Троскот
Троскот (Polygonum aviculare) е едногодишна зелјеста билка чии жилави стебленца ползат по земјата и достигаат должина до 60 см. Троскотот има ситни долгнавести лисја, цветовите се бледо-розеникави и многу ситни. Троскотот расте насекаде, во ниви, лозја и ливади.
Чајот од троскот се употребува пред сè како благо средство за лечење на органите за варење, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, дијареа и повраќање. Оваа билка уште се користи при крварења на внатрешни органи, особено бели дробови и матка и хемороиди, а надворешно се користи за габични инфекции на кожата.
Видови
уреди„Троскот“ на Ризницата ? |
- Polygonum calcatum
- Polygonum microspermum
- Polygonum aequale
- Polygonum monspeliense
- Polygonum heterophyllum
- Polygonum heterophyllum subsp. virgatum
- Polygonum rurivagum
- Polygonum aviculare subsp. depressum (= P. arenastrum)
- Polygonum aviculare subsp. rurivagum
- Polygonum aviculare subsp. neglectum
- Polygonum aviculare subsp. aviculare
Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |