Овентиј Фрчковски
Овентиј Исаев Фрчковски (10 март 1862, Галичник, Мијачија – 5 ноември 1918, помеѓу Галичник и Јанче) — македонски свештеник, резбар и зограф од Дебарската уметничка школа, жртва на великосрпскиот терор 1918 година во Македонија.[1]
Овентиј Фрчковски | ||
Роден | 10 март 1862 Галичник, Мијачија Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 5 ноември 1918 помеѓу Галичник и Јанче, Мијачија, Србија | (возр. 56)
Животопис
уредиФамилија, Свештенство и жртва на великосрпскиот терор
уредиОтец Овентиј Фрчковски (светско име: Методи Исаев Фрчковски) е роден на 10 март 1862 година во тогашното планинско гратче Галичник, сместено на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Син на сиромашни родители, Овентиј уште од малечок останува сираче. Бил внук на познатиот резбар Макариј Негриев Фрчковски, од неговиот син Исаија. Роден во таа позната уметничка фамилија, Овентиј од дете бил посветен во тајните на православниот иконопис. Како зограф работел на многу цркви ширум целиот Балкански Полуостров, вклучително и Романија. После долгата и неуморна работа како живописец, од здравствени причини Овентиј бил принуден да ја напушти макотрпната зографска дејност. Поради својата голема побожност, но и желбата да продолжи да му служи на својот народ, одлучува да стане свештеник. Така, во 1905 година, во Бигорскиот Манастир, тогашниот дебарски егзархиски митрополит Козма, кој бил родум Македонец од Орланци, Кичевско, и уживал голема почит и љубов меѓу народот, го ракоположил Овентија за свештеник, а подоцна го назначил и за архијерејски намесник во Галичник. Како свештеник, отец Овентиј неуморно му служел на својот народ цели 13 години, сè до неговата маченичка смрт. На 5 ноември (ст. сл.) 1918 година српскиот околиски началник, капетан Душан, со посредство на кодошите и поверениците на српскиот режим, Тома (според други извори Софре наместо Тома) Лоноски и Тодор Мангароски – Павловиќ, го повикал отец Овентиј во началството и го задржал до вечерта, кога биле доведени уште другите тројца граѓани од Галичник: Русе Михајловски, Јаков Колоски и Евгениј Ванковски. Следната вечер четворицата биле изведени надвор од градот, кон една висока и стрмна карпа, наречена „Големи рид“, од којашто биле измачувани и тепани надолу по шумата, а најпосле и стрелани поради тоа што не сакале да ја прифатат српската црковна јерархија. Со таков маченички крај го завршиле својот живот овие четворица чесни и угледни граѓани на Галичник.[2]
Неизвесно беше каде почива отец Овентиј, сè додека монаси од Бигорскиот Манастир во 2015 година, во месноста „Кај Поповите“, недалеку од Галичник во правец кон долнореканското село пронашле човечки коски површински закопани во отворот на мала пештера. Монасите претпоставуваа дека најверојатно станува збор за останките на отецот Овентиј Исаев Фрчковски и тројца жители на Галичник, кои биле злосторнички убиени во далечната 1918 година. Информации добиле од Зендељ Ахмедовски, од долнореканското село Ростуше, кој има 94 години и е пријател на Бигорскиот манастир. Ова сознание Ахмедовски го поткрепи со податокот дека како младо момче го пасел добитокот на посочениот простор и здогледал црна мантија, а од повозрасни жители на Јанче и на Ростуше подоцна дознал дека таму во глува ноќ српски жандарми убиле четворица месни жители само затоа што не го почитувале српскиот режим. При пребарувањето заедно со екипа на ПС Гостивар, лекар и јавен обвинител на местото биле пронајдени 269 парчиња човечки коски, еден череп, долна вилица, чаури и катинар.[3]
Родословие
уредиБлаже (ΧVIII век) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Негрија Блажев (1783 — 1843) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Макариј Негриев (о. 1800 — 1859) | Трајан Негриев (1809/1810 — 1883/1884) | Ѓурчин Негриев (1811/1812 — ?) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Христо Макриев (1841 — 1893) | Исаија Макриев (1843 — 1881) | Кузман Макриев (1844 — 1899) | Серафим Макриев (1845 — 1869) | Нестор Трајанов (1841 — 1919) | Ефтим Трајанов | Велјан Трајанов | Михаил Ѓурчинов (1839 — 1874) | Теофил Ѓурчинов (1845 — 1874) | Пане Ѓурчинов (1847 — 1892) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Епифаниј Христов (1860 — 1906) | Дамјан Христов | Апостол Христов (1877 — 1947) | Овентиј Исаев (1862 — 1918) | Георги Исаев (1878 — 1953) | Макариј Кузманов (1864 — 1899) | Јанко Кузманов (1878 — ?) | Негрија Несторов (1864 — 1885) | Данаил Несторов (1870 — ?) | Јосиф Михајлов (1865 — 1896) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Исаија Георгиев | Кирил Георгиев | Аспарух Георгиев | Кузман Јанков | Никола Данаилов | Лазар Данаилов | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Илија Пефев (1899 — 1988) | Иван Пефев | Христо Дамјанов | Денко Дамјанов | Христо Апостолов (1896 — 1963) | Михаил Апостолов | Асен Апостолов | Кузман Фрчкоски | Данаил Фрчковски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Љубомир Фрчковски (р. 1957) | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
- Белешка: Имињата во родословието се напишани со нивните патроними, според тогашната традиција.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ „Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх“. bigorski.org.mk. 8 ноември 2016.
- ↑ Трајчев, Ѓорѓи (1941). Книга за Мияцитѣ (Историко-географски очеркъ) (PDF). София: Македонска библиотека № 12, Печатница П. Глушковъ. стр. 167. Посетено на 2015-05-11.
- ↑ „Како монасите од Бигорски ја расветлија вистината за смртта на свештеникот Овентиј Фрчковски?“. religija.mk. 19 ноември 2016.