Црква „Св. Димитриј“ - Димитрич

црква во Димитрич, Нигритско

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Димитрич, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм на селото.[1]

Свети Димитриј
Αγίου Δημητρίου
Карта
40°58′59.8″N 23°24′48.8″E / 40.983278° СГШ; 23.413556° ИГД / 40.983278; 23.413556
МестоДимитрич, Нигритско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Изградба1956 - 1976
Управа
Архијерејско намесништвоНигритско
ЕпархијаСерско-нигритска

Историја уреди

Храмот е изграден во XIX век. Живописан е од мијачките зографи Христо, Исаија, Кузман и Серафим Фрчковски.[2]

На 23 септември 1956 г. до црквата е поставен камен-темелник на нов храм, отворен на 14 ноември 1976 г.[1] Старата црква е срушена во 1970-тите, и од неа зачуван е само еден дел.[3]

Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“ и „Св. Ѓорѓи“.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ἱερός Ναός τοῦ Ἁγίου Δημητρίου Δημητριτσίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 15 септември 2019.
  2. Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуство. стр. 216.
  3. „Δημητρίτσι Βισαλτία Σέρρες“. Hellas photography. Посетено на 15 септември 2019.