Колин Фирт
Колин Ендрју Фирт (анг: Colin Andrew Firth; роден на 10 септември 1960 г.) ― англиски театарски и филмски глумец и продуцент.
Колин Фирт | |
---|---|
Колин Фирт во 2017 | |
Роден(а) | Колин Ендрју Фирт 10 септември 1960 Грејшот, Хемпшир, Англија, ОК |
Државјанство |
|
Алма матер | Национален младински театар Драмски центар - Лондон |
Занимање |
|
Активен период | 1983–денес |
Улогата на г-дин Дарси во телевизиската адаптација на Гордост и предрасуди од Џејн Остин во 1995 година го свртело вниманието кон него и почнал да добива улоги во позначајни филмови како што се Англискиот пациент (1996), Вљубениот Шекспир (1998), Дневникот на Бриџит Џонс (2001), Девојка со бисерна обетка (2003), романтичната комедија Love Actually (2003) и музичката комедија Мама Миа! (2008) и нејзиното продолжение, Mamma Mia! 2 (2018).
Во 2009 година, Фирт за улогата во Самец, ја освоил наградата БАФТА и ја добил својата прва номинација за Оскар. Во 2010 година, за улогата на кралот Џорџ VI во „Говорот на кралот“ од режисерот Том Хупер освоил Оскар за најдобар глумец.[1]
Добитник е на многу признанија, како Оскар, две Награди од Британската филмска академија, награда Златен глобус и три награди од Здружението на глумците на екранот. Во 2011 година, Фирт, од кралицата Елизабета II во Бакингемската палата, добил орден од Редот на Британската Империја за неговите услуги во драмата.[2] Истата година, добил и ѕвезда на Булеварот на славата во Холивуд, а магазинот Тајм го вклучи во нивната листа 100 највлијателни луѓе во светот.[3]
Детство и младост
уредиКолин Фирт е роден на 10 септември 1960 година во селото Грејшот во Хемпшир,[4] во учителско семејство. Дел од детството го поминал во Нигерија,[5] а потоа на негови 11 години живеел во Сент Луис, САД.[6] По враќањето во Англија се запишал во средно училиште во Винчестер.
Откако завршил средно училиште, Фирт се преселил во Лондон и бил примен во Националниот младински театар, каде што запознал многу луѓе и се вработил во одделот за гардероба во Националниот театар.[7] Потоа студирал во Драмскиот центар во Лондон.[8]
Кариера
уредиСвојата филмска кариера ја започнал со екранизацијата на претставата Друга земја, каде што бил избран да го игра ликот на Џад (а Руперт Еверет го играл Гај Бенет).[9][10] Потоа играл најразлични улоги на филм и телевизиски серии, меѓу кои и главните улоги во Еден месец во село (A Month in the Country) (1987), Tumbledown (1988) и Валмон (Valmont)(1989).
Пресвртница во неговата кариера била неговата улога како гордиот аристократ г-дин Дарси во мини-серијата на Би-Би-Си, Гордост и предрасуда (1995) заснована на романот од Џејн Остин. За оваа улога бил номиниран за БАФТА.
По ова тој добивал улоги во комерцијално успешни филмови како што се Англискиот пациент (добитник на девет Оскари), Вљубениот Шекспир (кој освоил седум статуетки, вклучувајќи и оскар за најдобра глумица за Гвинет Палтроу), Дневникот на Бриџит Џонс со Рене Зелвегер, Девојката со бисерна обетка со Скарлет Јохансон. Во Мама Миа!, музички филм со Мерил Стрип во главната улога, го игра Хари Брајт, еден од можните татковци на Аманда Сејфрид.
Колин Фирт глумел и во Easy Virtue, кој премиерно бил прикажан на Римскиот филмски фестивал и добил одлични критики.[11] Тој глумел во Џенова, кој имал премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2008 година. Во 2009 година глумел во Божиќна песна, адаптација на романот од Чарлс Дикенс.[12] Во Сликата на Доријан Греј (2009), филм со Бен Барнс во главната улога, кој се базира на истоимениот роман од Оскар Вајлд, тој го играл лордот Хенри Вотон.
На 66-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција во 2009 година, за неговата улога како професор на колеџ кој се бори со осаменоста по смртта на неговата долгогодишна партнерка во режисерското деби на Том Форд, „Самец“, Колин Фирт го добил Волпи купот за најдобар актер. За таа улога добил најдобри критики во кариерата и бил номиниран за Оскар, Златен глобус, награда од Здружението на глумците на екранот, БАФТА и номинации за BFCA; во февруари 2010 година ја освоил наградата БАФТА за најдобар глумец во главна улога.[13]
Во филмот „Говорот на кралот“ (2010) Колин Фирт ја глуми улогата на принцот Алберт, војвода од Јорк/Кралот Џорџ VI, Во кој се опишуваат обидите на кралот да ја надмине својата говорна маана откако ќе стане крал на Обединетото Кралство кон крајот на 1936 година. На Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF),[14] филмот добил овации. На 16 јануари 2011 година, за улогата во Говорот на кралот тој освоил Златен глобус за Најдобра изведба на актер во филм – драма. Здружението на глумците на екранот, на 30 јануари 2011 година му ја доделило наградата за најдобар машки глумец.[15] Во февруари 2011 година, ја освоил својата втора последователна награда за најдобар глумец на наградите БАФТА во 2011 година,[16] а на 27 февруари 2011 година добил Оскар за најдобар глумец.[17] Филмот заработил 414.211.549 долари.[18]
Фирт го глумел британскиот таен агент Бил Хејдон во адаптацијата од 2011 година на романот од Џон ле Каре, Крпар, кројач, војник, шпион, во режија на Томас Алфредсон и со Гери Олдман, Бенедикт Камбербач, Том Харди, Марк Стронг и Џон Херт.[19]
Во комедијата A Perfect Plan (2012) глумел заедно со Камерон Дијаз, во кој коваат план за измама со продажба на лажна слика. Во мај 2013 година, било обелоденето дека Фирт потпишал да глуми заедно со Ема Стоун во романтичната комедија на Вуди Ален „Магија на месечината“, со дејство во 1920-тите и снимена на Француската ривиера.[20] Во 2014 година, го глумел Хари Харт во шпионскиот акционен филм Kingsman: The Secret Service, кој заработил 414,4 милиони долари наспроти буџет од 81 милион долари.[21]
Во 2017 година, повторно ја играл улогата на Џејми од „Love Actually“ од 2003 година.[22] Истата година, Фирт го глумел Хари Харт во продолжението Kingsman: The Golden Circle.[23] Во 2018 година, Фирт ја повторил својата улога на Хари Брајт во продолжението на Mamma Mia!, Мама Миа! 2.[24] Потоа глумел во музичката научна фантастика Мери Попинс се враќа, со Емили Блант во главната улога. Тој исто така го глумел командантот на британската морнарица Дејвид Расел во Курск, филм за вистинскиот настан за катастрофата на подморницата Курск во 2000 година.[25][26][27] Во 2019 година, тој имал камео улога како британски генерал во филмот од Сем Мендес, 1917.[28] Сместен во Англија во 1947 година, Фирт глуми со Џули Волтерс во Тајната градина, а подоцна во 2020 година со Стенли Тучи во Супернова .[29] Во 2021 година, глумел во романтичната драма Mothering Sunday во режија на Ева Хусон.[30] Во декември 2021 година, добил улога во драма филмот од Сем Мендес, Империја на светлината, со Оливија Колман во главната улога.[31] Во април 2022 година глумел во Операција Минсмит.[32] Во мај 2022 Фирт се вратил на телевизија глумејќи го Мајкл Петерсон во HBO серијата Скалила.[33]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Колин Фирт на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Colin Firth at the BFI's Screenonline
- Колин Фирт — AllMovie (англиски)
- ↑ „Colin Firth wins best actor Oscar for The King's Speech“. BBC News. 28 February 2011. Посетено на 5 May 2021.
- ↑ „Main list of the 2011 Queen's birthday honours recipients“ (PDF). BBC News UK. Посетено на 11 June 2011.
- ↑ "Full List – The 2011 Time 100", Time, 21 April 2011. Retrieved 8 October 2012.
- ↑ „Person Details for Colin A Firth, "England and Wales Birth Registration Index, 1837-2008" — FamilySearch.org“. FamilySearch.
- ↑ Stated in interview on Inside the Actors Studio, 2011
- ↑ „Press Releases Colin Firth Desert Island DiscsCategory: Radio 4“. BBC Press Office releases. BBC. 4 December 2005. Посетено на 25 January 2013.
- ↑ „Colin Firth“. Biography. Архивирано од изворникот на 21 November 2015. Посетено на 6 July 2012.
- ↑ „Colin Firth“. People. Time Inc. Архивирано од изворникот на 13 March 2013. Посетено на 25 January 2013.
- ↑ „Another Country“. BFI Film. BFI. Архивирано од изворникот на 13 July 2012. Посетено на 27 January 2013.
- ↑ Jacques, Adam (23 March 2014). „How we met: Colin Firth & Julian Mitchell“. The Independent. Посетено на 14 April 2014.
- ↑ „Easy Virtue brings British humour to Rome Film Festival“. Посетено на 27 October 2008.
- ↑ „Colin Firth's discomfort in skin-tight spandex for A Christmas Carol animated movie“. The Telegraph. 3 November 2009. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 30 January 2013.
- ↑ „Bafta wins for Carey Mulligan and Colin Firth“. BBC News. 21 February 2010. Посетено на 14 February 2011.
- ↑ Evans, Ian (2010), Tom Hooper, Colin Firth and Geoffrey Rush at The King's Speech premiere at the 35th Toronto International Film Festival, DigitalHit.com, Посетено на 3 August 2011
- ↑ Whitworth, Melissa (17 January 2011). „Golden Globes 2011: Colin Firth wins Best Actor as The Social Network takes four awards“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 10 January 2022. Посетено на 14 February 2011.
- ↑ Brown, Mark (14 February 2011). „Baftas 2011: The King's Speech sweeps the board“. The Guardian. London. Посетено на 14 February 2011.
- ↑ Singh, Anita (28 February 2011). „Colin Firth takes Oscars crown as British film proves mother knows best“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 2011-03-03. Посетено на 28 February 2011.
- ↑ „The King's Speech box office statistics“. Box Office Mojo. IMDb.com, Inc. Посетено на 23 January 2013.
- ↑ „Benedict Cumberbatch Joins 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy'“. 16 August 2010. Посетено на 4 September 2010.
- ↑ Ben Child (May 2013). „Colin Firth to star in Woody Allen's next film, alongside Emma Stone“. The Guardian.
- ↑ "Kingsman: The Secret Service (2015)". Box Office Mojo. 1 March 2015. Retrieved 23 June 2015.
- ↑ „Red Nose Day Love Actually sequel: what happened to every character in the Comic Relief special“. 24 March 2017.
- ↑ Shoard, Catherine (11 July 2016). „Colin Firth back from the dead for Kingsman 2“. The Guardian. Посетено на 1 September 2017.
- ↑ Zach Seemayer (22 June 2017). „EXCLUSIVE: Dominic Cooper Dishes on Returning for 'Mamma Mia 2': It's 'a Phone Call I've Been Waiting For'“. Entertainment Tonight. Посетено на 12 August 2017.
The actor will be joining a slew of big-name stars who are returning to the fun franchise, including Meryl Streep, Colin Firth, Amanda Seyfried and Pierce Brosnan.
- ↑ Kroll, Justin (10 February 2017). „Colin Firth Joins Emily Blunt in 'Mary Poppins' Sequel (EXCLUSIVE)“. Variety. Посетено на 24 October 2016.
- ↑ „Colin Firth to Star in Submarine Disaster Movie 'Kursk'“. The Hollywood Reporter. 25 May 2016. Посетено на 5 May 2017.
- ↑ „Lea Seydoux Boards EuropaCorp Submarine Drama 'Kursk' – Berlin“. Deadline Hollywood. 9 February 2017. Посетено на 5 May 2017.
- ↑ Galuppo, Mia (28 March 2019). „Colin Firth, Benedict Cumberbatch Join Sam Mendes' WWI Movie '1917'“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на 28 March 2019. Посетено на 7 May 2020.
- ↑ Allen, Ben (17 April 2018). „Colin Firth and Julie Walters to star in classic children's adaptation The Secret Garden“. Radio Times. Посетено на 30 October 2020.
- ↑ Hammond, Pete (9 July 2021). „'Mothering Sunday' Cannes Review: Josh O'Connor And Odessa Young Give Their All In Raw, Naked, And Intense British Romantic Drama“. Deadline Hollywood.
- ↑ Grobar, Matt (21 December 2021). „'Empire Of Light': Colin Firth, Toby Jones, Crystal Clarke & Tanya Moodie Join Sam Mendes' Searchlight Pictures Drama“. Deadline Hollywood. Посетено на 25 December 2021.
- ↑ Ritman, Alex (14 December 2021). „Warner Bros. Postpones U.K. Release of Colin Firth WWII Drama 'Operation Mincemeat' as Omicron Soars (Exclusive)“. The Hollywood Reporter.
- ↑ „How 'The Staircase' Brings Kathleen Peterson's Story to Life“. The Hollywood Reporter. 4 May 2022.