Отвори го главното мени

Ема Стоун

американска глумица

Емили Џин "Ема" Стоун (родена на 6 ноември 1988 г.)[1] е американска актерка. Својата прва улога, таа ја играла во филмот Кул Момци (2007). Во 2010, Стоун ја добила главната улога во комедијата Лесна девојка, за која добила номинација за Златен глобус за најдобра актерка во мјузикл или комедија. Таа исто така играла во романтичната комедија Таа луда љубов (2011), драмата Слугинки (2011), анимираниот филм Крудс (2013) како и во филмскиот серијал Неверојатниот Спајдермен (2012, 2014) како Гвен Стејси.

Ема Стоун
Стоун во 2014
Роден(а)6 ноември 1988 (1988-11-06) (31 г.)
Скотсдејл, Аризона, САД
ЖивеалиштеЛос Анџелес, Калифорнија
ЗанимањеАктерка

Во 2014, Стоун играла главна улога во романтичната комедија Магија на месечината режирана од Вуди Ален и споредна улога во филмот Човекот-птица режиран од Алехандро Гонзалез Ињариту. Нејзината изведба во Човекот-птица и ги донела номинациите за наградите Оскар, Златен Глобус и БАФТА за најдобра актерка во споредна улога. На 11 ноември 2014, таа за прв пат настапила на Бродвеј во мјузиклот Кабаре и за својата изведба добила позитивни критики.[2]

НаводиУреди

  1. „Emma Stone“. People.  Retrieved July 30, 2012.
  2. Marilyn Stasio. „Broadway Review: Emma Stone in ‘Cabaret’“. Variety. 

Надворешни врскиУреди