Евреи

народ и етнорелигиозна група
(Пренасочено од Еврејско)
СТАТИИ ПОВРЗАНИ СО
                
Јудаизам
Категорија
Движења
Ортодоксизам · Конзервативизам · Реформизам
Харедизам · Хасидизам · Современ Ортодоксизам
Реконструкционизам · Еврејска обнова
Рабинизам · Хуманистицизам · Караимизам · Самарјанство
Еврејска филозофија
Начела на верата · Кабала
Бог · Месија
Избраници · Холокауст
Етика · Мусаризам
Свети текстови
Тора · Танах · Талмуд · Мидраш · Тосефта
Рабинска литература · Кузари
Чумаш · Сидур · Пијут · Зохар
Право
Тур · Шулхан Арух · Мишна Берурах
Мишне Тора · Арух Хашулхан · Кашрут · Цниут
Цедака · Нида · Ноеви закони
Свети градови
Ерусалим · Сафед · Хеврон · Тиберијада
Свети места
Синагога · Бет мидраш · Микве · Сука
Хевра кадиша · Светиот Храм · Скинија
Важни личности
Аврам · Сара · Исак · Ребека
Јаков · Рахила · Леа · Мојсеј
Дебора · Соломон · Давид
Еврејска култура
Брит · Бар мицва и Бат мицва · Јешива · Брак
Нида · Пидјон Хабен · Смрт · Колел · Хедер
Религиски занимања
Рабин · Ребе · Посек
Хазан · Дајан · Рош јешива · Моел · Коен
Верски предмети
Талит · Тефилин · Кипа · Сефер Тора · Гартел
Цицит · Мезуза · Менора · Шофар · Кител
Четири врсти · Етрог · Лулав · Адас · Арава
Еврејски молитви и Обреди
Шема Јизраел · Амида · Алеину · Кол Нидре
Кадиш · Халел · Хавдала · Биркат амазон
Шехехејану · Таханун · Селихот
Јудаизмот и останатите религии
Христијанство · Ислам · Хиндуизам
Јудео-христијанизам · Аврамски религии
Јудео-паганство · Религиски плурализам
Поврзани теми
Антисемитизам · Критики · Ционизам
Исус · Израел · Евреи

Зборот Евреин се користи за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на еврејската религија, дете на еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со еврејската култура или народност.

Протерување на Евреите во Европа во периодот од 1100 до 1600 г.

Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на нација, која потекнува од античките Израелити и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Изразот „Евреин“ настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северното Кралство Израел и јужното Кралство Јудеја. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од Асирците) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.

Историја на Евреите и нивното населување на Балканот

уреди

Евреите се антички народ, создавачи на првата монотеистичка религија - јудаизмот. Нивната историска прататковина е Палестина. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во Библијата, а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава Израел. Откако Римјаните го задушиле еврејското востание во 66 година од н.е. и го уништиле Соломоновиот храм, Евреите се раселиле по целиот свет. Првите Евреи на Балканскиот Полустров биле наречени Ромањоти, затоа што дошле за времето на Римското Царство. Во средниот век, на Балканот пристигнале Ашкеназите - источноевропски Евреи, кои зборуваат германски јазик. Во 1492 година, на територијата на Отоманското Царство се населиле Сефардите, протерани од Шпанија.

Евреите на Балканот живееле помирно во споредба со Евреите во другите делови на Европа сè до средината на XX век, кога на нив бил извршен холокауст од страна на нацистите. Единствено Бугарија успеала да го спаси своето еврејско население. Сепак, бугарските власти во окупираните подрачја (Македонија и Тракија) учествувале во депортацијата на Евреите во германските концентрациони логори. Депортацијата на македонските Евреи била извршена во Скопје, во март 1943 година.

Евреите основале своја држава - Израел дури во 1948 година.

Евреите како мотив во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Плачот на Евреинот“ - песна на полскиот поет Станислав Гроховјак.[1]
  • „Птица-Евреин“ - расказ на американскиот писател Бернард Маламуд.[2]
  • „Црн, Евреин и сиромашен“ (Black, Jewish, and Poor) - песна на американската хард-кор група „Воид“ (Void) од 1981 година.[3]
  • „Изгледаш како Евреин“ (You Look Like a Jew) - песна на американската рок-група „Пуси Галор“ (Pussy Galore) од 1986 година.[4]
  • „Тини, кралот на Евреите“ (Tiny, King Of The Jews) - песна на американската рок-група „Биг Блек“ (Big Black) од 1987 година.[5]
  • „Еврејчето Шами“ - расказ од Владимир Костов издаден во склоп на збирката раскази „Патар“.

Наводи

уреди