Загар (село)

историско село во Костурско, Егејска Македонија

Загар или Свети Захарија (грчки: Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас, до 1927 г. Ζαγάρι, Загари;[1] влашки: Zagar или Sfantu Zaharie[2]; албански: Zagari) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Иако не се води како населено место, според сознанијата на Симовски од 1998 г. месноста се користи од Власи како колибарска сточарска населба во летниот период.[3] Од селото денес останала само црквата „Св. Захариј“ од крајот на XVI век.

Загар
Άγιος Ζαχαρίας
Загар is located in Грција
Загар
Загар
Местоположба во областа
Загар во рамките на Нестрам (општина)
Загар
Местоположба на Загар во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°24.53′N 20°52.49′E / 40.40883° СГШ; 20.87483° ИГД / 40.40883; 20.87483
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000013000000001.300 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, западно од Нестрам и 40 км југозападно од Костур. Лежело на северните падини на планината Грамошта близу албанската граница, до извор на една од притоките на реката Бистрица.[3]

Историја

уреди

Во 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[4]

По уништувањето на Линотопи во 1769 г. во Загар се населиле муслимани, кои ја претвориле црквата „Св. Захариј“ во џамија.[5] Во 1900 г. димотичкиот митрополит Филарет напишал дека во селото Загар живеат 16 муслимански семејства.[6] Во 1928 г. Панделис Цамисис напишал дека жителите на селото зборуваат албански како главен јазик, и само малку грчки, како и дека водат потекло од Линотопи, каде се потурчиле.[6]

За време на Илинденското востание во почетокот на септември 1903 г. Загар го нападнала големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.[7] Во грчка статистика од 1905 г. селото е претставено како македонско, со 90 жители.[8]

За време на Првата балканска војна Загар е окупиран од грчката војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоен кон Грција. Населението го напуштило селото во текот на војните, па затоа во 1913 г. селото не се спомнува како населено место.[3] на пописот од 1920 г. Загар се води како село со 66 жители. Во 1927 г. е преименуван во Агиос Захаријас. Следната година, во 1928 г. во него е заведен 31 жител, но понатаму веќе не се води како населено место[3] и до денес останува колибарска населба.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ζαγάρι -- Άγιος Ζαχαρίας
  2. „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Архивирано од изворникот на 2007-12-24. Посетено на 2019-11-05.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 21.
  4. Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.
  5. „Τα μοναστήρια της Καστοριάς (μέρος 2ο)“. Ιστορικά Καστοριάς. Посетено на 10 јули 2015.
  6. 6,0 6,1 Σιώκης, Νικόλαος (5 април 2012). „Το Λινοτόπι και οι ζωγράφοι του“. Βλάχοι.net. Архивирано од изворникот на 2016-04-08. Посетено на 10 јули 2015.
  7. Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.
  8. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agios Zaharias“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2019-11-05.

Надворешни врски

уреди