Исаија Фрчковски
Исаија (Исаче) Мак(а)риев Фрчковски (1843 - 1881) — истакнат македонски зограф и иконописец од познатото творечко семејство Фрчковци, претставник на Дебарската школа.
Исаија Фрчковски | |
---|---|
Роден(а) | 1843 Галичник, Реканско |
Починал(а) | 1881 Пантелејски манстир, Кочанско |
Националност | Македонец |
Занимање | зограф, иконописец |
Познат(а) по | цркви и манастири |
Значајни дела | во текстот |
Деца |
Живот и дела
уредиРоден е в големата мијачка паланка Галичник во 1843 г. како син е на познатиот копаничар и зограф Макариј Фрчковски. Тројцата браќа на Исаија исто така биле зографи — Христо (1841 – 1893), Кузман (1844 – 1899) и Серафим (1845 – 1869).[1] Заедно со браќата работел во Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија, но и во околните земји. Делувале во Охрид, во Солунско, во Дојранско – во Порој, во Драмско – Алистратик, во Серско – во „Св. Бессребреници“, во „Св. Димитриј“ во Димитрич, во „Собор на Дванаесетте Апостоли“ во Авдамал, во „Св. Ѓорѓи“ во Хункос, во „Св. Константин и Елена“ во Тахино, во Белица и во „Успение на пресв. Богородица“ во Либјахово и други.[2]
Едно од првите дела на браќата е живописувањето на фреските на сите ѕидови во наосот и нартексот и сликањето на иконите за иконостасот во црквата „Св. Богородица“ во Петрич во 1871 г.[2] Над западната врата одвнатре е поставен натпис кој вели „Овој храм е зографисан со помошшта на сите христијани од овој град. 13 јули 1871 г. Зографирали: Христо съ съдружници Исакий и Кузманъ Макриеви отъ Дебъръ“.[2][2][3] Насликале огромен број библиски композиции, ликови на светци, пророци и друго, вклучувајќи и сложени композиции со многу претстави. Под Богородица Пошриока од небесата во олтарната апсида е Евхаристијата — Христос со по шест апостоли од секоја страна. На западниот ѕид е „Архангел Михаил му ја одзема душата на богатиот“ и сцената „Угостувањето на богатиот Лазар и сиромавиот“ и огромна глава на змеј, која го лапнува богаташот. Композицијата е своевидно склопена и силно впечатлива – таквиот сплет на трите сцени е уникатен. Однадвор на западниот ѕид (источниот на нартексот) се големите композиции „Одење кај гатачката“ и „Страшниот суд“. Првата јапокаува богатата фантазија на уметниците, а втората е со сложени сцени со многу лица во учество. Иконостасните икони во црквата биле поквалитетни од фреските.[2]
Потоа во 1872 г. браќата прешле на работа во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, а подоцна во Врањско, по што се разделиле — Христо работел сам во Босна, а Исаија и Кузман заедно.[2][4] Двајцата работеле во Штипско, Овчеполието и Кочанско — во Виница, Кочани, Зрновци, Горни и Долни Балван, Долно Трогерци и други места.[2] Икона на Светата Троица од Исаја има во црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во Шлегово со натпис „Из рука Исаја Макариов Дебрали от село Галичник 1874“.[2]
Исаија е автор на иконите на северната и јужната врата на иконостасот во црквата „Св. Атанасиј“ во кочанско Оризари, кои ги работел во 1875 и 1876 г. при обновата на црквата.[5]
Откако се вратил од Босна, Христо ја собрал својата тајфа и заедно со некои од нивните синови работеле во Пловдивско, каде во 1878 г. ги затекнало ослободувањето на Бугарија. Христо заедно со Исаија и Кузман сликал во црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Петка“ во Пловдив и по околните села. Работеле и во црквите во Куклен и во „Св. Никола“ во Катуница, Пловдивско. Подоцна Исаја заминал за „Пантелејскиот манастир“ кај кочанското село Пантелеј, каде починал во 1881 г.[2][4]
Родословие
уредиБлаже (ΧVIII век) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Негрија Блажев (1783 — 1843) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Макариј Негриев (о. 1800 — 1859) | Трајан Негриев (1809/1810 — 1883/1884) | Ѓурчин Негриев (1811/1812 — ?) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Христо Макриев (1841 — 1893) | Исаија Макриев (1843 — 1881) | Кузман Макриев (1844 — 1899) | Серафим Макриев (1845 — 1869) | Нестор Трајанов (1841 — 1919) | Ефтим Трајанов | Велјан Трајанов | Михаил Ѓурчинов (1839 — 1874) | Теофил Ѓурчинов (1845 — 1874) | Пане Ѓурчинов (1847 — 1892) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Епифаниј Христов (1860 — 1906) | Дамјан Христов | Апостол Христов (1877 — 1947) | Овентиј Исаев (1862 — 1918) | Георги Исаев (1878 — 1953) | Макариј Кузманов (1864 — 1899) | Јанко Кузманов (1878 — ?) | Негрија Несторов (1864 — 1885) | Данаил Несторов (1870 — ?) | Јосиф Михајлов (1865 — 1896) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Исаија Георгиев | Кирил Георгиев | Аспарух Георгиев | Кузман Јанков | Никола Данаилов | Лазар Данаилов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Илија Пефев (1899 — 1988) | Иван Пефев | Христо Дамјанов | Денко Дамјанов | Христо Апостолов (1896 — 1963) | Михаил Апостолов | Асен Апостолов | Кузман Фрчкоски | Данаил Фрчковски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Љубомир Фрчковски (р. 1957) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- Белешка: Имињата во родословието се напишани со нивните патроними, според тогашната традиција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Милчева, Христина. Разговор за дърворезбата, Издателство Отечество, София, 1989, стр. 40
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 215–217.
- ↑ Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 360. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 4,0 4,1 Голяма енциклопедия България, Том 7. София: БАН, Научноинформационен център „Българска енциклопедия“, Книгоиздателска къща „Труд“. 2012. стр. 2681.
- ↑ Проблеми на изкуството, томове 37-38. БАН. 2004. стр. 49.