Зимски олимписки игри

(Пренасочено од Зимските Олимписки Игри)


Зимските олимписки игри (ЗОИ) се повеќедневни спортски натпревари во зимски спортови на снег и мраз, пандан на Летните олимписки игри.

Првите Зимски олимписки игри се одржани во Шамони од 25 јануари до 5 февруари 1924 година. Баронот Пјер де Кубертен, основачот на Летните олимписки игри, бил против Зимските олимписки игри. Тој спречил игрите во Шамони да се наречат олимписки. Поради тоа го добиле името „Меѓународна недела на зимските спортови“. Во почетокот државата-организатор на летните игри имала право да го одредува домаќинот на зимските игри, под услов истиот да може да ги организира.

Урлих Салков во 1908 година на Зимските олимписки игри

Кога бил основан МОК, еден од предвидените спортови бил и лизгање на мраз, а првото натпреварување од тој тип било одржано на игрите во 1908 година, во Лондон. Во 1924 година, во Шамони, Франција под покровителство на МОК, а во склоп со 8-мите олимписки игри, била одржана „Меѓународна недела на зимските спортови“, а следната 1925 година, МОК одлучил да создаде Зимски олимписки игри кои ќе се одржуваат независно од Летните олимписки игри. На собранието на МОК во 1926 година, било одлучено спортската манифестација одржана во 1924 година, да се смета за прва зимска олимпијада.

До 1992 година, и летните и зимските олимписки игри се одржувани во исти години, а потоа МОК одлучил да ги „раздели“. Поради тоа следните Зимски олимписки игри, во 1994 година, во Лилехамер, биле одржани две години после претходните.

Спортови на зимските олимписки игри

уреди