Девојката со бисерна обетка (филм)

Девојката со бисерна обетка е филм, во режија на Питер Вебер. Главните улоги ги играат: Колин Фирт, Скарлет Јохансон, Том Вилкинсон, Силијан Марфи и Џуди Парфит.

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во Делфт, Холандија, во 1665 година. По несреќата во која еден сликар го губи видот, неговата седумнаесетгодишна ќерка Грита мора да се вработи за да му помогне на своето семејство. Таа работи како домашна помошничка кај познатиот сликар Јоханес Вермер и со текот на времето започнува да му го привлекува вниманието. Иако меѓи нив двајцата постои огромна разлика во поглед на образованието, воспитувањето и социјалната положба, Вермер веднаш забележува дека Грита е надарена и има познавања од сликарството. Така, постепено, тој ја вовлекува девојката во светот на своите слики. Таа му станува модел и меѓу нив се развива наклонетост.
Вермер е оженет човек, со неколку деца и живее во куќата на својата остроумна тешта, која сфаќа дека Грита го инспирира уметникот и не се противи на нивната врска. Напротив, таа дозволува и понатаму да се развива нивниот однос. Грита се наоѓа во хаотично католичко семејство, водено од сопругата на Вемер, арогантната Катарина. Притоа, Грита е постојано изложена на опасноста да биде откриена од Катарина.[1][2]

Наводи

уреди
  1. „Девојката со бисерна обетка“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 18.
  2. „Уметност родена од забранета љубов“, Антена, број 898, 11.9.2015, стр. 3.