Мадејра повеќе не се поделени во административни единици.

Шпанија

уреди

Шпанија е поделена во 17 автономни заедници, кои последователно се поделени во 50 покраини. Постојат и два автономни града: Сеута и Мелиља . Секоја покраина се состои од неколку општини.

На секој административен ентитет му се дадени по закон овластувања, состав и ограничувања. Законот беше донесен од страна на Претседателот на владата (или Премиерот).

Законот 7/1985, донесен од поранешниот шпански Претседател Фелипе Гонсалес Маркез (социјалист), ги постави процедурите на локалната управа. Секој град во Шпанија го користел овој Закон до 2003 година. Поранешниот шпански Претседател Хосе Марија Аснар Лопес (конзервативец), донесе Закон (57/2003) да ги модернизира структурните правила на оние градови кои имаа повеќе од 250000 жители и други важни градови (главните градови на покраините кои имаат барем најмалку 175000 жители). Исто така, постојат и други важни Закони само за Мадрид (Закон 22/2006) и Барселона (1/2006). Главното владеачко тело во секој град се нарекува Пленарен состанок (el Pleno). Бројот на членовите кои го сочинуваат Пленарниот состанок варира во зависност од бројот на популацијата (на пример, од 2007 Валенсија има 33 члена а Памплона има 27). Овие советници се избрани од населението на градот на секои 4 години преку директни избори. Откако се избрани, советниците се состануваат на посебна Пленарна сесија за да одлучат кој ќе биде избран од нив за градоначалник на градот. Во следните неколку денови по изборот, градоначалникот бира неколку членови да го основаат извршното управувачко тело. (Junta de Gobierno). После тоа, и во следните 4 години, градоначалникот и извршното управувачко тело ќе раководат со градот во рамките на нивната надлежност (урабанизам, даноци, локална политика, лиценци за определени активности, комунални услуги итн.). Во меѓувреме, советниците во Пленарниот состанок кои не се дел од извршното управувачко тело (опозицијата) ќе го надгледуваат работењето на градоначалникот. Автономната заедница на Каталонија е поделена во 4 покраини и над 900 општини. Меѓу овие 2 нивоа, постојат 41 “comarques” (едн. comarca) приближен еквивалент на област или округ. “Comarca” претставува државна заедница или унија на општини кои имаат надлежности во повеќе области (Закон 6/1987 на Парламентот на Каталонија).

Шведска

уреди

На секои 4 години општи избори се одржуваат во Шведска за да се изберат членови во националниот парламент, членови на 20 собранија на окружната локалната управа и членови на 290 оптинштински собранија. Како што парламентот ја гласа националната влада, локалните собранија ги избираат нивните извршни комитети и нивните управни одбори. Членовите во локалните комитети и управни одбори се бираат пропорционално од политичките партии во собранијата каде што им дава застапништво на сите поголеми партии. Партиите најчесто соработуваат добро на локално ниво. Окружните локалните совети (landsting) се одговорни за грижа за здравјето и најчесто обезбедуваат превоз.

Општините (kommuner) се одговорни за:

  • Јавни услуги, грижа за деца, предшколска грижа и грижа за стари лица
  • Основно и средно образование
  • Планирање и градење
  • Здравствена заштита, вода, канализација, отпадоци, ургентна служба

На доброволна основа, општините обезбедуваат спортски, културни, станбени, енергетски како и трговски услуги.

Активностите се финансираат преку даноци на доход. Швеѓаните плаќаат околу 20% од нивниот оданочлив приход на општините и околу 11% на окружните локалните окружни совети. (Националната влада се финансира преку ДДВ, данок на плата и додатоци.

Обединетото Кралство

уреди

Системот на локална управа е различен во секоја од четирите земји на Обединетото Кралство. Во целина постојат 426 локални органи на власта во ОК. 346 се во Англија, 26 во Северна Ирска, 32 во Шкотска и 22 во Велс.

Англија

уреди

Најкомплексниот систем е во Англија и е резултат на бројни реформи и реорганизации низ вековите. Највисоко ниво на под-национално управување во Англија до крајот на март 2012 се состои од 9 региони. Овие региони беа користени од централната власт за повеќе статистички цели, а и Регионални владини канцеларии и разновидни други институции вклучувајќи ги и Агенциите за регионален развој. Регионалните владини канцеларии, Агенциите за регионален развој Регионалните министерства беа укинати од кабинетот на Камерон во 2010. Само лондонскиот регион кој е подрегион споредено со другите региони во Англија има директна изгласана влада. Само еден регионален референдум се одржа кој побара одржување на директни избори насекаде – во североисточна Англија - но беше убедливо одбиен од електоратот.

Слоевите на изгласаната локална управа варираат. Во различни области највисокото ниво избраната локална управа може да биде

  • Грофовии, кои можат да бидат

унитарни органи на власта на едно ниво, или поделени во окрузи ( познати и како градски реони)

  • Окрузи кои се посебни унитарни органи на власта во некои области
  • Метрополски окрузи ( наречени и метрополски градски реони) во некои области се слични на унитарни органи на власта, но имаат поврзани управни одбори со други окрузи во истото метрополскио грофовство.
  • Голем Лондон, кој е поделен во 32 градски реони и Лондон

Во повеќето области постои пониско ниво на управување, месни заедници, со ограничени функции. Повеќето месни заедници се во руралните области, но ако заедницата е град тогаш месниот совет може да се нарекува и градски совет. Во неколку случаи ако заедницата е поголем град тогаш месниот совет се нарекува исто така градски совет.

Метрополските грофовии и неколку помали грофовии, повеќе немаат изгласани совети или административни функции, и нивните поранешни функции се вршат од окрузите. Ваквите грофовии остануваат да бидат церемонијални грофовии.

Северна Ирска

уреди

Северна Ирска е поделена на 26 окрузи. Локалната управа во Северна Ирска не ги извршува истиот степен на функции како оние во остатокот на Обединетото Кралство. Северно-ирското Министерство за животна средина најави планови за намалување на бројот на советите на 11 во 2015. Тука ќе се види трансферот на (одредени) овластувања од регионалите управувачки министерства кон локалните окружни власти. Овластувањата опфаќаат: туризам, економски развој и планирање.

Велс

уреди

Велс има постојан систем на 22 унитарни органи на власта, именувани како окрузи или градски реони. Исто така, постојат и заедници еквивалентни на месни заедници.

Шкотска

уреди

Локалната управа во Шкотска е уредена од унитарните органи на власта, каде што земјата е поделена во 32 областни единици.

Северна Америка

уреди

Канада

уреди

Канада има федерален систем со 3 вида на управување. Најголемата е федералната влада, проследена со провинциска и локална влада. Општинските влади се посебно бираат. Тие мора да ги следат законите и упатствата како што се наложени од нивните покраини, но се овластени и да донесуваат дополнителни закони и акти несекојдневни за нив.

Мексико

уреди

Мексико е федерална република составена од 31 држава и една федерална административна единица. Секоја држава е поделена на општини каде што федералната административна единица е поделена на соседства (delegaciones). 29 држави на Мексико беа создадени како административни поделби од Уставот во 1917 година, кој им гарантира овластувањата кои не се директно ополномоштени од федералната власт. Двете преостанати територии на Мексико, Јужна Дона Калифорнија и Кинтана Ро добија државност на 9 октомври 1974, покачувајќи го вкупниот збир на 31. Секоја држава си има свој Устав, управник кој се бира на секои 6 години, и еднозаконодавно тело со претставници изгласани преку реонско гласање во пропорција на населението. Обична седница на законодавството се одржува годишно, и дополнителни седници можат да се свикаат од управникот или постојаниот комитет. Предлог-законите можат да се предложат од законодавците, управникот, од државниот Врховен суд и од општините. Како додаток на оваа 31 држава, исто така, има една федерална административна единица која се состои до Мексико Сити, чиј управник е и член на кабинетот. Многу државни услуги се поддржани од државните субвенции.

Основната единка на државното управување е општината. 2378 општини на Мексико се управувани од општинските претседатели и општинските совети. Државните управници генерално ги селектираат номинираните за општинските избори. Општинските буџети се одобруваат од државните управници. До 1997 година, Претседателот го назначуваше градоначалникот на Мексико Сити. Политичките реформи ги овозможија првите отворени избори во 1997 и Куатемок Карденаз стана првиот избран градоначалник на Мексико Сити.

Океанија

уреди

Австралија

уреди

Локалната власт е третиот тип на управување во Австралија, после федералната и државната.

Нов Зеланд

уреди

Нов Зеланд има локална власт кој се состои од два комплементарни дела на локални органи – регионални совети и територијални органи на власта. Моментално постојат 86 локални органи кои се составени од:

  • 12 регионални совети кои го опфаќаат скоро целиот дел од земјишната област на Нов Зеланд и
  • 74 територијални органи на власта ( составени од 58 локални совети и 15 градски совети).

Шест од територијалните органи на власта се унитарни органи на власта, кои исто така ги имаат овластувањата на регионалните совети. Тоа се: Советот на Оукленд, Советот на Нелсон Сити, Гизборн, Локалните совети на Марлброу и Тасман, и Советот на Чатамските Острови. Областите на регионалните совети се основани на области на системи за собирање на вода, каде што територијалните органи на власта се основани на заедници од интерес и пристап на патиштата. Во рамките на областите на регионалниот совет најчесто постојат многу градови или локални совети , иако градовите и локалните совети можат да бидат во повеќе области на регионалените совети.

Јужна Америка

уреди

Аргентина

уреди

Аргентина е федерација од 23 покраини и федералниот главен град Буенос Аирес. Во деветнаесеттиот век имало жестока борба помеѓу Буенос Аирес и внатрешните покраини, и подолго време постоела тензија во однос на поделбата на овластувањата меѓу централната власт и провинциските органи. Федералната влада задржала контрола врз суштинските прашања како што се: регулација на стопанството, собирање на данок, валута, граѓански и трговски законици, или назначување на странски делегати. Провинциските управници се бираат на секои 4 години.

Уставните поими “национално вмешување” и “опсадна состојба” овластувања на претседателот често се применувани. Првата од овие овластувања била создадена да “гарантира републиканска форма на власта во покраините”. Од усвојувањето на Уставот во 1853 , федералната власт има интервенирано над 200 пати, најчесто преку декрет на претседателот. Со ова овластување, провинциските и општинските совети можат да се прогласат нецелосни, состаноците да се откажат и локалните избори да се надгледуваат. Пред 1966 и 1973 сите локални законодавни тела беа распуштени и провинциските управници беа назначувани од новиот претседател. Обновување на провинциската и општинската власт се проследија со враќањето уставната влада во 1973 година. По мартовскиот државен удар во 1976, федералната власт повторно се интервенира да ги отстрани сите провинциски управници и наметна директно воено владеење низ сите општини. Од 1983, повторно е на сила претставничката локална власт.

Сè до 1996, Претседателот ги назначуваше градоначалниците на Буенос Аирес, и по закон, Претседателот и Конгресот го контролираа секое донесување на закон кое се однесуваше за градот. Во истата година, уставните реформи доведоа до изгласана градоначалничка позиција и законодавно овластување на 60 члена. Членовите се избираат по системот на пропорционална застапеност и имаат мандат од 4 години.

Бразил

уреди

Бразил е поделен на 26 држави и една федерална административна единица. Власта е поделена во федерална, државна и општинска. Федералната административна единица не содржи општини и работи истовремено како држава и општина.

Не постојат барања за минимум или максимум популација за постоење на општина. Бора е најмалата општина во земјата со 805 жители, а Саун Пауло е најголемата со 11.316.149 жители. Истиот систем се проследува во изборите за федерална , државна или општинска власт, со избори за претседател, управник или градоначалник на извршната гранка и федерален застапник, федерален сенат, државен застапник и одборниците за законодавната гранка. Според Уставот, во општините бројот на одборниците варира од 9 до 55.

Парагвај

уреди

Парагвај е поделен во департмани, кои се поделени во административни единици, кои, по редослед, се состојат од општини ( минимум услов за општина се 3000 лица) и рурални места, управник, избран преку гласање раководи со секој департман. Општинската власт се врши преку општински одбор, избран на директно гласање, и извршен департман. Во поважните градови, извршниот департман се управува од градоначалник назначен од министерството за внатрешни работи; во други места, градоначалникот е назначен од претседателите на општинските одбори. Шефовите на полицијата се назначени од централната власт.

Перу

уреди

Перу е поделен на 25 региони и Лима покраината. Секој регион има избрана власт составена од претседател и совет кои опслужуваат четиригодишен мандат. Овие власти планираат регионален развој, извршуваат јавни инвестициски проекти, промовираат економски дела и управуваат со јавниот имот. Покраината Лима е раководена од градски совет. Целта на пренесување на овластувањата на регионална и општинска власт, покрај другите работи, беше со цел да го подобри учеството на народот. Невладините организации играа важна улога во процесот на децентрализација и сè уште влијаат на локалните политики.