Историја на Буркина Фасо
Последните археолошки октритија од 1973 година, во северозападните делови на денешната земја Буркина Фасо, покажале дека земјата била населена уште пред 14.000 години. Пред околу 3.600-2.800 години во земјата се појавиле првите земјоделци и населени места. Во текот на 15 век и 16 век, Буркина Фасо била вклучена во составот на Кралство Сонгхај. Во текот на тој период, во регионите започнал да се распространува исламот. Во следните години, поголемиот дел од земјата била дел од кралството на мосите, народ кој денеска го претставува мнозинството во земјата и за кој се претпоставува дека потекнува од Северна Гана.
Дел од темата Буркина Фасо |
Рана историја |
Портал:Буркина Фасо |
Во текот на 1896 година, кралството Моси било преземано од страна на Французите. До 1904 година целата денешна земја била под власта на Франција и била вклучена во составот на Француска Западна Африка под името Горна Волта, заедно со Мавританија, Сенегал, Француски Судан (денеска Мали), Француска Гвинеја (денеска Гвинеја), Брегот на Слоновата Коска, Нигер и Дахомеј (денеска Бенин).
Во времето на Првата светска војна, жителите на денешната земја војувале на страната на Французите. Во 1919 година Горна Волта се одделила како самостојна колонија, до 1932 година, кога била соединета со Мали, Брегот на Слоновата Коска и Нигер. Во 1958 година земјата била прогласена за република во рамките на француската управа. Својата независност Горна Волта ја добила на 5 август 1960 година. Од истата година земјата станала член на ООН.
Првиот претседател бил Морис Јамеого, претседател на Демократскиот сојуз. На таа функција Јамеого останал до јануари 1966 година кога главно поради политичката и економската криза му бил зададен воен удар. Милитаристичката власт, на чело со Сангуле Ламизана, го распуштил собранието и политичките партии. Но, подоцна сепак повеќепартискиот систем бил воведен и така во 1970 година бил изгласен новиот устав. По ова биле спроведени демократски избори на кои победиле демократите. Претседател на земјата останал Ламизана, а во периодот од 1971-1974 година премиер станал водачот на демократскиот сојуз. Во 1974 година парламентот повтрно бил распуштен, за да во 1978 година биде изгласен повторно нов устав. По само две години се случил нов воед удар од страна на Сеј Зербо. Во следните години земјата била зафатена од постојани конфликти и воени преврати.
Во 1984 година земјата била преименувана во Буркина Фасо.