Корфалу

(Пренасочено од Куровали)

Корфалу или Куровали (грчки: Ανάληψη, Аналипсис, до 1958 г. Κορφαλού, Корфалу[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 478 жители (2021).

Корфалу
Ανάληψη
Корфалу is located in Грција
Корфалу
Корфалу
Местоположба во областа
Корфалу во рамките на Лагадина (општина)
Корфалу
Местоположба на Корфалу во Солунско и областа Централна Македонија
Координати: 40°43′N 23°10′E / 40.717° СГШ; 23.167° ИГД / 40.717; 23.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаЛагадина
Општ. единицаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000157000000157 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно478
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на неколку километри источно од градот Лагадина во Лагадинската област, во близина на северниот брег на Лагадинското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 157 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Корфалу е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Турци[3].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[4]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 344 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1958 година, селото било преименувано во Аналипсис.[5]

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 301 жител.[6], додека во 1940 година селото броело 474 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 580 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 595 жители, во 1971 година имало 605 жители, во 1981 година имало 545 жители, додека во 1991 година имало 553 жители[7]. Денеска, населението на селото е 606 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 474 580 595 605 545 553 606 478
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Ανάληψη
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  4. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 105.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-20.