Припрата

дел од црква
(Пренасочено од Нартекс)

Припрата[1][2] или нартекс[3][4] — доградба на влезот во храмот (исто како и пронаос кај Старите Грци, пред влезот на антички храм). Припратата може да биде изградена на западната, јужната и северната страна на храмот. Обично е одвоена од црквата со ѕид и со врата.

Припратата од северната страна на црквата Св. Софија во Охрид

Потекло на поимот

уреди
 
Припратата на јужната страна на црквата „Св. Димитриј“ во Битола

И двете имиња, припрата и нартекс водат потекло од грчкиот јазик. Поимот нартекс е истоветен на својот грчки облик, додека поимот припрата е словенизиран облик на грчкиот збор перипатос.

Историја

уреди
 
Припратата од западната и јужната страна во Осоговскиот манастир

Терминот се појавува во ранохристијанскиот период, во Византиското Царство, и претставува просторија на влезот на црквата, како грчкиот пронаос или римскиот атриум. Кај Римјаните атриумот имал неколку функции, особено за крштевки (оттука и честото присуство на крстилници).

Спротивно на проширеното верување во XIX век, таа немала функција да ги прима лицата кои немале право да присуствуваат на црковните служби пред нивното крштевање. Историчарот на уметноста Франсоа Ебер-Сифрен наведува дека според антички извори, некрстените биле присутни во самата црква, но се повлекувале.

Во византиската архитектура, некои цркви имаат нартекс јасно поделен на два дела: внатрешен нартекс или езонартекс (esonarthex) и надворешен нартекс или ексонартекс (esonarthex).

Во римско време, нартексите се чести и можеле да бидат доволно големи за да се формираат еден вид на црква. Во готската архитектура која има за цел да се отстрани она што може да се натрупува на зградата односно има за цел да го сублимира просторот, тие се помали по големина, отворајќи се повеќе кон внатрешноста на црквата. Со текот на времето нивната литургиска функција згаснува, па имаат тенденција да исчезнат или да станат само предворие.

Поврзано

уреди
  1. „припрата“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „припрата“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „нартекс“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „нартекс“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик