Пантелејски манастир

манастир во Пантелеј, Кочанско

Пантелејски манастирманастир во близина на кочанското село Пантелеј.

Пантелејски манастир
Воздушен поглед на манастирот
Информации
Целосно имеМанастир „Св. Пантелејмон“ - Пантелеј
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1864
Посветен наСвети Пантелејмон
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиСв. Пантелејмон
Успение на пресв. Богородица
Личности
Место
МестоПантелеј, Општина Кочани
Координати41°58′6″N 22°18′35″E / 41.96833° СГШ; 22.30972° ИГД / 41.96833; 22.30972
Отворен за јавностада
Други информации(Спанчевска парохија)

Во манастирот престојуваат монахињи и тој е активен женски манастир.

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа на половина километар северозападно од селото.[1] До селото и до манастирот води асфалтен пат.[2]

Историја

уреди

Основан е во 1864 година.[3] За манастирот се врзува легендата за младата девојка Нејтана Дамева (видете легенди за Пантелеј).

По основањето на манастирот, истиот имал калуѓери, работници и многу своја земја. Во еден момент, во него живееле 10 калуѓери.[1]

До 1946 година, манастирот имал околу 350 хектари земја во атарите на селата Пантелеј, Бели, Тркање, Нивичани, Зрновци и Шталковица. Манастирот поседувал и ан во градот Кочани. Оваа земја ја добил на подарок или со купување. На нејзе работеле околу 20 лица. Истовремено, имал и волови, кози и овци. Но, со аграрната реформа во 1946/1947 година манастирската земја била одземена, освен 10 хектари.[1]

Од 1954 година, за манастирот се грижел Санде Јованов од кочанското село Крушево.[1]

Во времето на посета на истражувачот Јован Трифуноски во 1966 година на селото и на манастирот, манастирот бил затекнат во многу лоша состојба, постарата црква била многу оштетена, а оградата околу манастирот била полуразрушена.[1]

По осамостојувањето на Македонска православна црква - Охридска архиепископија во 1958 година и по посетата на владиката Наум, манастирот започнал да се обновува.

Градби во манастирот

уреди

Манастирот е составен од две цркви, еден параклис, конак, трпезарија и помошни објекти.

Црква „Успение на Пресвета Богородица“

уреди

Во 1872 година, прво е изградена црквата „Успение на Пресвета Богородица“.[3]

Црква „Св. Пантелејмон“

уреди

Во 1885 година е подигната денешната главна манастирска црква „Св. Пантелејмон“ под водство на игуменот Мартиниј.[3]

Параклис „Св. Нектариј Егински и Св. Серафим Саровски“

уреди

Во 2020 година бил осветен параклисот во манастирскиот комплекс посветен на Св. Нектариј Егински и Св. Серафим Саровски“.[4]

Конаци

уреди

Конаците во манастирот потекнуваат од 1938/1939 година.[1]

Особености

уреди

Манастирот не бил само верско, туку и народно средиште. Тука луѓето не доаѓале само на собори.[1] За манастирот се верува дека на момите и на ергените ќе им се посреќи истата година да го сретнат својот животен сопатник ако се преспие во него за време на големиот христијански празник „Свети Пантелејмон“ на 9 август.[5]

Слава

уреди

На денот на манастирската слава (9 август) доаѓаат гости од Кочанско, Кратовско и Штипско.[1]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 55. OCLC 16745284.
  2. Mar 26; 2018. „ПАНТЕЛЕЈ – ЖИВА ЛЕГЕНДА НА ЕДНО ОПСТОЈУВАЊЕ“. Општина Кочани. Посетено на 2024-11-11.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Кочанско архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2022-11-27. Посетено на 31 март 2014.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 2022-01-20.
  5. „Свети Пантелејмон лекува и усреќува“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-11-11.

Надворешни врски

уреди