Кесеџи Чифлик
Кесеџи Чифлик или Кесиџи Чифлик (грчки: Σιδηροχώρι, Сидирохори; до 1923 г. Κεσιτζή Τσιφλίκ, Кесиѕи Цифлик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 64 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Кесеџи Чифлик Σιδηροχώρι | |
---|---|
Координати: 41°15′N 23°1′E / 41.250° СГШ; 23.017° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Беласица |
Надм. вис. | 70 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 64 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во Серското Поле, околу 51 км северозападнно од градот Сер, на надморска височина од 70 м. Се наоѓа во непосредна близина на Бутковското Езеро и железничката линија Кукуш-Валовишта.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Кесеџи Чифлик бил македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кеседли-чифлик (Kessèdli-tchiflik) имало 32 домаќинства и 100 жители Македонци.[4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Кесеџи, чифлик околу еден час на југ од Порој. Орачи и овчари; доста плодна почва. 30 куќи македонски.[5] | “ |
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кесеџи Чифлик имало 180 жители, сите Македонци.[6][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кесеџи Чифлик имало 400 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[6][8]
Во Првата балканска војна, 4 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[9]
Во Грција
уредиВо Првата балканска војна Кесеџи Чифлик е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 154 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 147.[3]
Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, целото население (152 Македонци) принудно било иселено во Бугарија, а на нивно место се населиле 34 бегалски семејства (вкупно 183 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Сидирохори (Σιδηροχώρι).[2]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 210 жители.[6][3]
Стопанство
уредиБидејќи е сместено во котлина, селото располага со плодно земјиште од кое се добиваат високи приноси на жито и други земјоделски производи.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 222 | 239 | 219 | 194 | 145 | 160 | 119 | 95 | 64 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Беласица со седиште во градот Валовишта, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долно Порој, во кој влегува и истоименото село.
Личности
уредиРодени во Кесеџи Чифлик
- Миле Георгев — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Дончо Златков[10]
- Стојан Гегов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Дончо Златков[11]
- Танчо Гегов — деец на МРО, починал по битка на 8 ноември 1922 г. заедно со Г. К. Гајдев од Долно Порој и Тома Гоцев од Дели Хасан[12]
- Тако — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Илија Гегов[13]
- Тодор Изов — борец во Македонско-одринските доброволни чети, III чета на III Солунска дружина[14]
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2023-02-29. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 197.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 860.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 851. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 143. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 140. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Михайловъ, Иванъ (1965). Спомени II. Освободителна борба 1919 – 1924 г. (PDF). A. Rosseels Printing Co. стр. 707.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 686. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 306. ISBN 954-9800-52-0.