Едуар Глисан (француски: Édouard Glissant, роден на 21 септември 1928 во Сент-Мари - починал на 3 февруари 2011 во Париз[1]) — француски писател, социолог, историчар, поет и филозоф, драматург, литературен критичар, и писател на дела во жанрот современ роман. Се смета за еден од највлијателните писатели на Карибите[2].

Едуар Глисан
Роден/а{21 септември 1928
Сент-Мари, Франција
Починат/а3 февруари 2011
Париз), Франција
Јазикфранцуски
НационалностФранцузин
Апсолвент наПариски универзитет
Жанрсовремен роман
Значајни наградиРенодо

Биографија

уреди

Едуар Глисан е роден на 21 септември 1928 година во Сент-Мари, Франција[1]. Татко му бил градежен инспектор. Учел во училиштето „Ламартин“, а во 1938 година станал стипендист во „Schoelcher“ во Фор де Франс. Таму се спријателил со Франц Фанон.

Во 1946 година тој добил стипендија од француската влада и се преселил во Париз, каде студирал филозофија и литература во Сорбона, и етнологија во Музејот на човекот. Добил диплома по филозофија и специјализирал антропологија кај Жан Вал. Во почетокот на 1950 година ги напишал своите први песни.

Во 1953 година се вратил во Мартиник каде се вклучил активно во локалните литературни заедници, покажувајќи силна културна и политичка ангажираност. Во 1956 година учествувал во рамките на Меѓународниот круг од револуционерни интелектуалци во движењето за поддршка на востанието во Будимпешта, сурово задршено од советскиот режим.

Неговата кариера доживеала пресвртница во 1958 година, кога бил издаден романот „Реката Лезарда“, за која бил награден со наградата „Ренодо“. Во романот се опишува борбата на група млади во септември 1945 година да го отстранат предложениот од власта претставник Герет, отпадник и убиец, пред да бидат распишени изборите. Авторот ги запознал читателите со татковината точно кога народот се дигнал за да ја издвојува својата слобода. Иновативноста на делото и антиколониалната му насоченост предизвикале широка полемика.

Заедно со Пол Нигер, Марсел Манвил и други активисти во 1961 година основале „Фронт за автономија на Карибите и Гвајана“. Поради војната во Алжир, генералот Шарл Де Гол ја забранил организацијата, а организаторите биле уапсени во Гваделуп и протерани во Франција со забрана да ги посетуваат Карибите.

Во 1964 година бил објавен вториот роман, „Четвртиот век“, за кој бил награден со меѓународната награда „Чарлс Вејлон“. Со него писателот го вовел поимот „креолизација“ и повторно го покренал прашањето за пост-колонијалниот идентитет и културна теорија.

На следната година се вратил во Мартиник. Во 1967 година во Форт де Франс основал „Институт за истражување на Мартиник“, со цел подобрување на образованието на младите жители на Карибите, во согласност со реалноста на нивната историја и географија. Во овој дух го основал и списанието „Acoma“ во 1971 година.

Писателот своето време го поминувал во Мартиник, Париз и Њујорк. Во 1980 година се стекнал со докторат по литература. Во периодот 1980 до 1988 година работел како директор на списанието „Куриер УНЕСКО“. Од 1988 година раководел Центарот за француски и Франкофонски студии на Универзитетот во Луизијана, каде во 1989 година бил прогласен за почесен професор. Како почесен професор во периодот 1994 - 2007 година предавал француска литература на Универзитетот во Њујорк.

Во јануари 2006 година од Жак Ширак било побарано да го преземе претседавањето на нов културен центар посветен на историјата на трговијата со робови[3]. Проектот не се реализирал бидејќи со изборот на Никола Саркози се создало Министерство за имиграција и национален идентитет, против која политика тој се спротивставувал. Во 2007 година со поддршка на Ил-де-Франс и Министерството за прекуморските територии бил основан „l'Institut du Tout-monde“ (Институт за целиот свет) за прашањата на културната глобализација.

Едуар Глисан починал на 3 февруари 2011 година во Париз. Погребан е на гробиштата во Мартиник. Во негова чест е именуван парк во Париз.

Дела

уреди

Романи

уреди
  • Река Лезарда, La Lézarde (1958) – награда „Ренодо
  • Le Quatrième Siècle (1964)
  • Malemort (1975)
  • La Case du commandeur (1981)
  • Mahogany (1987)
  • Tout-Monde (1995)
  • Sartorius: le roman des Batoutos (1999)
  • Ormerod (2003)

Пиеси

уреди
  • Monsieur Toussaint (1961)

Поезија

уреди
  • La Terre inquiète (1955)
  • Le Sel Noir (1960)
  • Les Indes, un champ d'îles, La Terre inquiète (1965)
  • L'Intention poétique (1969)
  • Boises; histoire naturelle d'une aridité (1979)
  • Le Sel noir; Le Sang rivé; Boises (1983)
  • Pays rêvé, pays réel (1985)
  • Fastes (1991)
  • Poèmes complets /Le Sang rivé; Un Champ d'îles; La Terre inquiète; Les Indes; Le Sel noir; Boises; Pays rêvé, pays réel; Fastes; Les Grands chaos/ (1994)
  • Le Monde incréé: Conte de ce que fut la Tragédie d'Askia; Parabole d'un Moulin de Martinique; La Folie Célat (2000)
  • La Terre le feu l’eau et les vents : une anthologie de la poésie du Tout-monde (2010)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Martinican poet Edouard Glissant dies at age 83", Associated Press. 3 February 2011.
  2. Celia Britton (13 February 2011). „Edouard Glissant (obituary)“. The Guardian.
  3. "Speech by M. Jacques Chirac, President of the Republic, at the reception in honour of the Slavery Remembrance Committee (excerpts)" Архивирано на 27 февруари 2014 г., French Embassy.

Надворешни врски

уреди