Данаил Фрчкоски
Данаил Несторов Фрчкоски (1870-1950) — македонски зограф.
Данаил Несторов Фрчкоски | |
---|---|
Роден(а) | 1870 Галичник, Османлиска империја |
Починал(а) | 1950 Скопје, НР Македонија, ФНР Југославија |
Бил роден во Галичник во 1870 година, син на зографот Нестор. Во 1886 заедно со својот татко и со Овентиј Исаиев Фрчкоски заминале во Влашко на покана на зографот Јосиф М. Ѓурчинов, кој ги повикал за да работат заедно. Во Влашко остануваат сѐ до 1894 година.
Работел икони и живопис за повеќе цркви и манастири во Бугарија и Македонија. Насликал околу 36 цркви во Тетовско и Гостиварско a негово најпознато дело е иконостасот за црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.[1]
Наводи
уредиБиблиографија
уреди- Алексоска, Славица (2013). „За македонското профано сликарство“. Македонско профано сликарство (XIX - почеток на XX век). Скопје: НУ Национална галерија на Македонија. ISBN 978-608-4693-30-7.