Куклен (бугарски: Куклен) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Куклен во Пловдивската Област. Има население од околу 6.133 жители (2022).[1]

Куклен
Куклен
град
Зградата на читалиштето во Куклен
Зградата на читалиштето во Куклен
Куклен is located in Бугарија
Куклен
Куклен
Местоположба на Куклен во Бугарија
Координати: 42°02′03″N 24°47′16″E / 42.034303° СГШ; 24.787805° ИГД / 42.034303; 24.787805
ЗемјаБугарија
ОбластПловдив
ОпштинаКуклен
Управа
 • ГрадоначалникМарија Белчева (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна31.524 км2 (12,171 ми2)
Надм. вис.&10000000000000393000000393 м
Население (2022)
 • Вкупно6,133
 • Густина0,19/км2 (0,50/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4101
Повик. бр.+359 03115
Мреж. местоkuklen.org

Географија и местоположба

уреди

Градот се наоѓа во подножјето на Родопите, 8 километри јужно од регионалниот центар Пловдив и 160 км од главниот град Софија.

Историја

уреди

Еден од трите сливови од кои се напојувал водоводот на Филипополис во римската ера е откриен во месноста „Кајнаците“. Од него до градот водел масивен аквадукт, од кој се зачувани само траги во посебни делови.[2]

Во османлискиот тимарски регистар за Пловдив од 1488 година, населбата била забележана под името Ќуклине. Во Џелепкешанскиот регистар од 1576 година се споменува како село Куклена со маало Баниште.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, 2 жители на Куклен доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[3]

До почетокот на 20 век во тогашното село Куклен живееле многу Грци и самите селото го нарекувале Куклена (грчки: Κούκλενα). Во 1920-тите, неговите грчки жители емигрирале во Грција и многу од нив се населиле во градот Јаворница, преименуван во Неа Куклена, денес Трилофо.

По војните во 1924 година, Бугарите униати од кукушкото село Долни Тодорак се населиле во Куклен, на местото на емигрираните Грци. Унијатската црква „Света Троица“ ги отворила своите врати на почетокот на 1948 година. Во Куклен се населиле и сестрите Евхаристинки, кои отвориле дом во Долни Тодорак во 1911 година.[4]

Во 1958 година, за време на насилната колективизација во Куклен, се населиле десетина униатски семејства од селото Покрован, Ивајловградско.[4]

Од 23 мај 2006 година Куклен има статус на град.

Наводи

уреди
  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. Кесякова, Елена (1999). Книга за Пловдив. Пловдив: Издателство „Полиграф“. стр. 73. ISBN 954-9529-27-4. Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)
  3. Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 855.
  4. 4,0 4,1 „Куклен“. Католическа апостолическа екзархия. Посетено на 24 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди