Самец (англиски: A Single Man) е американски драма филм од 2009 год. Филмот е заснован на истоимениот роман на Кристофер Ишервуд. Филмот е во режија на дизајнерот Том Форд. Во филмот како главен лик се појавува Колин Фирт како британски геј професор во колеџ кој живее во Јужна Калифорнија во 60те години.

„Самец (A Single Man)“
Официјален постер
РежисерТом Форд
ПродуцентТом Форд
Крис Вајц
СценаристСценарио:
Том Форд
Дејвид Сцирс
Роман:
Дејвид Ишервуд
Главни улогиКолин Фирт
Џулиен Мур
Жанрдрама
МузикаАбел Корцениовски
ДистрибутерThe Weinstein Company
Премиера11 декември 2009
Времетраење99 мин.
Земја САД
Јазиканглиски

Колин Фирт и Џулиен Мур добија номинација за најдобри главни глумци на престојните Златен Глобус номинации.

Премиерата на филмот беше на 11 септември 2009 во Венеција додека пак ограничената премиера во САД ќе биде во текот на демекври 2009, а се очекува филмот да влезе и во трката на престојните номинации за овогодинешните Оскари.

Кратка содржина уреди

Дејството се случува во Лос Анџелес, во 1962 год. Филмот е приказна за Џорџ Фалкон, 52-годишен професор на колеџ, кој се бори да најде смисла во својот живот, по смртта на долгогодишниот партнер Џим. Постојано гледајќи во минатото, Џорџ не гледа своја иднина. Минувајќи низ серија настани и средби тој се прашува дали има значење неговиот живот по смртта на Џим. Најголема поддршка има од својата пријателки Чарли, 48-годишна убавица, која има големи лични проблеми.

Улоги уреди

Надворешни врски уреди