Отвори го главното мени

Вљубениот Шекспир (англиски: Shakespeare in Love) е американско-британски драма филм од 1998 година, режиран од Џон Маден, а продуциран од Марк Норман. Во филмот е опишана љубовната афера на Вилијам Шекспир (го игра Џозеф Фајнс) во периодот кога ја пишувал трагедијатаРомео и Јулија“. Приказната во филмот е фиктивна, иако некои од улогите се засновани на вистински ликови.

„Вљубениот Шекспир“
Вљубениот Шекспир - плакат.jpg
Филмскиот плакат
РежисерЏон Маден
ПродуцентДејвид Парфит
Дона Џиглиоти
Харви Вејнстејн
Едвард Звик
Марк Норман
СценаристМарк Норман
Том Стопард
НастапуваатГвинет Палтроу
Џозеф Фајнс
Џефри Раш
Колин Фитр
Бен Афлек
Џуди Денч
МузикаСтивен Варбек
КинематографијаРичард Грејтрекс
МонтажаДејвид Гембл
ДистрибутерMiramax Films(САД)
Alliance Atlantis(Кан)
Universal Studios(интернационално)
Премиера3 декември, 1998 (САД)
29 јануари, 1999 (ОК)
Времетраење123 минути
Држава Обединето Кралство
 САД
ЈазикАнглиски
Буџет$25 милиони[1]
Бруто заработка$289.317.794[1]

„Вљубениот Шекспир“ освоил седум „оскари“, меѓу кои „оскар“ за најдобар филм, „оскар“ за најдобра актерка (Гвинет Палтроу) и „оскар“ за најдобра актерка во споредна улога (Џуди Денч).

Историска точностУреди

Филмот не претендира на историска точност и вклучува многу комични анахронизми (како психотерапевт, Шекспир како скока на ферибот и вели: „Следи го тој чамец!“, и Хенслоу како ја предвидува фразата „Шоуто мора да продолжи!“ (анг. „The show must go on!“). Сепак, костимите и прикажувањето на некои познати ликови, посебно кралицата Елизабета Прва, всушност се многу добро направени, и прецизно го прикажуваат расположението и модата на тоа време.

ДејствиеУреди

Филмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шекспир (го игра Фајнс) и Виола (ја игра Палтроу) која е благородничка. За да го подмири својот долг кон бизнисменот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија, која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во „Ромео и Јулија“. Летото 1593 година, писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16. век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.[2] [3]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Вљубениот Шекспир“ (1998). Box Office Mojo. IMDb. посет. 19 февруари 2012 г.
  2. „Вљубениот Шекспир“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 26.
  3. „Вљубениот Шекспир“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 18.

Надворешни врскиУреди