Велко Скочивирски
Велко Цветков Велков познат под псевдонимот Велко Скочивирски или Скочивирчето[1][2] (Скочивир, 5 април 1877 — Клепач, 15 мај 1906) — македонски револуционер, војвода во прилепскиот реон за Тајната македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО).
Велко Цветков Велков | ||
Роден | 5 април 1877 Скочивир, Битолско, Македонија како дел од Османлиското Царство | |
---|---|---|
Починал | 15 мај 1906 Клепач, Прилепско , Македонија како дел од Османлиското Царство |
Биографија
уредиВелко Скочивирчето е роден на 5 април 1877 година во мариовското село Скочивир, тогаш во Отоманското Царство, но по потекло бил од Чеган.[1] Се приклучил на ТМОРО и станал комита под водство на Ѓорѓи Сугарев. Подоцна станал регионален војвода во Прилепско. Во 1905 година водел активна борба против грчката пропаганда што се ширела во Мариово.[3] Загинал со целиот свој одред во битка со турската војска кај селото Клепач на 15 мај 1906 година.[4][5] Погребани се во дворот на селската црква „Свети Архангел Михаил“. За него се пее народната песна „Велко војвода се моли на Бога“.
Четата на Велко Скочивирчето, 1906 година | ||||
---|---|---|---|---|
Број | Име и презиме | Родно место | ||
1. | Велко Скочивирчето | Скочивир | ||
2. | Христо Романов | Брник | ||
3. | Димитар Берански | Беранци | ||
4. | Димитар Енимале | Битола | ||
5. | Костадин Енимале | Битола | ||
6. | Неделко Долиманов | Српци | ||
7. | Стрезо Милев | Клепач | ||
8. | Стојан Ѓорчев | Клепач | ||
9. | Тасе Костов | Крушевица[1][6] |
Спор за споменикот
уредиВеројатно за време на Првата светска војна, 10 години по смртта на овие комити, во селото Клепач била поставена надгробна спомен-плоча од страна на бугарската војска,[7] со имињата на убиените и натпис „Тие загинаа за слободата на Македонија и обединувањето на Бугарија. Кој паѓа во борбата за слобода, не умира“.
Во 2021 година споменикот бил заменет со таков на македонски јазик, во која e отстранет текстот за Бугарија. Официјалните власти во Бугарија, сметаат дека презимињата на четниците на новата плоча претставуваат фалсификување.[6] Истрагата утврдила и дека надгробната плоча не потпаѓа на ниту еден статус на заштитено културно обележје или природна реткост, туку се работи за приватен гроб и надгробна плоча.[8][9][10][11] Според Шило Магазин имињата и презимињата на новата плоча се запишани на македонски јазик и во форма во која ја употребуваат самите селани и роднините на загинатите комити.[12][13]
Според МНР член на семејството на војводата Велко, во договор со црковниот одбор на црквата „Архангел Михаил“, на своја иницијатива и ангажман ја извршил замената на надгробната плоча, при што самоволно одлучил да ја смени содржината и јазикот. Според владиката Петар Преспанско-пелагониски селаните на селото Клепач не сакале фалсификувана историја од страна на Бугарија, па затоа едногласно одлучиле да ја сменат плочата и да го сменат тој дел од содржината, натаму таа да биде на македонски јазик, зашто меѓу загинатите имало и нивни денешни директни наследници.[13]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Костески - Швака, Зоран. Мариово - Жива историја, Мариово филм, Скопје, 2020, с.236
- ↑ „Загинувањето на Ѓорѓи Сугарев“. www.ego.com.mk. Архивирано од изворникот на 2021-11-05. Посетено на 2021-11-05.
- ↑ Official Documents Concerning the Deplorable Condition of Affairs in Macedonia, Constantinople, At the printing press of the Patriarchate, 1906, рр. 118-119. Архивирано на 11 март 2016 г.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация : Войводи и ръководители (1893-1934) : Биографично-библиографски справочник. София, Издателство „Звезди“, 2001. ISBN 954-9514-28-5. с. 26.
- ↑ Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268.
- ↑ 6,0 6,1 Менуваме споменици, јаваме кон Европа, tribuna.mk, 27.9.2021 г.
- ↑ „„Лошото" друштво на Велко Скочивирски“. Трибуна. 2021-10-06. Посетено на 2021-11-05.
- ↑ Popovski, од Nikola (2021-10-03). „МНР до бугарските колеги: Надгробната плоча во прилепско е променета од член на семејството на Скочивирчето“. Локално (англиски). Посетено на 2021-11-06.
- ↑ „Член на семејството на Скочивирчето сам ја променил надгробната плоча за која Бугарија врачи протестна нота, информираше МНР – Maktel“. Архивирано од изворникот на 2021-11-06. Посетено на 2021-11-06.
- ↑ https://www.expres.mk/mnr-objasni-zoshtto-e-promeneta-plochata-za-koja-bugarija-upati-protesna-nota/
- ↑ https://emagazin.mk/chlen-na-seme-stvoto-na-vo-vodata-samiot-odluchil-da-a-promeni-nadgrobnata-plocha-za-ko-a-reagirashe-bugarskoto-mnr/
- ↑ „Пукна уште еден меур бугарски лаги- Велко Цветков Велковски - Скочивирски е македонски револуционер, прилепски војвода на ВМРО“. Шило Магазин. 2021-10-07. Посетено на 2021-11-05.
- ↑ 13,0 13,1 „Владиката Петар: Селаните на Клепач не сакаат фалсификувана историја, едногласно одлучиле да ја сменат плочата“. Pressing TV. 2021-09-30. Посетено на 2021-11-05.