Ветерник
Ветерник, Вртеник[1] или Вретеник[2] (грчки: Βετέρνικο, Ветернико, или Βετεάρνικ, Ветеарник, или Βετέρνικ, Ветерник; албански: Vreteniku) — поранешно село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Ветерник Βετέρνικο | |
---|---|
Координати: 40°24.40′N 20°51.43′E / 40.40667° СГШ; 20.85717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Грамошта |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, на левиот брег на реката Бистрица (Белица). Јужно од селото е тесната клисура Катафики, низ која реката се спушта од котлината на Грамошта во онаа на Загар.
Историја
уредиВо 1769 г. албански банди уништиле седум села во областа — Грамошта, Линотопи, Ветерник, Пискохори, Лагор, Омотско и Загар.[3]
На крајот од XIX век Ветерник било влашко село во Костурската каза. За време на Илинденското востание во селото влегла четата на Коста Здрољов од Д’мбени, дел од големата чета на Васил Чакаларов, и се борела со башибозукот.[2] Македонската чета го изгорела селото.[1]
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Освободителната борба въ Костурско (до 1904 г.). По спомени на Пандо Кляшевъ. Съобщава Л. Милетичъ. София: Материяли за историята на македонското освободително движение, Издава Македонскиятъ Наученъ Институтъ, Книга II, Печатница П. Глушковъ. 1925. стр. 134.
- ↑ 2,0 2,1 Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание. София: Издателство на Отечествения фронт. 1984. стр. 65.
- ↑ Ανάτυπον από το Λεξικογραφικόν Δελτίον, σ.52 -Τομ. ΚΕ΄, Αθήνα 2005 της Ακαδημίας Αθηνών.