Трагикомедија e книжевен жанр кој ги спојува елементите на трагедијата и комедијата. Тој термин е карактеристичен за драмската книжевност и може да се применува како на трагична драма која содржи доволно комични елементи за да може да се каже дека тие ја ублажуваат сериозната атмосфера, така и на било кој сериозен драмски текст со среќен крај.[1]

Трагична и комична маска. Мозаик во „Вилата на Хадријан

Античка книжевност

уреди

Ниту една дефиниција на трагикомедијата не ни дошла од антиката. Се претпоставува дека Аристотел имал во план подоцна ренесансното значење на тој термин (сериозно дејствие со среќен крај), кога во Поетика објаснува за трагедијата со двострани завршетоци. Во таа смисла, неколку сочувани грчки и римски драми, на пример Алкестида на Еврипид, може да се смета како трагикомедија, не заради какви било внатрешни одлики на тие текстови. Самиот термин „трагикомедија“ потекнува од римскиот комедиограф Плавт, кој тој збор го кажал на шега, и го употребил во Амфитрион: богот Меркур, кога видел дека е недостојно боговите и кралевите да се појавуваат како робови во една комедија, изјавил дека подраго би му било од тој текст да направиме „трагикомедија“.[2]

Да направиме мешавина, нека биде трагикомедија.

Сметам дека не треба цела да биде комедија, затоа што во неа се појавуваат кралеви и богови.

Што мислите? Зошто и роб се појавува тука, ќе ги уредам, како што реков, ова ќе биде трагикомедија... – Плавт, Амфитрион


Комедијата Амфитрион била пишувана по пример на некој грчки текст од старата или најверојатно новата античка комедија. Како прво тоа е митолошка пародија, каде што се појавуваат и ликови типични за трагедија (богови, кралеви, херои) и ликови типични за комедија (обични луѓе, робови).

Наводи

уреди
  1. Dewar-Watson, Sarah; Eds. Subha Mukherji and Raphael Lyne (2007). "Aristotle and Tragicomedy." Early Modern Tragicomedy. Brewer. ISBN 978-1-84384-130-2. Посетено на 26 January 2012.
  2. Foster, Verna A. (2004). The Name and Nature of Tragicomedy. Aldershot, UK: Ashgate. стр. 16. ISBN 0-7546-3567-8.