Хелда

(Пренасочено од Елда)
Хелда
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Троскоти
Род: Хелда
Вид: Обична хелда
Научен назив
Fagopyrum esculentum
Moench
Синоними[1]
Поле со хелда во Бутан

Хелда[2] или обична хелда (науч. Fagopyrum esculentum) — растение кое се одгледува за зрнестото семе и како меѓупосев. Го носи и името јапонска хелда[3] за да се различи од сродната татарска хелда (Fagopyrum tataricum) која исто така се одгледува на Хималаите.

Растението е сродно со киселецот, троскотот и ревенот. Бидејќи семето се јаде, а не спаѓа во класично жито, хелдата се смета за псевдожитарка.

Одгледувањето на хелда значајно опаднало во XX век со воведувањето на азотни ѓубрива, зголемувајќи го приносот кај другите житни култури.

Историја

уреди

Дивиот предок на обичната хелда е F. esculentum ssp. ancestrale. F. homotropicum не може да се вкрстува со F. esculentum, но има иста распространетост во Јунан. Дивиот предок на татарската хелда е F. tataricum ssp. fpotanini.[4]

Обичната хелда првпат е припитомена во континентална Југоисточна Азија веројатно)[5] околу 6000 г. п.н.е., и оттука се проширила во Средна Азија и Тибет, а потоа на Блискиот Исток и во Европа. Најстарите останки од употреба на хелда во Европа се најдени во Финска и датираат од околу 5300 г. п.н.е.[6], а во Македонија и на Балканот воопшто доаѓа околу 4000 г. п.н.е. кон средината на новото камено време. Во Русија пак е донесен од Византијците во VI век.

Во Кина најстарите останки од самото растение датираат од 2600 г. п.н.е., а во Јапонија се најдени остатоци од полен што одат до 4000 г. п.н.е. Од сите питоми растенија, хелдата вирее на највисока надморска височина и претставува значаен посев во покраината Јинан на границата со Тибетската Висорамнина, како и на самата висорамнина. Исто така хелдата е една од првите земјоделски култури доведени во Новиот Свет. Се смета дека во 2006 година е завршено нејзиното распространување ширум светот.

Ова е краткосезонски посев што успева на сиромашна и кисела почва, која сепак мора да е добро исцедена. Преголемото количество на ѓубриво (особено азот) го намалува приносот. Во топлите краишта се сее во подоцнежниот дел од сезоната, за да процвета во посвежи услови. Приносот во голема мера се зголемува со присуството на опрашувачи. Хелдиниот цвет дава темен мед. Растението на некои места за употребува како зелено ѓубриво, за спречување на ерозија, како и храна за дивите животни.

Земјоделско производство

уреди
 
Семе и овенати цветови на хелдата

Растението има разгранети корени со еден главен корен што досега длабоко во влажната почва.[7] Семето е триаголно, а цветот е обично бел, но може да биде розов или жолт.[8] Се разгранува слободно и со тоа се прилагодува на околината подобро од другите житни растенија.[9] Семената лушпа има густина помала од водата, што значи дека е мошне лесна за отстранување.[8]

Хелдата е најзастапена како житна култура онаму каде времето е ограничено, дали поради тоа што се одгледува како втора култура во сезоната, или поради климатските ограничувања. Претставува доверлив меѓупосев во летниот период, особено онаму каде летата се пократкотрајни. Коренот го фаќа бргу и со тоа ги сузбива летните плевели.[10] Периодот на раст трае само 10-12 недели[11] и растението добро успева во северните краишта.[12] Достигнува висина од 75 до 125 см.[10]

Во исхраната

уреди
 
Крупна потпечена хелда
 
Тестенини „соба“ направени од хелда
 
Традиционална бретонска галета — тенка палачинка од хелда
 
Црн чај од хелда (黑苦荞茶) од Сечуан, Кина

Плодот на хелдата е семче слично на сончогледовото во тврда надворешна лушпа. Брашното се добива од белото скробно ткиво на семката. Обвивката е зелена или светлокафеава и го затемнува брашното. Лушпата е темнокафеава до црна и се јавува во брашното како темни точки.

Тестенините од хелда се јадат во Тибет и северна Кина од дамнешно време, особено бидејќи пченицата не успева на тие височини. За изработка на тестенината се користат дрвени гмечила. Начинот на изработка во Кореја и Јапонија е мошне сличен, што веројатно значи дека е доведен од овие краишта.

Хелдините тестенини играат важна улога во кујните на Јапонија (каде се нарекува „соба“),[13] и Кореја (каде се нарекуваат „ненгмјон“, „макгуксу“ и „мемил гуксу“) и областа Валтелина во северна Италија (каде се нарекуваат „пицокери“). Тестенините „соба“ имаат длабоко културно значење во Јапонија. Во Кореја, тестенините се правеле претежно од хелда, пред да бидат заменети со пченица.

Гризот од хелда е честа состојка во западна Азија и источна Европа, особено во исхраната на селаните. Се изработува со потпекување на гризот, кој потоа се вари во каша. Ваквата каша е донесена во Америка од украинските, руските и полските доселеници, кои ја мешале со тестенини, со неа полнеле сарми и од неа изработувале книшови and блини.

Во неколку земји се застапени и палачинките направени хелда и квасец. Во Русија се познати како хелдини „блини“, во Франција како „галети“, во Акадија, Канада како „плоа“, а во Валонија како „букети“ (наречени по растението). Ваквите палачинки биле чест прехранбен производ и во пионерските денови на САД.[14] Во Украина од хелда се прават и пирошки „гречаники“. Во Пепал пак, хелдиното брашно се користи во јадења како „дедо“ и „качјамба“.

Од хелдиниот гриз се прави качамак, каша и згуснувачи за чорби и преливи. Во Кореја, од хелдиното нишесте се прави пивтијата „мемилмук“. Во северна Италија се меша со пченица, пченка или ориз за изработка на пекарски и тестенински производи.

Хелдата не содржи глутен[15] и затоа е застапена во исхраната кај лицата со целијакија или алергија на глутен во облик на леб и печива.

Растението е особено погодно за добивање на мед кој е темен по боја и силен по вкус.[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „The Plant List: A Working List of All Plant Species“. Архивирано од изворникот на 2019-12-22. Посетено на 3 October 2014.
  2. „хелда“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Таксономија GRIN на Министерството за земјоделство на САД“. Посетено на 16 декември 2014. (англиски)
  4. Ohnishi, O., Matsuoka, Y. (1996). „Search for the wild ancestor of buckwheat II. Taxonomy of Fagopyrum (Polygonaceae) species based on morphology, isozymes and cpDNA variability“. Genes and Genetic Systems. 71 (6): 383–390. doi:10.1266/ggs.71.383.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. Ohnishi, O (1998). „Search for the wild ancestor of buckwheat III. The wild ancestor of cultivated common buckwheat, and of tatary buckwheat“. Economic Botany. 52 (2): 123–133. doi:10.1007/BF02861199.
  6. http://www.helsinki.fi/hum/ajankohtaista/2013/01/0128b.htm
  7. Stone, J. L. (1906). Buckwheat. Agricultural experiment station of the College of Agriculture Department of Agronomy (Bulletin 238 ed., pp. 184-193). Ithaca, New York, United States: Cornell University.
  8. 8,0 8,1 Li, S., & Zhang, Q. H. (2001). Advances in the development of functional foods from buckwheat. Food Science and Nutrition, 41(6), 451-464.
  9. ] Stone, J. L. (1906). Buckwheat. Agricultural experiment station of the College of Agriculture Department of Agronomy (Bulletin 238 ed., pp. 184-193). Ithaca, New York, United States: Cornell University.
  10. 10,0 10,1 T. Björkman, R.R. Bellinder, R.R. Hahn and J Shail (2008). Buckwheat cover crop handbook. Cornell University.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. Agriculture Canada. (1978). Growing buckwheat. Ottawa Canada: Canadian Department of Agriculture.
  12. Quisenberry, K. S., & Taylor, J. W. (1939). Growing buckwheat. Farmers' bulletin (No.1835 ed., pp. 1-17) U.S. Department of Agriculture.
  13. P. S. Belton; John Reginald Nuttall Taylor (2002). Pseudocereals and Less Common Cereals : grain properties and utilization potential. Springer. стр. 138. ISBN 3-540-42939-5.
  14. Sandra Louise Oliver (1 January 2005). Food in Colonial and Federal America. Greenwood Publishing Group. стр. 164. ISBN 978-0-313-32988-3.
  15. „Gluten Free Diet“. Celiac Disease Center. University of Chicago. Посетено на 2009-03-31.
  16. Sundblad, Donna. „Buckwheat Honey“. Vegetarian.lovetoknow.com. Посетено на 2013-11-24.

Надворешни врски

уреди