Француска Горна Волта

Француска Горна Волта (француски: Haute-Volta) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка која била основана на 1 март 1919 година и која опфаќала територии кои биле дел од колониите на Горнен Сенегал и Нигер и Брегот на Слоновата Коска. Колонијата била распуштена на 5 септември 1932 година. По Втората светска војна, на 4 септември 1947 година колонијата била обновена како дел од Француската унија, со претходните граници. На 11 декември 1958 година, таа била реконституирана како самоуправна Република Горна Волта во рамките на Француската заедница, а две години подоцна, на 5 август 1960 година, таа добила целосна независност. На 4 август 1984 година името на земјата било променето во Буркина Фасо.

Француска Горна Волта
Haute-Volta
Составен дел на Француска Западна Африка

 

1919–1932
1947–1958

 

 

Знаме на Горна Волта

Знаме

Химна
La Marseillaise  •  Hymne National Voltaïque
Местоположба на Горна Волта
Местоположба на Горна Волта
темно-зелено: Француска Горна Волта.
светло-зелено: Француска Западна Африка.
сиво: останати француски територии.
темно-сиво: Француска Република.
Главен град Уагадугу
Историски период Меѓувоен период · Студена војна
 -  Основана 1 март 1919
 -  Укинување 5 септември 1932
 -  Воспоставена 4 септември 1947
 -  Автономија 11 декември 1958
 -  Независност 5 август 1960

Историја

уреди

До крајот на 19 век, на територијата на Горна Волта доминирало Царството Моси, за кое се верува дека дошло до нивната територија од Северна Гана. Со векови, селанецот Моси бил земјоделец и војник, а народот Моси можел да ги брани своите верски убедувања и социјална структура против насилните обиди да ги преобратат во ислам од муслиманите од северозапад.

Кога Французите пристигнале и ја добиле областа во 1896 година, отпорот на народот Моси завршил со заземањето на нивниот главен град Уагадугу. Во 1919 година, некои провинции од Брегот на Слоновата Коска биле обединети во посебна колонија наречена Горна Волта во федерацијата на Француска Западна Африка. Во 1932 година, новата колонија била распарчена но била повторно реконституирана во 1937 година како административна единица. По Втората светска војна, народот Моси го обновувил притисокот за посебен територијален статус и на 4 септември 1947 година Горна Волта повторно станала француска западноафриканска територија.

Ревизијата во организацијата на француските прекуморски територии започнало со усвојувањето на Loi Cadre од 23 јули 1956 година. Овој чин бил проследен со мерки за реорганизација одобрени од францускиот парламент на почетокот од 1957 година, што обезбедил голем степен на самоопределување. Горна Волта станала автономна република во рамките на Француската заедница на 11 декември 1958 година.

Горна Волта прогласила независност на 5 август 1960 година. За прв претседател бил избран Морис Јамеого. Уставот од 1960 година предвидувал избори со универзално право на глас на претседател и национално собрание за период од пет години. Набргу по доаѓањето на власт, Јамеого ги забранил сите политички партии, освен сопствената.