Камарето или Камаретово (грчки: Καμαρωτό, Камарото; до 1926 г. Καμαρότι, Камароти[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 324 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Камарето
Καμαρωτό
Камарето is located in Грција
Камарето
Камарето
Местоположба во областа
Камарето во рамките на Синтика (општина)
Камарето
Местоположба на Камарето во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°12′N 23°23′E / 41.200° СГШ; 23.383° ИГД / 41.200; 23.383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&1000000000000004000000040 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно324
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во Серското Поле, на 6 км југозападно од градот Валовишта, на надморска височина од 40 м. Се наоѓа во непосредна близина на патот Сер-Валовишта (ЕО63).[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Камарето било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Камарет (Kamarète) имало 45 домаќинства и 140 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Камаретово, чифлик на 1 час јужно од Валовишта. Грчка црква. 25 македонски куќи.[6]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Камарето имало 200 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Камарето имало 160 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[4][8]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[9]

До 1912 г. Камарето било чифлик на Акил-бег од Сер со 40,000 декари земјиште и пасишта.[10]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 126 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 139 лица.[3]

Поради плодното земјиште во атарот на селото, во 1924 г. грчките власти сместиле 109 бегалски семејства (вкупно 516 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Камарото (Καμαρωτό).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 814 жители.[3]

Стопанство

уреди

Населението одгледува жито, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 886 810 995 778 683 603 568 469 324
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1924 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 10 квадратни километри.[3] Општината Камарето била приклучена во општината Валовишта во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Синтика.

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Камарето, во кој е единствено село.

Личности

уреди

Родени во Камаретово

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 28 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 196.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 858.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  9. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 145 и 850. ISBN 954-9800-52-0.
  10. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 132.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 145. ISBN 954-9800-52-0.