Сител
Сител — приватен телевизиски канал што започнал да прикажува програма на македонски јазик на 17 септември 1994 година, како една од првите приватни ТВ-станици во Македонија. Сител е медиум со претежно забавен општ формат.[1] Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски јазик, но се прикажуваат и други серии, како и програма од македонско производство: „Качамак“, „Брза кујна“, „Сè или ништо“, „Листа за 300“ и други. Исто така има информативна програма, која прикажува централни вести во 19:00 и 23:00 часот.[2][3]
Сител-телевизија | |
---|---|
Отпочната | 17 септември 1994 |
Држава | Македонија |
Јазик | македонски |
Област на емитување | Македонија |
Сестрински канал(и) | Сител 2, Сител 3 - поранешни |
Веб-страна | sitel.com.mk |
На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пуштила и својата сателитска програма, телевизија Сител 3, а на 20 јуни 2013 година, вториот канал, Сител 2, кој бил регионален канал и можел да се прикажува само во областа на Кратово, Куманово и Крива Паланка. И двете сестрински канали не се активни.
Домашна програма
уредиЕмисии
- Ја сакам Македонија
- Качамак
- Се или нешто
- Мерак меана
- Брза кујна
- Листа за 300
- Шоу Магазин
- Детектор
Телевизиски серии
Наводи
уреди- ↑ Совет за радиодифузија
- ↑ „Официјално мрежно место на Сител“. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 2013-06-10.
- ↑ „Серии на Сител“. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 2013-06-10.