Кенија (планина)
Планина Кенија — највисоката планина во Кенија и втората највисока во Африка, по Килиманџаро[3]]]. Највисоки врвови на планината се Батијан (5.199 метри), Нелион (5.188 метри) и Ленана (4.985 метри). Планината Кенија се наоѓа во центарот на Кенија на околу 16,5 километри јужно од екваторот, околу 150 километри североисточно од главниот град Најроби. Планината Кенија е извор на името на Република Кенија.
Кенија | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 5199 м [1] |
Истакнатост | 3825 м [1] Ranked 32nd |
Заведена како | Највисок врв |
Координати | 0°9′03″S 37°18′27″E / 0.15083° ЈГШ; 37.30750° ИГД [1] |
Географија | |
Топокарта | Mt Kenya by Wielochowski and Savage[2] |
Геологија | |
Вид | стратовулкан |
Последен избув | 2.6–3.1 |
Искачување | |
Прво освојување | 1899 |
Планината Кенија е стратовулкан создаден пред околу 3 милиони години по отворањето на Источноафриканскиот Расед[4]. Пред глацијацијата, тој бил висок 7.000 метри. Планината била покриена со ледена капа илјадници години. Ова резултираше до создавање на многу еродирани падини[5] и бројни долини. Во моментов планината има 11 мали ледници. Пошумените падини се важен извор на вода за голем дел од Кенија.[6]
Постојат неколку вегетациски видови од основата до врвот[7]. Долните падини се покриени со различни видови шуми. Многу алпски видови се ендемски на планината Кенија[8] An area of 715 km2 (276 ми) around the centre of the mountain was designated a National Park[9], како што се гигантската лобелија и Senecio. На оовршина од 715 км2 околу центарот на планината се наоѓа Национален парк кој бил вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО во 1997 година[10]. Паркот има повеќе од 16.000 посетители годишно[6]
Историја
уредиПланината Кенија била втора од трите највисоки врвови на Африка, што била „откриена“ од Европејците. Првиот Европеец што ја видел планината од Китуи[11] (град на 160 километри од планината[3]) во 1849 година, бил германскиот мисионер д-р Јохан Лудвиг Крапф, кој една година порано го открил Килиманџаро[12]. Датумот на откривање бил 3 декември 1849 година.[13]
Месните жители му рекле на д-р Крапф дека не стигнале дотогаш до врвот на планината, поради тешката студена и бела материја што се спуштала од планината со голема бучава. Во тој поглед, тој сугерирал на постоење на ледници на планината. Овие податоци биле потврдени од жителите на племето Кикују.
Крапф, исто така, истакнал дека реките што течат од планините Кенија и други планини во регионот имаат константна струја за разлика од другите африкански реки кои биле исполнети за време на дождовната сезона и пресушувале во текот на сушната сезона. Бидејќи течението на реките не престанало дури и во најсушите периоди, тој верувал дека треба да постои извор на вода во вид на ледници на планината. Крупф верувал дека на планината може да се наоѓа изворот на Бел Нил[14].
Во 1851 година, Крапф се вратил во Китуи и се приближил на 65 километри до планината, но не го видел повторно. Во 1877 година, во близина на Китуи бил Хилдербранд, но тој исто така не ја видел планината. Бидејќи немало докази за постоењето на планината, за откривањето на Крапф започнало да се пристапува скептично.
Во 1883 година, Џозеф Томпсон случајно стигнал до западната страна на планината и го потврдил откривањето на Крапф. Тој ја продолжил својата експедиција и достигнал висина од 2.743 метри, но не можел да продолжи со качување поради проблеми со месното население. Самуел Телеки бил првиот европски жител чија нога стапнала на планината Кенија. Неговата експедиција достигнала надморска височина од 4.350 метри[15].
Во следната организирана експедиција во 1887 година од страна на Семјуел Телеки и Лудвиг фон Хонелем, тие достигнале височина од 4.350 метри на јужната страна на планината. Како резултат на експедицијата, тие верувале дека го откриле кратерот на вулканот. Во 1892 година, Телеки и фон Хонелем се вратиле на источните падини на планината, но не можеле да се искачуваат поради густата шума.
Во 1893 година експедицијата предводена од британскиот геолог Џон Валтер Григориј се искачила на ледниците на планината Кенија. Трасата на експедицијата поминала од езерото Баринго, и на крајот тие достигнале висина од 4.730 метри и поминале неколку часа на ледникот Луис. По враќањето во Британија, Григориј издал извештај за неговата експедиција.
Во 1894 и 1896 година, експедицијата на планината била организирана од германскиот физичар Георг Колб, кој прв стигнал до источната страна на планината. Меѓутоа, понатамошното проучување на планината станало можно само откако железничката пруга во Најроби била изградена во 1899 година[16][17]. Најсоодветниот пристап до планината бил овозможен од Момбаса од брегот на Индискиот Океан.
Геологија
уредиПланината е всушност стратовулкан кој бил активен во плио-плеистоценот. Оригиналниот кратер бил веројатно над 6.000 метри, поголем од Килиманџаро. Вулканот згаснал по два големи периоди на глацијација, кои се прикажани како два главни прстени под морената на ледникот. Најниското ниво на морена е на околу 3.300 метри[18]. Денешните ледници се на височина поголема од 4.650 метри[19]. По проучувањето на морената, Григориј ја поставил теоријата дека во еден момент целиот врв на планината бил покриен со мраз, и тоа била причината за ерозијата на врвовот[5].
Ниските делови на планината никогаш не биле под мраз. Тие главно се покриени со шуми денес. Тие се различни од повисоките делови на стрмните падини со речните долини во форма на буквата V. На горните делови на планината, во областа каде што сега е пустош, долините се направени во форма на буквата У[18].
Кога планината била вулкан, дошло до некои сателитски активности. На североисточната страна на планината има многу стари вулкански купи. Најголемиот од нив, Итангуни, дури имал и ледена капа кога врвот на планината бил покриен со мраз. Тоа може да се види од неговиот врв. Околните стрмни падини исто така се чести во оваа област, кои веројатно се дополнителни кратери. Меѓутоа, бидејќи Кенија денес има прилично симетрична форма, доаѓа до заклучок дека повеќето од активностите доаѓаат од централниот кратер.
Карпите кои ја сочинуваат планината се базалт, порфир, фонолит, кенит и трахит. Кенит, како карпа, бил откриен од Григориј во 1900 година во неговата студија за планината Кенија[20].
Геолошкиот поглед на Кенија првпат бил претставен од Џозеф Томсон во Западната заедница во 1883 година. Тој ја видел планина од блиското плато во Лајпциг и напишал дека тоа е активен вулкан со капак на врвот[21]. Но, бидејќи тој ја видел планината само од далечина, неговиот опис не бил добро прифатен во Европа, особено по 1887 година, кога Телеки и фон Хонел пристигнале на планината и го опишале врвот како кратер[22]. Во 1893 година, грегоријанската експедиција пристигнала на ледникот Левис на височина од 5.000 метри. Тој потврдил дека вулканот е исчезнат и дека ледниците биле присутни. Првото фундаментално истражување на Европејците не било спроведено до 1966 година[18].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Africa Ultra-Prominences" Peaklist.org. Retrieved 2012-02-06.
- ↑ „Mount Kenya Map Sample“. Ewpnet.com. Посетено на 16 April 2010.
- ↑ 3,0 3,1 Rough Guide Map Kenya (Map) (9. изд.). 1:900,000. Rough Guide Map. Картографија: World Mapping Project. Rough Guide. 2006. ISBN 1-84353-359-6.
- ↑ Philippe Nonnotte. „Étude volcano-tectonique de la zone de divergence Nord-Tanzanienne (terminaison sud du rift kenyan) – Caractérisation pétrologique et géochimique du volcanisme récent (8 Ma – Actuel) et du manteau source – Contraintes de mise en place thèse de doctorat de l'université de Bretagne occidentale, spécialité : géosciences marines“ (PDF).
- ↑ 5,0 5,1 Gregory, J. W. (1894). „Contributions to the Geology of British East Africa.-Part I. The Glacial Geology of Mount Kenya“. Quarterly Journal of the Geological Society. 50: 515–530. doi:10.1144/GSL.JGS.1894.050.01-04.36.
- ↑ 6,0 6,1 Gichuki, Francis Ndegwa (August 1999). „Threats and Opportunities for Mountain Area Development in Kenya“. Ambio. Royal Swedish Academy of Sciences. 28 (5): 430–435. Архивирано од изворникот (subscription required) на 2005-12-31.
- ↑ Resnick, Mike (1998). Kirinyaga: a fable of Utopia. Ballantine. стр. 293. ISBN 0-345-41701-1.
- ↑ Coe, Malcolm James (1967). The Ecology of the Alpine Zone of Mount Kenya. The Hague: Dr W. Junk.
- ↑ „World Heritage Nomination – IUCN Technical Evaluation Mount Kenya (Kenya)“ (PDF).
- ↑ United Nations (2008). „Mount Kenya National Park/Natural Forest“. Архивирано од изворникот на 30 December 2006. Посетено на 23 February 2008.
- ↑ Krapf, Johann Ludwig (1860). Travels, Researches, and Missionary Labours in Eastern Africa. London: Frank Cass & Co. Ltd.
- ↑ Mackinder, Halford (1900). „A Journey to the Summit of Mount Kenya, British East Africa“. The Geographical Journal. 15 (5): 453–476. JSTOR 1774261.
It was the missionary Rebmann of Mombasa who, in 1848, first reported the existence of Kilimanjaro. In the following year his colleague, Krapf, saw Kenya from Kitui, a spot 90 miles south-east of the peak.
- ↑ Dutton, E.A.T. (1929). Kenya Mountain. London: Jonathan Cape.
- ↑ Krapf, Johann Ludwig (13 May 1850). „Extract from Krapf's diary“. Church Missionary Intelligencer. i: 345.
- ↑ von Höhnel, Lieutenant Ludwig; Teleki, Count Samuel (1894). Discovery of Lakes Rudolf and Stefanie. London: Longmans.
- ↑ Allan, Iain (1981). The Mountain Club of Kenya Guide to Mount Kenya and Kilimanjaro. Nairobi: Mountain Club of Kenya. ISBN 978-9966-9856-0-6.
- ↑ Mackinder, Halford John (May 1900). „A Journey to the Summit of Mount Kenya, British East Africa“. The Geographical Journal. 15 (5): 453–476. doi:10.2307/1774261. JSTOR 1774261.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 Baker, B. H. (1967). Geology of the Mount Kenya Area. Geological Survey of Kenya. Ministry of Natural Resources.
- ↑ Mount Kenya Map and Guide (Map) (4. изд.). 1:50,000 with 1:25,000 inset. EWP Map Guides. Картографија: EWP. EWP. 2007. ISBN 978-0-906227-96-1.
- ↑ Gregory, J. W. (1900). „Contributions to the Geology of British East Africa. Part II. The Geology of Mount Kenya“. Quarterly Journal of the Geological Society. 56: 205–222. doi:10.1144/GSL.JGS.1900.056.01-04.12.
- ↑ Thomson, Joseph (1968) [1885]. Through Masai Land (3. изд.). London: Frank Cass & Co Ltd. ISBN 1-141-95717-5.
- ↑ Gregory, John Walter (1968) [1896]. The Great Rift Valley. London: Frank Cass & Co. Ltd. ISBN 0-7146-1812-8.
Надворешни врски
уреди„Кенија (планина)“ на Ризницата ? |
- „Mount Kenya National Park/Natural Forest“. UNESCO World Heritage Centre. 2011. Посетено на 28 June 2011.
- „Mount Kenya Trust“. Mount Kenya Trust. 2006. Посетено на 28 June 2011.
- „Mt. Kenya National Park“. Kenya Wildlife Service. 2011. Архивирано од изворникот на 2010-01-25. Посетено на 28 June 2011.
- „Mount Kenya, Kenya“. Peakbagger.com. Посетено на 27 July 2013. (англиски)
- „Mount Kenya Climbing Routes“. 2014. Посетено на 1 October 2014.