Абд-ар-Рахман III
Абд-ар-Рахман III — емир и халиф на Кордоба во периодот од 912–961 година.
Абд-ар-Рахман III | |||||
---|---|---|---|---|---|
Амир ал-муминин[1] | |||||
Сребрен дирхам на Абд ал-Рахман III, искован во 335 хи | |||||
15-ти халиф на Омејадите 1-в халиф на Кордоба | |||||
На престол | 16 јануари 929 – 15 октомври 961 | ||||
Крунисување | 16 јануари 929 (38)[2] | ||||
Претходник | Самиот себе како емир | ||||
Наследник | Ал-Хакам II | ||||
8-ми Емир на Кордоба | |||||
На престол | 16 октомври 912 – 16 јануари 929 | ||||
Баја | 17 октомври 912 (21)[3] | ||||
Претходник | Абдулах | ||||
Наследник | Емиратство претворено во халифат | ||||
Роден(а) | 7 јануари 891 Кордоба[4] | ||||
Починал(а) | 15 октомври 961[5] Кордоба[6] | (возр. 70)||||
Почивалиште | Алказар[7] | ||||
Придружник | Фатима Ал-Мундир[8] Марџан[9] или Мурџан[10] (favorite) | ||||
Деца | Синови:[8] Ал-ХакамII[10] Абд ал-Азиз Ал-Асбаг Убајд Алах Абд ал-Џбар Абд ал-Малик Сулејман Абдула Марван Ал-Мундир Ал-Мугира | ||||
| |||||
Династија | Омејади | ||||
Татко | Мухамед ибн Абдулах | ||||
Мајка | Музна (Марија)[1] | ||||
Вероисповед | ислам [11] |
По смртта на халифот Абдулах (888-912) како негов наследник бил избран, неговиот внук Абд-ар-Рахман III (912-961). Емиратството кое го наследил не било обединето и се соочил со многу бројни внатрешни немири. Во многу кратко време Абд-ар-Рахман III успеал да го смени патот на настаните. Неговите успеси започнале со победата над племето Бануи во 917 година кога успеал да ја земе во своја власт Севиља. Абд-ар-Рахман ставил крај на бунтот кој го води Умар-ибн-Хафун, кој во своја власт ја имал Серанија де Ронда откако избегал од Бобастро.
Со постигнатите успеси Абд-ар-Рахман III создаал свое кралство и добил многубројни симпатизери. Во 929 година Абд-ар-Рахман III се прогласил за халиф што во превод значи „Принц на верниците“, најголемиот претставник од Господ на земјата, Абд-ар-Рахман III паралелно ја спојува политиката со религијата и истовремено прогласил независност на андалусите од Багдатскиот халифат.
Абд-ар-Рахман III продолжил со своите освојувања и во 932 година го зазел Толедо и пет години подоцнa во 937 г. исто така ја зазел Сарагоса. Во центарот на Алмерија воспоставил важна флота и својот освојувачки поход го продолжил заземајќи ја Мелилија во 927 г., Сеута во 931 г. и Тангер во 951 г., а во 920 година го поразил кралот од Навара, Санчо Гарсес I и четири години подоцна се наметнал над Памплона. Кралот Рамиро II од Леон го спречил во повторното воспоставување на границата со реката Дуеро во 939 г. По неговата смрт Абд-ар-Рахман го приклучил Леон во својата територија, како и Навара, Кастиља и Барселона, каде потпишале договор за мир и пријателство со Борел II од Барселона.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Fletcher, Richard (2006) [First published 1992]. Moorish Spain. Chapter 4: The Caliphate of Córdoba (2. изд.). Berkeley, California: University of California Press. стр. 53–54. ISBN 978-0-520-24840-3.
- ↑ Wasserstein, David (1993). The Caliphate in the West: An Islamic Political Institution in the Iberian Peninsula (snippet view). Oxford: Clarendon Press. стр. 11. ISBN 978-0-19-820301-8. Посетено на 5 September 2010.
- ↑ Azizur Rahman, Syed (2001). The Story of Islamic Spain (snippet view). New Delhi: Goodword Books. стр. 129. ISBN 978-81-87570-57-8. Посетено на 5 September 2010.
[Emir Abdullah died on] 16 Oct., 912 after 26 years of writing an intro to the first caliph and leaving his fragmented and bankrupt kingdom to his grandson ‘Abd ar-Rahman. The following day, the new sultan received the oath of allegiance at a ceremony held in the "Perfect salon" (al-majils al-kamil) of the Alcazar.
- ↑ Byers, Paula Kay, уред. (1998). „Abd al-Rahman III“. Encyclopedia of World Biography. Volume 1: A – Barbosa (2. изд.). Thomson Gale. стр. 14. ISBN 978-0-7876-2541-2. Посетено на 5 September 2010.
- ↑ Gordon, Matthew (2005). The Rise of Islam. Document 15: Abd al-Rahman III of al-Andalus. Greenwood guides to historic events of the medieval world. Westport, Connecticut: Greenwood Publishing Group. стр. 151. ISBN 978-0-313-32522-9.
- ↑ „'Abd ar-Rahman III“. Encyclopædia Britannica. I: A-Ak - Bayes (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica, Inc. 2010. стр. 17–18. ISBN 978-1-59339-837-8.
- ↑ Kennedy, Hugh N. (1996). Muslim Spain and Portugal: A Political History of al-Andalus (snippet view). London: Longman. стр. 99. ISBN 978-0-582-49515-9. Посетено на 6 September 2010.
The Caliph died on 15 October 961 and was buried with his predecessors in the Alcazar at Cordoba.
- ↑ 8,0 8,1 Vallvé Bermejo, Joaquín (1999). Al-Andalus: Society and Institutions. Volume 20 of Clave historial (шпански). Madrid: Real Academia de la Historia. стр. 48–50. ISBN 978-84-89512-16-0.
- ↑ Marín, Manuela (2002). Lacarra Lanz, Eukene (уред.). Marriage and Sexuality in Medieval and Early Modern Iberia. Marriage and Sexuality in Al-Andalus. Volume 26 of Hispanic issues. New York: Routledge. стр. 14. ISBN 978-0-415-93634-7.
- ↑ 10,0 10,1 Kassis, Hanna (1999). Nagy, Balázs; Sebők, Marcell (уред.). The Man of Many Devices, Who Wandered Full Many Ways (Festschrift in Honor of János M. Bak). A glimpse of openness in medieval society: Al-Ḥakam II of Córdoba and his non-Muslim collaborators. Budapest: Central European University Press. стр. 162. ISBN 978-963-9116-67-2.
- ↑ Daftary, Farhad (1992). The Isma'ilis: Their History and Doctrines. Cambridge University Press. стр. 173. ISBN 978-0-521-42974-0.
... the Umayyad ʿAbd al-Raḥmān III, who was a Mālikī Sunnī.