Ласло Ѓере (2 јуни1995 година Сента) е српски тенисер со унгарско потекло.
Најдобар пласман на АТП листата му е 27 место во поединечна конкуренција од 10.06.2019. На почетокот играл во предизвикувачите, а од 2015 година се почесто во квалификациите на АТП турнирите, а од 2018 г. . почнал да игра редовно во главната ждребка.
Во 2012 година, тој победил на „Orange Bowl“ во тенис до 18 години.[1]
Ѓере ја започнал својата АТП кариера во 2013 година на Тајланд Опен, каде што пристигнал благодарение на специјалната покана што ја добил англиски: wild card). Во првото коло на тој турнир загубил од шестиот носител Фелисијано Лопес со 0:2 (3:6, 3:6).[2]
Својот прв забележителен резултат го постигнал на Чешкиот опен одржан во Простејов во јуни 2015 година, каде што загубил во финалето од вториот носител Јиржи Весели, кој тогаш бил 41. на АТП листата. На тој турнир, тој победил тројца играчи од топ 100 до финалето, вклучувајќи го и првиот носител Мартин Клижан. Другите двајца играчи биле Душан Лајовиќ и Жоао Соуза.[3][4]
Тој ја освоил првата АТП титула во кариерата во февруари 2019 година на турнирот од серијата 500 во Рио де Жанеиро. Во финалето тој го победил 18-годишниот КанаѓанецАлиасима. На тој начин обезбедил голем напредок на АТП листата, од 90. до 37. место. Веќе на почетокот на турнирот, тој го победил првиот носител, Доминик Тим, што воедно е негова прва победа над некои од најдобрите 10 играчи.[5]
Тој стигнал до својата втора АТП титула во октомври 2020 година на турнирот од серијата 250 во Сардинија. Тој во мечот за титулата во два сета го совладал Марко Чекинат.[6]